Дирекција за храна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дирекција за храна
Податоци за органот
Основан 1 јануари 2005
Надлежност Влада на РМ
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Раководител Марина Домазетова Поповска
Матичен орган Министерство за здравство
Ограноци 3 сектори и 14 одделенија
Мрежно место
moh.gov.mk


Дирекција за храна е едно од бироата на Република Македонија и функционира како орган во состав на Министерството за здравство на Република Македонија и е под директна јурисдикција на Владата на Република Македонија. Дирекцијата за храна е одговорна за вршење на стручните и управните работи во областа на безбедноста на храната и производите и материјалите кои што доаѓаат во контакт со храната. Основана е на 1 јануари 2005. Моментален директор е Марина Домазетова Поповска.

Цели и задачи[уреди | уреди извор]

Основната цел на Дирекцијата за храна е обезбедување на безбедна и квалитетна храна во производството, дистрибуцијата и прометот, заштита на потрошувачите од заблуда и измама, заштита од болести кои потекнуваат или се пренесуваат преку храната, слободен промет на внатрешниот и надворешниот пазар.

Преку државните инспектори за храна се врши контрола во сите фази на производството и прометот со храната, вклучувајќи ги и угостителските објекти и увозот и извозот на храна. Исполнувањето на надлежностите од законската регулатива, овозможува заштита на потрошувачите и обезбедува брзо информирање од областа на храната, со цел заштита на здравјето и животот на луѓето со воспоставување на систем за анализа на ризик, заснована на научни сознанија и спроведена на независен, објективен и транспарентен начин.

Исто така функциите на Дирекцијата за храна се состојат и од преземање на чекори за да се гарантира дека храната на пазарите во Р.М е во согласност со највисоките стандарди за безбедност и хигиена на храната, како и да гарантира дека храната е во согласност со превните барања.

Организациона структура[уреди | уреди извор]

Дирекцијата за храна се состои од три сектори:

  • Сектор за стандарди за храна,
  • Сектор за инспекциски надзор и
  • Сектор за анализа на ризик


Сектор за стандарди за храна[уреди | уреди извор]

Во секторот за стандарди за храна се вршат нормативно-правни и стручни работи кои се во функција на извршување на основната дејност на Дирекцијата за храна, човечки ресурси, креирање на стандардите за храна, креирање на политика за заштита на потрошувачите, како и функционирање на информатичко-аналитички систем за логистичка подршка на целокупното работење на истата. Овој сектор има 5 одделенија:

  • Одделение за нормативно и управно-правни работи и човечки ресурси
  • Одделение за административни работи и информатичко аналитички систем
  • Одделение за заштита на потрошувачите
  • Одделение за видови нутритивна храна, додатоци на храна, храна од ГМО и храна произведена со иновирани технологии
  • Одделение за обезбедување на квалитет


Сектор за инспекциски надзор[уреди | уреди извор]

Секторот за инспекциски надзор ги врши работите и задачите што се однесуваат на остварување на функцијата за контрола на храната и производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната, преку следење на спроведувањето на прописите од областа на храната и непосредно учествува во управувањето со ризикот од храната. Овој сектор има истотака 5 одделенија.

Сектор за анализа на ризик[уреди | уреди извор]

Во овој сектор се врши анализа на ризикот, односно проценка на ризикот и комуникација на ризикот во поглед на безбедноста на храната, со цел навремено превенирање на сите потенцијални опасности, како и примена на научни согледувања во однос на безбедноста на храната и овозможување на мегународна соработка од интерес за функционирање на Дирекцијата. Секторот ја планира, подготвува, следи и евалуира мониторинг програмата за безбедност на храната. Секторот е контакт точка за Македонија за системот РАСФФ од ЕУ и воспоставува систем за навремено предупредување во однос на безбедноста на храната. Овој сектор е составен од 4 одделенија и тоа:

  • Одделение за проценка на ризикот
  • Одделение за комуникација и информација со ризик
  • Одделение за научно-стручни работи и подршка за меѓународни проекти
  • Одделение за мониторинг програма за безбедноста на храната
Органограм на Дирекцијата за храна

Види исто така[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Дирекција за храна на министерскиот веб сајт