Коленец (Шлегово)
Коленец — археолошко наоѓалиште во кратовското село Шлегово. Наоѓалиштето претставува населба од доцноантичко време. На северниот раб на селото, во нивите што зафаќаат простор од 200 × 200 метра, се среќаваат парчиња од тегули и тули, а на места биле откривани темели од објекти. Биле откопани десетина питоси и неколку римски и византиски монти.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Кула — градиште од доцноантичко време;
- Во Селото — населба и некропола од римското време;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кратовско.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 192. ISBN 9989-649-28-6.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |