Клисура (Демиркаписко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Клисура (село))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За селото во Костурско, погл. Клисура (Костурско).
Клисура
Клисура is located in Македонија
Клисура
Местоположба на Клисура во Македонија
Координати 41°23′00″N 22°17′30″E / 41.38333° СГШ; 22.29167° ИГД / 41.38333; 22.29167Координати: 41°23′00″N 22°17′30″E / 41.38333° СГШ; 22.29167° ИГД / 41.38333; 22.29167
Општина Општина Демир Капија
Население 3 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 789 м
Клисура на општинската карта
Клисура во Општина Демир Капија.svg

Атарот на Клисура во рамките на општината

Клисура е село во Општина Демир Капија, во околината на градот Демир Капија.



Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Клисура е село во Тиквеш. Од Демир Капија е одалечено 7 км, Кавадарци 37 км, а и од Неготино 27 км.

Историja[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К'нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Клисура имало 360 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Клисура имало 480 Македонци, егзархисти.[2]

Според пописот од 2002 година селото имало само 3 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 360[1] 480[2] 665 575 384 27 6 0 0 3

Родови[уреди | уреди извор]

Клисура е македонско село.

Родови во селото се: Васковци (3 к.), Грнгевци (10 к.), Пејовци (3 к.), Рујковци (6 к.), Павлевци (8 к.), Паламидовци (2 к.), Брајевци (4 к.), Балтевци (3 к.), Атјевци и Сусевци-Орешковци (4 к.), Говедаровци (3 к.) и Индријовци (6 к.) староседелски родови, кои живееле во старото село; Јанчевци (6 к.) и Митковци (7 к.) порано биле еден род, дедовците им се доселиле од селото Ошени, Костурско; Бежановци (2 к.) доселени се од арнаутлук; Кузмановци (3 к.) доселени се од Охридско; Оризарци (5 к.) дедо Трајко и брат му Коле се доселиле од селото Миравци, Гевгелиско во првата половина на 19-ти век; Тренчовци (1 к.) доселени се исто така од Миравци во средината на 19-ти век; Назланини (1 к.) доселени се од Градец; Биновци (1 к.), таткото на Ристо, Митре, дошол како домазет во изумрените Штрокевци од селото Радња околу 1885 година. А таму се доселиле на почетокот од 19ти век од Мариово; Милошовци (3 к.) дошле синовите на Нојко како домазетовци, Ѓоргија како домазет во изумрените Велковци, а Петре како домазет во Ајтовци, доселени се од селото Дрен, а Нојко таму се доселил од Копришница, дедо-Милош води потекло од родот Андовци од селото Горна Драчевица од каде избегал околу 1840 година; Ѓаовци (1 к.) доселени се во 1893 година од Неготино; Ѓоревци (2 к.) доселени се од Бања околу 1895 година; Доровци (1 к.) доселени се од Горни Дисан во 1921 година, а таму се доселени од селото Зборско во 1916 година.[5]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 155.
  2. 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.104-105.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец. стр. 278-279-280-281-282.