Во Селото (Шлегово)
Во Селото — археолошко наоѓалиште во кратовското село Шлегово. Наоѓалиштето претставува населба од римското време. На северниот раб на селото, во нивата на еден жител биле откриени неколку капители, бази и колони, кои сопственикот на нивата ги однел дома и ги употребувал за изградба на сопствената куќа. Овде бил најден епиграфски споменик со грчки натпис од III век. По површината има фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Коленец — населба од доцноантичко време;
- Кула - Здравичиј Камен — градиште од доцноантичко време;
- Шлегово;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кратовско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија (PDF). II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 192. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзано со археологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |