Лаген

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Лагино)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лаген
Τριανταφυλλιά
Лаген is located in Грција
Лаген
Лаген
Местоположба во областа
Лаген is located in Лерин (општина)
Лаген
Местоположба на Лаген во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°41.51′N 21°23.53′E / 40.69183° СГШ; 21.39217° ИГД / 40.69183; 21.39217Координати: 40°41.51′N 21°23.53′E / 40.69183° СГШ; 21.39217° ИГД / 40.69183; 21.39217
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаЛерин
Општ. единицаКучковени
Надм. вис.&100000000000011400000001.140 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно64
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Лаген или Лагино (грчки: Τριανταφυλλιά, Тријандафилија; до 1927 г. Λάγενη, Лагени[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 64 жители (2011) — сите Македонци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено на 12 км југозападно од Кучковени и на 13 км јужно од Лерин, во пазувите на Нередска Планина.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ за 1873 г. Лаген е наведен двапати — еднаш како Лајени (Layéni), село во Леринската каза со 80 домаќинства и 200 жители Македонци, а вторпат како Лаген (Laguene), село во Костурската каза со 30 домаќинства и 110 жители Македонци.[4][5] Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-те години Лагени имало црква и население од 200 жители христијани.[6]

На почетокот на XX век Лаген било чисто македонско село во Леринската каза. Имало околу 115-120 куќи со вкупно население од 450 лица.[7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 520 жители Македонци христијани.[4][8]

Според цариградскиот деец Христо Силјанов след Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија,[9] но по податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) ов 1905 г. во Лаген (Laghen) имало 504 Македонци под Цариградската патријаршија.[4][10]

Во 1905 г. селото настрадало од андартски напади.[11]

Во периодот меѓу 1900 и 1935 г. селото постепено е префрлено на ново место поради неповолната клима.[12]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година се избројани 742 жители, од кои 182 живееле во одделната населба Лагенски Колиби кои жителите ги користеле при обработка на нивните оддалечени имоти, иако набргу местото е укинато како посебно село.[3] Според Боривое Милоевиќ селото имало 100 македонски куќи, а во 1920 г. имало 446 жители, македонски христијани.[13] По 1924 г. 30 семејства се иселиле во прекуокеанските земји, а неколку во Бугарија.[3][14] Затоа, селото бележело извесен пад место да расте — во 1928 г. имало 492, а во 1940 г. броело 468 жители.[3]

Според грчка државна статистика от 1945 г. Лаген имал 450 жители, сите „словенојазични“. Од нив 350 биле со негрчка свест, 50 биле неутврдени и 50 наводно со грчка (што е мошне сомнително).[15]

Во март 1946 г. судот во Лерин осуѕдил 50 лица од Лаген за учество во бугарската паравоена организација „Охрана“.[16] Како последица од Граѓанската војна 30 поединци и едно семејство пребегнале во Р. Македонија, а по војната настапил голем бран на иселување во прекуокеанските земји, така што денес во селото се останати стари лица и малку жени и деца.[3]

Настани[уреди | уреди извор]

Селото ги празнува Атанасовден на 2 мај и Петковден на 26 јули.[17]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 468 210 188 95 81 101 83 64
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението претежно живее од парите кои ги добива од блиските во странство, како и мали приходи од слабите земјоделски приноси.[3]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Лаген
Починати во Лаген

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λάγενη - Τριανταφυλλέα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 159. 
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 84-85 и 110-111.
  6. Νικόλαος Σχινάς, Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας / Συνταχθείσαι υπό Νικολάου Θ. Σχινά ταγματάρχου του μηχανικού, Αθήναι, τόμοι 3, 1886-87. Наведено во: Δημήτρης Λιθοξόου. Η περιοχή Φλώρινας (Λέριν) / Florina (Lerin) γεωγραφία της ιστορίας
  7. Giamov, Yana (2013). Beyond the Mountains. The life story of two partisans Vasil and Elena Radis. стр. 104. http://www.pollitecon.com/html/ebooks/Beyond-The-Mountains.pdf. посет. 24 декември 2015 г. 
  8. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249.
  9. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр.125.
  10. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
  11. Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, МНИ, София, 1996, стр. 64.
  12. Официален сайт на бившия дем Кучковени
  13. Милојевић, Боривоје. Јужна Македонја - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Η περιοχή Φλώρινας (Λέριν) / Florina (Lerin) γεωγραφία της ιστορίας
  14. Μιχαηλίδης, Ιάκωβος. Σλαβόφωνοι μετανάστες και πρόσφυγες από τη Μακεδονία και τη Δυτική Θράκη (1912 – 1930), διδακτορική διατριβή, Θεσσαλονίκη 1996. Наведено во: Δημήτρης Λιθοξόου. Η περιοχή Φλώρινας (Λέριν) / Florina (Lerin) γεωγραφία της ιστορίας
  15. Δημήτρης Λιθοξόου. Η περιοχή Φλώρινας (Λέριν) / Florina (Lerin) γεωγραφία της ιστορίας
  16. Добрин Мичев. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  17. Портал на поранешната Општина Кучковени (грчки)
  18. Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009