Нисија
Нисија Νησί | |
---|---|
Координати: 40°49.36′N 21°56.01′E / 40.82267° СГШ; 21.93350° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Воден |
Општ. единица | Воден |
Надм. вис. | 520 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 382 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Нисија (грчки: Νησί, Ниси) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 382 жители (2011) и до денес е целосно населено со Македонци.[2]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото е сместено околу 8 км северозападно од градот Воден, во подножјето на планината Кајмакчалан, на надморска височина од 520 м.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век Нисија било чисто македонско село во Воденската каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович во „Очерк путешествия по Европейской Турции“ го опишува Владово како македонско село.[3][4] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ стои дека во 1873 г. во Нисија (Nissia) било село во Воденската каза со 45 куќи и вкупно 243 жители Македонци.[5][6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в селото живееле 340 жители Македонци христијани.[5][7] Според Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија,[8] Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Нисија (Nissia) има 368 Македонци[5] под егзархијата.[9]
Со Букурешкиот договор во 1913 г. Нисија влегува во состав на грчката држава, кога имало 353 жители. Во патописниот попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ забележал 60 македонски куќи.[2]
Во Втората светска војна Нисија е окупирана од Бугарите и воспоставена е општинска власт. Кај селото воденската чета на бугарската паравоена организација „Охрана“ разбила андартска чета, заробувајќи и погубувајќи го нејзиниот водач, полковникот Куцоќорис.[10]
Селото прилично настрадало во Граѓанската војна[2] и затоаповеќе семејства пребегале во Р Македонија.
Население
[уреди | уреди извор]Денес населението на Нисија останува целосно македонско и непроменето.[2]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 607 | 533 | 656 | 510 | 508 | 587 | 415 | 382 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Нисија, во кој тоа е единствено населено место.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Главни производи на населението се жито, арпаџик и овошје (јаболка и цреши).[2]
Дел од најплодната земја во полето била неповратно изгубена и населението уште повеќе осиромашено со изградбата на вештачкото Владовско Езеро во 1956 г.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- „Рождество на Пресвета Богородица“ од 1741 г.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 52.
- ↑ наречено „бугарско“, под влијание на бугарската политика.
- ↑ Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.92.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.156-157.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.149.
- ↑ Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр.126.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191.
- ↑ Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
|