Фонд за здравствено осигурување на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фонд за здравствено осигурување на Република Македонија
FZOM logo.jpg
Лого на фондот
Податоци за органот
Основан 17 октомври 2000[1][2]
Надлежност Влада на РМ
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 847[3] (2015)
Годишен буџет 26,947 милијарди MKD[4] (2016)
Раководители Ден Дончев
Орхан Рамадани
Матичен орган Министерство за здравство
Мрежно место
fzo.org.mk

Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија (ФЗОМ) е македонска институција која ја врши функцијата како единствена осигурителна организација во која се спроведува задолжителното здравствено осигурување врз начелата на заемност солидарност, за целата територија на Република Македонија.[5][6] Сегашни директори на фондот се Сашо Стефановски и Орхан Рамадани.[7]

Фондот е основан на 17 октомври 2000 година кога Собранието на Република Македонија донесе одлука со која се именувани членови на Управниот одбор на ФЗО.[8]

Надлежности[уреди | уреди извор]

Фондот ги има следните надлежности:

  • ги спроведува прописите и политика на развојот и унапредувањето на здравствената заштита во врска со задолжителното здравствено осигурување;

со општи акти ги уредува прашањата за кои е овластен со овој закон;

  • планира и прибира средства од задолжителното здравствено осигурување;
  • обезбедува остварување на права од задолжителното здравствено осигурување на осигурените лица, се грижи за законито остварување на нивните права и им пружа стручна помош при остварувањата на нивните права и интереси;
  • ги плаќа здравствените услуги за осигурените лица на здравствените установи кои ги обезбедуваат здравствените услуги;
  • ги плаќа надоместоците на плати и други парични надоместоци;
  • ги утврдува цените на здравствените услуги од задолжителното здравствено осигурување, на кои министерот за здравство дава согласност;
  • ги утврдува референтните цени за лековите, медицинските помагала, опремата, протезите, ортопедски и други помагала и потрошните материјали кои се користат во здравствената заштита на осигурените лица што Фондот ги надоместува, на кој министерот за здравство дава согласност;
  • договара обезбедување на здравствени услуги на осигурените лица со здравствените установи, според нормативи и стандарди базирани врз усвоена медицинска доктрина за ефикасна и рационална здравствена заштита;
  • развива сопствен информативен систем со потребни податоци за задолжителното здравствено осигурување;
  • ги спроведува меѓународните договори во делот на задолжителното здравствено осигурување;
  • врши увид и контрола на договорениот обем и вид на обезбедени здравствени услуги на осигурените лица во здравствњените установи;
  • презема мерки за ефикасно, ефективно и економично користење на средствата од задолжителното здравствено осигурување;
  • одлучува за правата од задолжителното здравствено осигурување во прв степен и
  • врши и други работи во врска со правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување.

Управување[уреди | уреди извор]

Управен одбор[уреди | уреди извор]

Со Фондот управува Управен одбор. Тој се состои од 7 члена кои ги именува Владата на Република Македонија за време од четири години и тоа:

Управниот одбор има претседател и заменик на претседателот од именуваните претставници од Министерството за здравство и Министерството за финансии кои наизменично по една година се менуваат во текот на мандатот.

За членови на Управниот одбор се предлагаат лица кои имаат високо образование и работно искуство од финансиското работење или од системот и организацијата на здравствената заштита и здравственото осигурување, при што да се води сметка за соодветната и правичната застапеност на граѓаните на сите заедници.

Директори[уреди | уреди извор]

Работоводниот орган на Фондот се состои од два директори, кои се подеднакво одговорни за работењето на Фондот и за обврските што се преземаат во правниот промет. Директорите на Фондот го именува Владата на Република Македонија, на предлог на министерот за здравство.

Подрачни служби[уреди | уреди извор]

Фондот има вкупно 30 подрачни служби, односно скоро во секој град во Македонија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]