Црвен крст на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Црвен Крст на Македонија)
Прејди на: содржини, барај
Црвен крст на Република Македонија

Лого на Организацијата
Кратенка ЦКРМ
Основана 17 март 1945
Тип хуманитарна организација (невладина)
Седиште бул. „Кочо Рацин“ бр. 13
Место 1000 Скопје, Р. Македонија
Претседател д-р Милчо Трајков
Буџет 56,3 млн ден. (2009)
Мреж. место ckrm.org.mk

Црвениот крст на Република Македонија е доброволна, масовна и независна хуманитарна организација на граѓаните на Република Македонија и дејствува и работи како невладина и непартиска организација и како единствена организација на територијата на Република Македонија.

Историјат[уреди]

Црвениот крст на РМ е формиран на 17 март 1945 година, а како самостојна невладина организација делува од 21 мај 1992 година. Црвен крст на РМ од Меѓународниот комитет на Црвениот крст е признат на 1 ноември 1995 година, а во Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина е примен во 27 ноември 1995 година како 169 членка.

Основни задачи[уреди]

Основни задачи на националната организација се:

  • Помош на Националните друштва во исполнување на програмските активности во случај на катастрофа,
  • Координација на активностите помеѓу Националните друштва, и
  • Координација на активностите со меѓународните организации.

Работата и ексклузивноста на Црвениот крст на Македонија е регулирана со Закон објавен во „Службен весник на Р.М.” број 41/94 од 5 август 1994 год.

Организација[уреди]

Лого на Црвениот крст на Град Скопје

Според Статутот, Црвениот крст на Република Македонија е организиран на:

  • Државно ниво
  • Општинско ниво
  • На ниво на Град Скопје
  • Основно ниво

Раководната структура ја сочинуваат:

  • Собрание
  • Претседател
  • Потпретседател
  • Извршен одбор
  • Финансиска комисија

Највисоко раководно тело на Црвениот крст на РМ е Собранието на Црвениот крст на РМ кое брои вкупно 75 члена. Мандатот на членовите во Собранието е четири години со можност за повторен избор. Собранието е составено од:

  • Избрани членови предложени од општинските организации на Црвениот крст.
  • Избрани членови предложени од Младите на Црвениот крст.
  • Претседателите на собранијата на општинските организации на Црвениот крст.

Извршниот одбор на Собранието на Црвениот крст на РМ е орган на Собранието кој раководи со националното друштво помеѓу седниците на Собранието. Бројот на членовите на Извршниот одбор е 15. Мандатот на членовите на Извршниот одбор трае четири години со можност за повторен избор, но не повеќе од два последователни мандати.

Членовите на Финансиската комисија се бираат од редот на членовите на Собранието на Црвениот крст на РМ, со мандат на членовите на Финансиската комисија од четири години со можност за повторен избор но не повеќе од два последователни мандати.

Извршниот одбор формира постојани и / или времени советодавни тела. Постојани советодавни тела се:

  • Комисија за развој и организационо-кадровски прашања
  • Комисија за дисеминација
  • Комисија за здравствено-превентивна дејност и крводарителство
  • Комисија за социјално-хуманитарна дејност
  • Комисија за подготвеност и дејствување при катастрофи
  • Комисија за службата за барање
  • Комисија за информирање и комуникации
  • Комисија за маркетинг
  • Комисија за статут и нормативни акти

За извршување на секојдневната оперативна работа, Собранието формира Стручна служба, која ги врши стручните, материјално-финансиските и административно-техничките работи. За управување со стручните служби се избира Генерален секретар кој професионално ја извршува функцијата која се утврдува со Статутот.

Членовите на Црвениот крст на РМ опфатени во подмладокот и младината се организираат во Млади на Црвениот крст на Македонија. Учеството на младите во организацијата на Црвениот крст на РМ се регулира со Правилник за организација и работа на Младите на Црвениот крст.

Надлежностите на органите за раководење се утврдени со Статутот.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Македонски[уреди]

Странски[уреди]