Прејди на содржината

Кримичау

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кримичау
Маниксвалде, дел од Кримичау
Маниксвалде, дел од Кримичау
Маниксвалде, дел од Кримичау
Грб на Кримичау
Кримичау во рамките на Германија
Кримичау
Управа
Земја Германија
ПокраинаСаксонија
ОкругЦвикау
Градски единици13
ГрадоначалникХолм Гинтер
Основни податоци
Површина61 км2
Надм. височина273 м
Население 18.567 (31 декември 2022)[1]
 - Густина304 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.Z
Пошт. бр.08451
Повик. бр.03762
Порталwww.crimmitschau.de
Местоположба на градот Кримичау во рамките на округот Цвикау
Карта
Карта
Координати50°49′5″N 12°23′15″E / 50.81806°N 12.38750°E / 50.81806; 12.38750

Кримичау (германски: Crimmitschau) — град во округот Цвикау, во сојузната покраина Саксонија, Германија.

Географија

[уреди | уреди извор]

Кримичау се наоѓа на реката Плајсе на северните падини на Рудните Планини.

Соседни општини

[уреди | уреди извор]

Соседни градови и општини се: Цвикау, Денхериц, Нојкирхен, Меране и Лангенбернсдорф во округот Цвикау; Хајерсдорф, Јонасвалде, Пониц и Тонхаузен во Тирингија, во округот Алтенбургер Ланд; како и Брауниксвалде, Рикерсдорф и Зелингштет во Тирингија, во округот Грајц.

Градски единици

[уреди | уреди извор]

Делови на Кримичау се Руделсвалде, Лауенхајн, Лангенрајнсдорф, Маниксвалде, Франкенхаузен, Вален, Гезау, Гозел, Габленц, Бланкенхајн, Гроспилингсдорф и Хартау.

Историја

[уреди | уреди извор]

Со проширувањето на Германите на исток, градот Кримичау и замокот со истото име (сега наречен Швајнсбург) биле основани околу 1170 година до 1200 година, како организирана германска колонија. Постоењето на населбата е првпат документирано во 1212 година. Во 1414 година, Кримичау ги добил градските права од грофот Вилхелм Втори.

На 15 март 1844 година, Кримичау бил поврзан на германската железничка мрежа (на саксонско-баварската железница, која подоцна била проширена до Баварија).

Кон крајот на векот, Кримичау биле седиште на текстилната индустрија и бил наречен „Градот на 100. оџаци“ (Stadt der 100 Schornsteine).

Од 22 август 1903 година до 18 јануари 1904 година бил место на еден од најголемите и најдолгите штрајкови во Германското Царство, кој се проширил низ целата држава.

Во 1944 година, некои делови на Кримичау биле бомбардирани од сојузничките сили.

Кон крајот на 1980-тите, голем дел од старите градски градби биле срушени и биле заменети со бетонски еднолични градби. Слични планови постоеле и за јужните предградија, но биле оставени за подоцна, кои на крајот не ни стигнале да се реализираат.

Население

[уреди | уреди извор]
Население на Кримичау
Година Население
18343.767
187517.649
188018.925
189019.300
193327.938
193927.247
194630.504
195034.541
196031.279
198126.229
198425.086
Година Население
199523.888
199723.420
199923.570
200023.305
200222.874
200422.528
200621.953
200821.080
200920.833
201020.901

Меѓународни односи

[уреди | уреди извор]

Кримичау е збратимен со следниве градови:

  • Западносаксонски текстилен музеј, кој се наоѓа во целосно употреблица текстилна фабрика, порано позната како „Gebrüder Pfau KG
  • Земјоделски и отворен музеј во замокот Бланкенхајн
Замок Бланкенхајн

Знаменитости се градското собрание, готската парохиска црква Свети Ларент (1513), поранешниот цистерцијански манастир (основан околу 1290) во градската единица Франкенхаузен и отворениот музеј во замокот Бланкенхајн со истото име.

  • Цефелпарк (Zöffelpark), кој е изграден пред војната и е именуван по Емил Оскар Цефел, важен текстилен производител и филантропист.
  • Бизмарк-Хајн, поранешни гробишта, именувани по царскиот канцелар Ото фон Бизмарк. Овој парк бил познат како Мировен парк (Friedenspark) во текот на Источна Германија.
  • Занпарк (Sahnpark), кој се наоѓа северно од градот, е најголемиот парк во Кримичау и содржи отворена бања, парк за животни и стадионот на ETC Кримичау.

Кримичау е добро познат по неговиот клуб за хокеј на мраз, ЕТК Кримичау, кој се натпреварува во втората германска лига. Градот исто така има и фудбалски клуб, ФК Кримичау и клуб за американски фудбал, Торнадос Кримичау.

  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]