Стоматолошка комора на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стоматолошка комора на Македонија
СКМ.jpg
Лого на СКМ.
КратенкаСКМ
Основана12.08.1945.
Типстручна организација (невладина)
Седиштеул. Алберт Ајнштајн бр. 7а
Место1000 Скопје, Р. Македонија
ПретседателДр.Сци Владо Ванковски
Мреж. местоhttp://www.stomatologija.org.mk/skm/

Стоматолошката комора на Македонија (СКМ) е независна, непартиска и непрофитна организација на докторите на стоматологија кои вршат професионална дејност, за заштита и унапредување на стручноста, етичките должности и права, подобрување на квалитетот на стоматолошката здравствена заштита, следење на односот на здравствените работници кон општеството и граѓаните, како и заради заштита на интересите на стоматолошката професија.

Комората ги застапува и заштитува интересите на сите доктори на стоматологија кои се нејзини членови и доброволно пристапиле во неа и се грижи за угледот и дисциплината во вршењето на стоматолошката професија, независно каде ја обавуваат својата дејност.


Активности на Комората[уреди | уреди извор]

Во остварувањето на своите цели, Комората ги врши следниве задачи:

  1. Води регистар на сите доктори на стоматологија што работат во стоматолошката здравствена дејност во Република Македонија кои се нејзини членови.
  2. Донесува акти - правилници за постапката на издавање, продолжување и одземање на лиценцата на членовите на Комората.
  3. Донесува Кодекс на стоматолошката деонтологија.
  4. Се грижи за почитување на етиката и правните норми при вршењето на стоматолошката пракса.
  5. Се грижи за придржување кон моралните принципи, чесноста и приврзаноста кон стоматолошката професија, за угледот на докторите на стоматологија, за дисциплината во извршувањето на стоматолошката професија и за чување на лекарската тајна.
  6. Се грижи за одбрана на честа и независноста на стоматолошката професија.
  7. Се грижи и го поттикнува постојаното стручно усовршување на своите членови, за која цел организира семинари, курсеви и други форми на усовршување.
  8. Учествува во склучување на договори со Фондот за здравствено осигурување и ги штити правата и интересите на докторите на стоматологија пред Фондот. Правото на склучување на договори со Фондот е подеднакво за сите доктори на стоматологија.
  9. Учествува во утврдувањето на вредноста на трудот на докторите на стоматологија и во донесувањето на основната цена на стоматолошките здравствени услуги.
  10. Дава мислења во подготвувањето на законите и прописите, планските документи и кадровски планови во областа на здравството во Македонија и соработува во утврдувањето стручни ставови за вршењето на стоматолошката лекарска пракса.
  11. На своите членови им дава правна помош во врска со вршењето на стоматолошката професија во рамките на задачите на Комората.
  12. Ги следи потребите на докторите на стоматологија и им помага во барањето вработување и соодветна замена за време на отсуство.
  13. Се бори против сите видови надрилекарства во Републиката и против нелегална стоматолошка дејност.

Организација на Комората[уреди | уреди извор]

Органи на Комората се: Собрание, Извршен одбор, претседател, два потпретседатели, Суд на честа и Надзорен одбор. Мандатот на членовите на Собранието и на органите на Комората трае 4 (четири) години, со можност за избор најмногу двапати едно подруго.

Комората е организирана во Регионални одбори на дел, една или повеќе општини во зависност од бројот на стоматолозите и едниствена Стручна служба.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]