Феликс Менделсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Менделсон)
Прејди на: содржини, барај
Портрет на Менделсон од 1839 г.

Јакоб Лудвиг Феликс Менделсон Бартолди (германски: Jakob Ludwig Felix Mendelssohn Bartholdy; 3 февруари 1809 - 4 ноември 1847) — истакнат германски композитор, пијанист и диригент од времето на романтизмот. Тој е истакнат претставник на епохата на роматизмот, но во неговото дело сепак е нагласено чувството за класична форма. Има голема заслуга за запознавањето и оживувањето на делото на Јохан Себастијан Бах. Со успех твореше во сите подрачја на музичкото творештво, освен во операта. Меѓу неговите најдобри музички дела спаѓаат „Виолински концерт во е-мол“ и увертирата на „Сонот на летната ноќ“.

Роден е 1809 во Хамбург во богато еврејско семејство коешто го бележи прочуениот филозоф Мозес Менделсон. За разлика од некои композ.тој не морал да се бори со родителите за своето главно занимање бидејќи родителите на Менделсон се грижеле за неговиот муз. развој кога го виделе неговиот талент. По преселувањето во Берлин, тој учи каj прочуени педагози, кај пијанистот Бергер , композ. Целтер, а слушал и на филозофски факултет. Тој бил во директна врска со многу истакнати личности, претставници на уметноста и науката кои биле чести гости во домот на Менделсон. Неговиот композ. талент созрева рано, т.ш со 17 години ја пишува предиграта-Сонот на летната ноќ според драмата на Шекспир, а год. подоцна и единствената опера-Свадбата на Гамачо веќе во младешките год. Менделсон стекнува голема љубов и почитување кон делата на Бах. Проучувајќи ги делата на Бах, Менделсон ја увидел сета негова величина и значење што биле директна причина да предизвика епохален потфат 100 после изведбата на Бах.-Пасија по Матеја да биде повторно изведена во Берлин под диригентство на Менделсон . Тој датум е почеток на Баховта ренесанса со кое името Бах повторно станува врвна култура оставена на човештвото. Истата год. Менделсон оди во Лондон каде доживува успех како диригент на некои свои творби. После престојот во Шкотскаја создава прочуената Шкотска симфонија, а потоа оди во Италија и Франција. Во Италија се запознава со Берлиоз, а медитеранското поднебје го инспирира да ја напиши прочуената Италијанска симф. 1835 Менделсон заминува во Лајпциг каде го добива местото на градски диригент во местото Гевант Хаус. Тој го издигнува муз. животна Лајпциг на врвно ниво, а 1843 г. го основа и Лајпцишкиот конзерваториум — прва установа од овој вид во Германија.

Во меѓувреме неговото здравје се нарушува, а непрекинатата работа целосно го исцрпува неговиот организам. Смртта на сестра му и татко му го забрзува неговиот крај, умира 1847 г. на 39 год. Како композ. Менделсон е изразит лиричар тоа типично романтична црта го поврзува во голема мера со Шуман. Сепак Менделсон се одликува со сопствни индивидуални односи, посебно во планот на мелодиката и односот на музичката форма. Кај него интелектот секогаш бил регулатор на муз. содржина која се движела во границите на прегледноста и формалната унапредност. Поради тоа не треба да не чудатзборовите на Менделсон за Хектор Берлиоз дека после прелистувањето на партитурите на Берлиоз, треба секогаш да сеизмијат рацете.Во разузданиот романтичарски период на Берлиоз, Менделсон гледал само неугледост, недостаток за смисла на симетрија, јаснотија и елеганција.Како и сите романтичари и Менделсон многу му посветува внимание на пијаното и дава огромно значење за него. И кај него минијатурите за пијано имаат значајна улога, а посебно 8-те книги т.н -Песни без зборови-(48 клавирски минијатури). Неговата лирика целосно се искажува во овие програмски дела кои претставуваат своевидни слики муз. оформени на оригинален начин. Од виртуозните дела за пијано најзначајни се:”Сериозните варијации “ оп.54, “рондо капричозо” оп.14. А, на полето на концертната муз.тоа се двата концерти за пијано и оркестар. Сепак на планот на концертната муз. најповеќе се издвојува генијалниот концерт за виолина и оркестар оп.64, еден од најуспешните дела. Во ова дело се здружени големата мелодиска инвенција, довршеноста на темата и големиот степен на виртуозитет. Од оркестарски дела најзначајни се увертирите и симфониите. Од увертирите:”Хебриди”, “Сон на летната ноќ”, а од симфониите се III во a-мол Шкотска симфонија и IV A-dur “Италијанска симфонија”. Менделсон се искажал во голема мера и на планот на вокал. муз.Пишувал соло песни, помали вокални ансамбли и хорска муз. Најуспешните дела во вокалниот род Менделсон ги дава на планот на ораториумот , форма коа привлекла бр. романтичарски композ.Интересен е фактот дека сл. Како и Хендл и Хајдн и Менделсон ги пишувал ораториуми за лондон и неговиот најпрочуен ораториум е Елијас, бил прв пат изведен во 1846 г. во Бирминген под диригентство на авторот. И покрај влијанието од Бах - ораториум М. Дава и сопствен придонес во развојот на оваа форма преку типичните за него лирско романс. музички уфрлувања на либретата за ораториумот. Од сето реченојасно се гледа огромната улога на Менделсон во муз. живот на Германија и Европа од првата половина на XVIIIвек. Сите заслуги како композитир и диригент и творец на Баховата преродба како и основа на Лајпциг конзерваториумот му обезбедуваат трајно место во муз. историја.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]