Агенција за лекови и медицински средства на Република Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Агенција за лекови и медицински средства
Biro za lekovi logo.gif
Лого на бирото
Податоци за органот
Основан 16 септамври 2014
Надлежност Влада на РМ
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 32[1] (2016)
Раководител M-р фарм. Роберт Бекироски
Мрежно место
malmed.gov.mk

Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) е самостоен орган на државната управа кој ги врши управните и стручните работи во врска со лековите и медицинските средства во Република Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Претходникот на агенцијата, Бирото за лекови, е основано пред 2000 година врз основа на Законот за лекови. Бирото за лекови имало за цел ја следи состојбата со снабдувањето со лекови, помошни лекови средства, медицински помагала, опојни дроги и отрови како и производство и прометот со отрови и опојни дроги. Тоа функционирало како орган во состав на Министерството за здравство на Република Македонија и било под директна јурисдикција на Владата на Република Македонија. Агенцијата за лекови и медицински средства како самостоен орган на државната управа била основана на 16 септември 2014, исто така врз основа на Законот за лекови, а Бирото за лекови престанало да постои.

Задачи[уреди | уреди извор]

Задача на Бирото е да го следи пуштање во промет на лековите, помошните лековити средства, медицинските помагала опојните дроги и отрови и водење на постапката за регистрација. Подготвува законски и подзаконски акти, информации, анализи, извештаи и мислења за состојбите и појавите во снабдувањето со лековите, помошни лековити средства медицински помагала, опојни дроги и отрови. Подготвување и учество во програми и извештаи што се однесуваат на лековите, отровите, опојните дроги и лековитите супстанции; Соработка со меѓународни институции од областа на меѓународната контрола од опојни дроги, прекурсори и психотропни супстанци.


Учества[уреди | уреди извор]

Учествува во подготовка и издавање дозволи за вршење на дејност промет на мало, големо и производство на лекови, помошни лековити средства медицински помагала, опојни дроги и отров, како и подготвување дозволи за увоз и извоз на лекови, помошни лековити средства, медицински помагала, опојни дроги и отрови.

Сектори[уреди | уреди извор]

  • Сектор за лекови
  • Сектор за медицински помагала
  • Сектор за контролирани субстанци
  • Сектор за инспекциски надзор во областа на лековите и медицинските помагала


Види исто така[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2016 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни, 2017. конс. 2018-04-16. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]