Х.Е.Р.А.

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Х.Е.Р.А.
ТипГраѓанска асоцијација
СедиштеМакедонија Скопје, Македонија
ДејностЗдравство
Вработени?
Порталhera.org.mk

Х.Е.Р.А. е непрофитна организација формирана со слободно здружување на граѓаните, со цел остварување на основното човеково право на жените, мажите и младите да бидат информирани и да можат слободно да го остваруваат својот избор во однос на сексуалното и репродуктивното здравје, како и застапување за обезбедување на тоа право.

Мисија[уреди | уреди извор]

Најголем акцент се става на информирање, застапување, обезбедување на услуги или препраќање до услуги за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје, ХИВ/СИДА, инфекции пренесени преку сексуален и крвен пат, несакана бременост и избегнување на небезбеден абортус. Активностите се наменети за општата популација, со особено внимание кон младите, сиромашните и оние кои немаат пристап до услуги и не ги оставаруваат своите права.

Активности[уреди | уреди извор]

  • Програма за врсничка образование за ХИВ/СИДА и сексуално и репродуктивно здравје меѓу млади – обука на врснички едукатори и тренери како и организирање на пиер образовни активности (работилници, делење на кондоми и образовни материјали и организирање на младински забавни настани) помеѓу младите во рамки на и вон училишните активности како во урбаните така и во руралните подрачја низ републиката
  • Младински пиер образовен центар – организирање на работилници за врсничка образование за сексуално и репродуктивно здравје меѓу младите и адолесцентите во Скопје[1]
  • Зајакнување на капацитетите на локалните граѓанските организации на полето на ХИВ/СИДА превенцијата и сексуалното и репродуктивното здравје меѓу младите, сиромашните и ранливите групи
  • Обезбедување на техничка и менторска поддршка на младински граѓански организации кои работат на програми за врсничка образование
  • Национален Y-PEER тренинг за тренери во областа на ХИВ/СИДА превенцијата и сексуалното и репродуктивното здравје
  • Спроведување на терески превентивни/образовни активности меѓу ранливи и маргинализирани групи, вклучувајќи Роми, млади и адолесценти сместени во социјални установи, сексуални работнички, мажи кои имаат секс со мажи во координација и поддршка на партнер организации и институции од владиниот и невладиниот сектор
  • Учество во Мониторинг комисијата за евалуација на имплементирање на Националната стратегија за млади 2005 – 2015
  • Организирање на превентивни и социјални кампањи/настани за подигање на јавната свест во однос на ХИВ/СИДА превенцијата, сексуалното и репродуктивното здравје и човековите права
  • Развивање и дистрибуција на образовни материјали и публикации во полето на сексуалното и репродуктивно здравје
  • Младински центар за сексуално и репродуктивно здравје “Сакам да знам“ – обезбедување на доверливи и бесплатни здравствени и социјални услуги од областа на сексуалното и репродуктивното здравје (гинеколошки и дерматолошки советување и медицински услуги, тестирање и третман на СПИ, бесплатна орална контрацепција, спирали и кондоми, психо-сексуално советување, образовни работилници, образовни материјали, пиер едукации) за сите адолесценти и млади на возраст од 14 до 25 години, особено за сиромашните (вклучувајќи ги и Ромите) и ранливите групи во рамки на заедничка програма и соработка со ЈЗУ Здравствен дом – Скопје и Министерство за здравство
  • ХИВ/СИДА Советувалиште – обезбедува широк опсег на ХИВ/СИДА услуги, вклучувајќи пред и пост доверливо и доброволно советување и тестирање, советување и обезбедување на ХИВ/СИДА третман, палиативна и социјална грижа за луѓето кои живеаат со ХИВ/СИДА, бесплатни кондоми, образовни материјали и други превентивни советувања и услуги, во рамки на заедничка програма и соработка со Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби
  • Бесплатна СОС телефонска линија за превенција на ХИВ/СИДА и Полово преносливи инфекции
  • Теренско ХИВ/СИДА советување и тестирање меѓу ранливи групи и групи кои се со најголем ризик за ХИВ инфекција, вклучувајќи лица кои користат дроги, сексуални работнички, мажи кои имаат секс со мажи, млади, затвореници и Роми, во рамки на заедничка програма и соработка со релевантни граѓански здруженија и Институтот за јавно здравје
  • Спроведување на бихевијорални и социјални истражувања во доменот на сексуалното и репродуктивно здравје и права
  • Образовни работилници за превенција од семејно и родово насилство меѓу младите Роми

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]