Генерален секретаријат на Владата на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Генерален секретаријат на
Владата на Република Македонија
Coat of arms of North Macedonia.svg
Податоци за органот
Основан 2000
Надлежност Влада на РМ
Седиште Скопје
Вработени 299[1] (2016)
Раководител секретаријат Драги Рашковски[2]
(Генерален секретар)
Мрежно место
Официјална страница

Генералниот секретаријат на Владата е стручна служба на Владата на Република Македонија која обезбедува

логистичка – стручна поддршка на Владата во целина, на Претседателот на Владата, неговите заменици и министрите, а со цел за законито, ефикасно и транспарентно работење на Владата.[3]. Основан е во 2000 г. со Законот за Владата на Република Македонија[4] На негово чело стои генерален секретар, потпомогнат од заменик.

Сектори[уреди | уреди извор]

Организациската структура на секретаријатот е составена од девет сектори и едно самостојно одделение[5]. Секое од нив се занимава со извесен аспект од работењето на секретаријатот.

  • Сектор за стратегија, планирање и следење, во чиј состав влегуваат Одделението за стратешко планирање и следење на спроведувањето на стратешките приоритети и Одделението за подготовка и следење на спроведувањето на годишната програма за работа на Владата.
  • Сектор за анализа на политиките и координација, кој се состои од Одделение за анализа на политиките и координација во областа на политичкиот систем, економскиот систем и тековна економска политика и за човечките ресурси и одржливиот развој, Одделение за посебни комисии, Одделение за реформа на јавната администрација и Одделение за соработка со невладините организации.
  • Сектор за организациони работи поврзани со работата на Владата, поделен на Одделение за организирање седници на Владата, Одделение за заклучоци и записник на Владата, Одделение за соработка со Собранието на Република Македонија и со Претседателот на Република Македонија и Одделение за логистичка поддршка на Генералниот колегиум на државни секретари.
  • Сектор за економски политики и регулаторни реформи, во чиј состав влегуваат Одделението за економски политики и Одделението за регулаторна реформа.
  • Сектор за кадровски работи, човечки ресурси и други стручни работи, составен од Одделение за кадровски работи, Одделение за човечки ресурси, Одделение за стручна и оперативна поддршка на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Одделение за стручна и оперативна поддршка на заменикот на претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Одделение за стручна и оперативна поддршка на министерот без ресор, Одделение за стручна и оперативна поддршка на генералниот секретар на Владата, Одделение за стручни работи, архивско и канцелариско работење и Одделение за претставки и предлози.
  • Сектор за односи со јавноста, поделен на Одделение за односи со медиумите и организирање прес-конференции, Одделение за медиумско следење, анализа и истражување, Одделение за интернет комуникација и комуникација со странски медиуми
  • Сектор за информатичка технологија, сочинет од Одделение за организација, планирање, проектирање и развој, Одделение за информатичка инфраструктура и експлоатација, Одделение за Веб и Мултимедија
  • Сектор за општи работи, кој се состои од Одделението за општи и правни работи и Одделението за стручни и административно–технички работи
  • Сектор за финансиски прашања, каде влегуваат Одделението за буџетска координација, Одделението за буџетска контрола, Одделението за сметководство и плаќања и Одделението за јавни набавки.
  • Одделение за внатрешна ревизија

Генерален секретар[уреди | уреди извор]

Со Генералниот секретаријат раководи Генерален секретар на Владата кого го именува и разрешува Владата и му именува заменик и во однос на него ги има правата и должностите на функционер кој раководи со орган на државната управа. Функцијата моментално ја извршува Драги Рашковски[6]. Генералниот секретар ги има следниве надлежности[7]:

  • раководи со Генералниот секретаријат како стручна служба на Владата и во однос на него ги има правата и должностите на функционер кој раководи со орган на државната управа;
  • обезбедува законита и ефикасна работа на Генералниот секретаријат и донесува стручни упатства и акти со кои ја уредува организацијата и начинот на работа и во согласност со закон одлучува за правата, должностите и одговорностите на вработените во Генералниот секретаријат;
  • остварува соработка со Канцеларијата на Претседателот на Владата во рамките на своите надлежности;
  • соработува со министерствата и со другите органи на државната управа, особено по прашањата на стратешките приоритети и анализа на политиките;
  • остварува соработка со државните секретари во врска со доставување на материјалите на Владата и спроведување на заклучоците на Владата;
  • во согласност со упатствата на Претседателот на Владата ги врши работите во врска со подготвувањето и организирањето на седниците на Владата;
  • учествува во работата на седниците на Владата без право на одлучување и се грижи за процедуралните прашања во текот на седницата на Владата;
  • се грижи и обезбедува услови за работа на работните тела на Владата;
  • ги доставува заклучоците на Владата до надлежните министерства;
  • се грижи за објавување на актите на Владата во „Службен весник на Република Македонија”;
  • го организира подготвувањето на Годишната програма за работа на Владата;
  • се грижи за извршување на обврските на Владата кон Собранието на Република Македонија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]