Министерство за животна средина и просторно планирање

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Министерство за животна средина и просторно планирање
Податоци за органот
Надлежност Влада на Македонија
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 225[1] (2017)
Годишен буџет 651,300 милиони MKD[2] (2018)
Надлежен министер Насер Нуредини
Мрежно место
moepp.gov.mk

Министерството за животната средина и присторно планирање или скратено МЖСПП, е едно од министерствата во Владата на Македонија.

Надлежности[уреди | уреди извор]

Надлежностите на министерството се[3]:

  • следење на состојбата на животната средина,
  • заштита на водите, почвата, флората, фауната, воздухот и озонската обвивка од загадување,
  • заштита од бучава, радијација, заштита на биодиверзитетот, геодиверзитетот, националните паркови и заштитените области,
  • реставрација на загадените делови на животната средина,
  • предлагање мерки за третман на цврст отпад,
  • просторно планирање,
  • просторен информативен систем,
  • надзор од негова надлежност,
  • други работи утврдени со закон.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2017 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни, 2018. конс. 2019-06-09. 
  2. „Буџет на Република Македонија за 2018 година“. Министерство за финансии на Република Македонија. конс. 2018-11-22. 
  3. Водич за граѓаните, Министерство за животна средина и просторно планирање.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]