Горно Врановци

Координати: 41°40′52″N 21°33′24″E / 41.68111° СГШ; 21.55667° ИГД / 41.68111; 21.55667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 00:05, 13 октомври 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (→‎Избирачко место: Јазична исправка, replaced: Изборно место → Избирачко место, изборно место → избирачко место, изборното место → избирач)
Горно Врановци
Горно Врановци во рамките на Македонија
Горно Врановци
Местоположба на Горно Врановци во Македонија
Горно Врановци на карта

Карта

Координати 41°40′52″N 21°33′24″E / 41.68111° СГШ; 21.55667° ИГД / 41.68111; 21.55667
Регион Предлошка:Грбови
Општина Чашка
Население 199 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 29016
Надм. вис. 679 м
Горно Врановци на општинската карта

Атарот на Горно Врановци во рамките на општината
Горно Врановци на Ризницата

Горно Врановци — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Гроот, во полите на Јакупица, во средното сливно подрачје на реката Тополка, од нејзината десна страна. Населбата од градот Велес е оддалечена 29 километри.

Историја

Од крајот на XVIII век во ова село почнале да се населуваат муслимани од мијачките-торбешки села кај Радика. Некои заостанати христијани го примиле исламот и така се создало селото Горно Врановци. Македонските муслимани од ова село почнале да се иселуваат со пропаѓањето на Османлиското Царство. А најголемото иселување на жителите од ова село било во 50-тите на 20 век. Тие заминале за Турција. А на нивно место се доселиле Албанци од Косово.

На 29 октомври во Горно Врановци е објавен првиот број на весникот „Нова Македонија“, каде што се наоѓа и првата печатница во ослободената Македонија, денес претворена во музеј. Весникот кој сè на сè имал точно 8 страници излегол во мал тираж, бил дистрибуиран до бригади, штабови и многу здруженија и претставувал прв официјален документ испечатен на кодифициран македонски јазик.

Економија

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Врановци живееле 1.900 жители, сите Македонци муслимани.[2]

Според пописот од 2002 година селото има 199 жители, од кои 189 Албанци, 9 Турци и 1 Македонец.[3]

На табелата е претставен бројот на движењето на населението во следните пописни години:[4]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 1.900[2] 3 354 3 847 738 177 184 221 199

Во пописите од 1948 и 1953 година, Горно Врановци е најголемото село по број на жители во Република Македонија, а поголемо и од неколку помали градови во тој период како Крива Паланка, Неготино, Виница, Кратово и други. Во средината на 50-тите години селото значително се празни, бидејќи голем дел од населението се иселува во Измир, Турција, така што во следната пописна 1961 година, регистрирани се само 738 жители, или 3 109 жители помалку од минатиот попис. До пред доселувањето на Албанците, во селото живееле Македонци муслимани, кои биле доселени од селата во Долна Река.

Родови

Горно Врановци денес е албанско село, но некогаш било торбешко (македонско муслиманско) село.

Според истражувањата од 1966 година, родови во селото:

Албански

Торбешки

Во селото во 1966 година имало останато само 10 торбешки семејства, но тие требало во секое време да се иселат во Турција. Некои од торбешките родови кои живееле во селото се викале, Аџи-Ќосеви, Селимовци, Шабановци, Елезовци, Капушовци, Арслановци, Мемедовци и др.[5]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2230 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 282 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитости =

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Ова село броело некогаш 800 торбешки (македонски муслимански) семејства. Но нивното иселување во Турција било толку силно што денес се целосно иселени од селото. Околу 790 торбешки семејства од ова село се имаат иселено во Турција. Најголемиот број во Измир. Само мал дел од нив се иселени во Велес, Штип и Радовиш.[5]

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 157.
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  5. 5,0 5,1 . Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  6. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  7. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски