Касандра (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија

:За други значења погледни Касандра (појаснување)

Касандра

Касандра (старогрчки: Κασσάνδρα) — лик од старогрчката митологија, најубавата ќерка на тројанскиот крал Пријам и неговата сопруга Хекуба.[1]

Митологија[уреди | уреди извор]

Митот за Касандра се јавува во повеќе варијанти: според една, близнаците Касандра и Хелен си играле во храмот на Аполон за време на прославата на својот роденден при што заспале. Кога дошла мајка им, ги затекнала светите змии од храмот како им ги лижат ушите на децата. Така, тие стекнале пророчка дарба и го разбирале говорот на птиците и, воопшто, божествените гласови на природата. Според втората варијанта, како голема девојка, Касандра заспала во храмот, а во сонот ѝ се јавил Аполон, кој ѝ ветил пророчка дарба ако му се подаде. Најпрвин, Касандра се согласила, но потоа се премислила, а тогаш Аполон ја замолил барем да ја бакне. Таа се согласила и тој ѝ плукнал во устата, осудувајќи ја да ја зборува вистината, но никој да не верува во нејзините пророштва. Подоцна, кога кралот Пријам испратил пратеници во Грција со барање Теламон да ја врати грабнатата Хесиона, а тој со презир го одбил барањето, Касандра веќе тогаш ја претскажала пропаста на Троја, но Пријам наредил да ја затворат во тврдината. Потоа, кога Парис ја грабнал Елена, таа повторно ја претскажала катастрофата, но ниту тогаш никој не ѝ поверувал, а Пријам ја прогласил за луда и наредил да ја затворат. По пропаста на Троја, Касандра побегнала во храмот на Атина Палада и го гушнала кипот на божицата. Оттаму, Ајант Помалиот ја грабнал и заедно со кипот ја однел во грчкиот логор каде Одисеј разгласил дека Ајант ја силувал Касандра во храмот. При поделбата на воениот плен, таа му припаднала на Агамемнон, кој ја однел во Микена. таму, Касандра била убиена од сопругата на Агемемнон, Клитемнестра.[2] По пропаста на Троја, на патот кон Грција, Касандра родила син (по друга верзија, близнаците Теледам и Пелопс) кој Агамемнон го признал како свој. По една верзија, Касандра, која го предвидела убиството на Агамемнон, со синот пребегала во Колхида, градот на нејзината тетка.

Касандра како мотив во уметноста[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Хиган, Митови. Скопје: Три, 2016, стр. 70.
  2. „Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 166-167.
  3. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 104-105.
  4. Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987.
  5. Discogs, The Cassandra Complex (пристапено на 12 август 2021)