Вражиград (Страцин)
Вражиград — археолошко наоѓалиште во кратовското село Страцин.
Наоѓалиштето претставува градиште од доцноантичко време.
Северно од маалото Тасинци, на висока чука со зарамнет врв кој зафаќа простор од 120 × 60 м се среќаваат остатоци од утврдена населба. Зачувани се темели од бедемот граден од камен и варов малтер. Во внатрешноста на тврдината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Видливи се и урнатини од неколку помали објекти. Еден питос се чува кај В. Константинов од Страцин.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Градиште- (Страцин) — градиште од железно време;
- Чука- (Страцин) — некропола-могила од римско време;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кратовско.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 186. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |