À Tout le Monde
„À Tout le Monde“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Мегадет | |||||
од албумот Youthanasia | |||||
Издаден | февруари 1995 | ||||
Формат | ЦД сингл, дигитално спуштање | ||||
Снимен | 1994 | ||||
Жанр | Хеви метал, хард рок | ||||
Должина | 4:28 | ||||
Издавачка куќа | Капитол | ||||
Композитор | Дејв Мастејн | ||||
Продуцент | Дејв Мастејн | ||||
Хронологија на синглови на Мегадет | |||||
|
À Tout le Monde е сингл на Мегадет од нивниот шести студиски албум Youthanasia, издаден во февруари 1995 г. преку Капитол Рекордс. Во 2007 песната била преработена и реиздадена под насловот „À Tout le Monde (Set Me Free)“. Новата верзија се нашла на албумот United Abominations, а била препеана во соработка со Кристија Скабија од италијанскиот хеви метал бенд Лакуна Коил.
Музика и текст
[уреди | уреди извор]Видео записот за песната „À Tout le Monde“ бил забранет од страна на музичкиот канал MTV, бидејќи според нив поттикнувал на самоубиство. Во едно интервју од 1994, предводникот на Мегадет, Дејв Мастејн, изјавил:
Песната не говори за самоубиство. Во суштина, зборува за тоа кога ги губиме луѓето што ги сакаме, чувствуваме дека тие имаат нешто да ни кажат. Ова е можност за тие што се пред заминување да соопштат нешто. Мојата намера беше кога би имал само три секунди на им пренесам нешто на луѓето пред да умрам, тоа би било: пријатели мои, многу ве сакам, но сега морам да одам. Тоа се последните зборови кои ќе ги изговорам и кои ќе ме ослободат. Нема да се извинувам, нема да речам дека ќе ми недостасуваат, или дека ќе ги чекам. Ќе напоменам дека ги сакав сите, без разлика дали биле добри или лоши.[1]
И преснимената верзија на песната, заедно со спотот не биле пуштени во етерот, бидејќи според Ем-Ти-Ви: „забраната сѐ уште важела“.
Наслов
[уреди | уреди извор]À Tout le Monde на француски значи „до цел свет“, „до сите“. Рефренот на песната е „à tout le monde, à tous mes amis, je vous aime, je dois partir“, што во превод на македонски би било: „До секој, до сите мои другари, ве сакам, но морам да заминам“. Првичниот наслов на песната немал акцент врз почетното „à“ ниту во насловот, ниту во книшката од албумот. Оваа ситна грешка била исправена на изданието од 2007 година.[2]
Преработената верзија
[уреди | уреди извор]Новото издание на песната излегло под насловот „"À Tout le Monde (Set Me Free)“, кое воедно било дует со Кристина Скабија, вокал на италијанскиот хеви метал бенд Лакуна Коил. Гитарите свиреле по стандардните скали, за разлика од постарата верзија. Втората разлика е што новата снимка била во малку побрзо темпо, а изведбата на Глен Дровер била технички подобра од онаа на Марти Фридман.[3]
Нумерата „À Tout le Monde (Set Me Free)“ била издадена како прв сингл од албумот United Abominations, а бил направен и спот за нејзина промоција. Насловот бил променет само како оваа верзија би се разликувала од старата, иако на некои изданија насловот останал непроменет. Исто така новиот наслов бил со акцентирано „à“.[4]
Поврзаност со убиствата во колеџот Довсон
[уреди | уреди извор]Во септември 2006 година се случил инцидент во колеџот Довсон, каде еден од тамошните асистенти извршил оружен напад врз студентите. При огнената престрелка имало една погината жртва и 19-мина ранети, за на крајот самиот извршител на акцијата да се самоубие. Неговото име е Кимвер Гил, кој имал свој блог посветен на готската субкултура. На денот на самиот масакр, оставил порака дека ја преслушувал песната „À Tout le Monde“. Еве што изјавил Мастејн по тој повод:
Многу бев лут на типот зашто се обиде да ја претвори нашата песна од убава во нешто многу грдо. Им ја посветувам на оние кои го загубија животот, а им ја подарувам на оние кои моментално закрепнуваат. Гил не заслужува да биде обожавател на Мегадет.[5]
Список на песни
[уреди | уреди извор]- Изданието во САД[6]
Бр. | Наслов | Текстописци | Траење |
---|---|---|---|
1. | „A Tout le Monde“ | Дејв Мастејн, Дејвид Елефсон, Марти Фридмен, Ник Менза | 4:28 |
2. | „Problems“ | Глен Матлок, Џони Ротен, Пол Кук, Стив Џонс | 3:56 |
3. | „New World Order“ (демо) | Мастејн, Елефсон, Фридмен, Менза | 3:25 |
Вк. траење: |
11:49 |
- Холандското издание
Бр. | Наслов | Текстописци | Траење |
---|---|---|---|
1. | „A Tout le Monde“ | Мастејн, Елефсон, Фридмен, Менза | 4:28 |
2. | „Symphony of Destruction“ (демо) | Мастејн | 5:32 |
3. | „Architecture of Aggression“ (демо) | Мастејн, Елефсон | 2:49 |
4. | „New World Order“ (демо) | Мастејн, Елефсон, Фридмен, Менза | 3:25 |
Вк. траење: |
16:14 |
Музички персонал
[уреди | уреди извор]- Дејв Мастејн - вокал и гитара
- Марти Фридмен - гитара
- Дејвид Елефсон - бас гитара
- Ник Менза - тапани, перкусија
- Дејв Мастејн - вокал и гитара
- Глен Дровер - гитара
- Џејмс Ломензо - бас гитара
- Шон Дровер - тапани, перкусија
- Кристија Скабија - вокал (гостин на песната)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Arsenal of Megadeth DVD. Capitol Records. 2006.
- ↑ „Megadeth Lyrics - Youthanasia Info“. The Realms of Deth. Архивирано од изворникот на 2011-08-14. Посетено на 2013-03-16.
- ↑ United Abominations liner notes
- ↑ „BLABBERMOUTH.NET - MEGADETH's New Version Of 'À Tout Le Monde' To Feature LACUNA COIL's SCABBIA“. Roadrunnerrecords.com. Архивирано од изворникот на 2008-06-04. Посетено на 2011-08-13.
- ↑ „Interview - Dave Mustaine's opinion of Gill“. Chartattack.com. 2006-09-29. Архивирано од изворникот на 2011-06-07. Посетено на 2011-08-13.
- ↑ „Encyclopaedia Metallum: The Metal Archives - Megadeth - A Tout le Monde“. The Metal Archives. Посетено на 2011-08-13.