Реч

Координати: 41°47′05″N 20°38′11″E / 41.78472° СГШ; 20.63639° ИГД / 41.78472; 20.63639
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 14:46, 17 август 2020; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (→‎Наводи: Форматно средување на категорија, replaced: |*]] → | ]])
Реч
Реч во рамките на Македонија
Реч
Местоположба на Реч во Македонија
Реч на карта

Карта

Координати 41°47′05″N 20°38′11″E / 41.78472° СГШ; 20.63639° ИГД / 41.78472; 20.63639
Општина Гостивар
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 1.245 м
Реч на општинската карта

Атарот на Реч во рамките на општината
Реч на Ризницата

Реч — историско село во областа Река, северозападна Македонија, денес во атарот на с. Бродец, Општина Гостивар. Жителите биле Македоци-Шкрети од православна и исламска вероисповед, заведувани како „Албанци“.

Географија

Селото се наоѓало во областа Горна Река, во подножјето на Кораб по горното течение на Радика, меѓу остатоците на селата Штировица и Стрезимир.

Историја

Во XIX век Реч е заведено како мешано христијанско-муслиманско „албанско“ (впрочем македонско) село во Реканската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Реч се води како село со 30 домаќинства, чии жители се 93 православни „Албанци“.[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 150 жители „Арнаутихристијани и 140 „Арнаути“ муслимани.[3]

Според цариградскиот митрополит Поликарп Дебарски и Велешки во 1904 г. Реч имал 12 „српски“ куќи[4], иако ова несомнено е пропаганда. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Реч (Retch) се состоело од 72 „Албанци“.[5]

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 174-175.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 264.
  4. Записник на митрополитот Поликарп, 25 февруари 1904 г.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 184-185.