Список на епизоди од Вовед во анатомија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ова е листа на епизоди од серијата Вовед во анатомија, која во Македонија се емитува на А1 телевизија. Датите на емитување на епизодите се од А1.

Краток преглед[уреди]

Сезона Епизоди Емитување во САД Датум на ДВД издание
Регион 1 Дискови Регион 2 Дискови
1 9 2005 14 февруари, 2006 2 11 октомври, 2006 3
2 27 20052006 12 септември, 2006 6 13 декември, 2006 8
3 25 20062007 11 септември, 2007 7 29 октомври, 2007 7
4 17 20072008 9 септември, 2008 5
5 24 20082009 15 септември, 2009

Сезони[уреди]

Прва сезона: 2005[уреди]

Епизода Наслов Напишана од Режирана од Емитување во САД Емитување во РМ
1-01 (1) „A Hard Day's Night“ 
„Ноќ по тешкиот ден“
Шонда Рајмс Питер Хортон 27 март, 2005 25 септември, 2007
Мередит Греј се вработува во болницата Сиетл Грејс каде ќе ги помине наредниет 7 години како стажист. Но, уште на првиот ден Мередит добива изненадување, непознатиот човек со кој ја поминала мината ноќ, излегува дека и е шеф. Во меѓувреме, Џорџ е избран да учествува на првата операција. 
1-02 (2) „Тhe First Cut is the Deepest“ 
„Првиот рез е најдлабок“
Шонда Рајмс Питер Хортон 3 април, 2005 2 октомври, 2007
Мередит е во потрага по цимери за да може да ја задржи куќата на мајка и. Изи и помага на една кинеска чија ќерка е во опасност. Мередит го посетува трудничкото крило во болницата и забележува дека нешто не е во ред со едно од бебињата. 
1-03 (3) „Winning a Battle, Losing the War“ 
„Добивме битка, ја изгубивме војната“
Шонда Рајмс Тони Голдвин 10 април, 2005 9 октомври, 2007
Конкуренцијата се зголемува меѓу специјализантите кога се појавуваат многу повредени од велосипедска трка. Изи има потешкотија во наоѓањето на семејството на еден речиси мртов човек. Кристина се возбудува кога дознава дека семејството на човекот дозволува да ги донираат органите ако тој умре. Ова ја предизвикува Бејли да и одржи лекција на Кристина за однесувањето кон пациентите. Пациент, стар пријател на д-р Вебер, почнува да флертува со Џорџ. 
1-04 (4) „No Man's Land“ 
„Ничија земја“
Џејмс Д. Париот Адам Дејвидсон 17 април, 2005 16 октомври, 2007
Џорџ чувствува дека ја губи машкоста откако увидува дека Медерит и Изи го гледаат поинаку. Стара колешка на мајката на Мередит е примена во болницата и е изненадена кога дознава дека Елис има ќерка Изи е бесна кога Алекс ја нарекува модел, а тој скришно ќе ископира фотографии на кои таа е полугола и ќе ги залепи во соблекувалната. Додека Медерит се обидува да се справи со Алцајмеровата болест на мајка и, Дерек добива пациент, кому ноктите му се заплеткале во косата, но дијагнозата ќе покаже тумор. Еден пациент одбива да биде лечен од страна на Изи бидејќи ја препознава како модел од Бетани Виспер (компанијата во која таа работела). 
1-05 (5) „Shake Your Groove Thing“  Ен Хемилтон Џон Дејвид Колс 24 април, 2005 23 октомври, 2007
Изи подготвува забава за нејзиното момче Хенк, хокеј играч. На операција на отворено срце, Мередит му асистира на Бурк, но случајно со нокт ќе ја пробие заштитната ракавица и ќе го допре срцето и ќе се двоуми дали да му каже на Бурк. Кристина открива шокантна тајна за Бурк и двајцата имаат секс. На забавата Бејли ги фаќа Мередит и Дерек како имаат секс во кола. Изи не го поканува на Алекс на забавата, но на крајот ќе реши и таа да не отиде на забавата и ја поминува ноќта во операција со Алекс. 
1-06 (6) „If Tomorrow Never Comes“ 
„Ако нема ново утре“
Криста Верноф Скот Бразил 1 мај, 2005 30 октомври, 2007
Кога д-р Дерек Шепард ја одбира Мередит да му асистира на операцијата на човек болен од Пракинсонова болес, д-р Бејли мисли дека тој покажува фаворизам кон Мередит и и одржува лекција. Алекс лекува пациентка од тумор со која се спријателува, но кога пациентката дознава дека тој зборува лошо за неа зад нејзин грб бара да и го променат докторот. 
1-07 (7) „The Self-Destruct Button“ 
„Копче за самоуништување“
Кип Кониг Дарнел Мартин 8 мај, 2005 6 ноември, 2007
Џорџ и Изи го следат Дерек и откриваат дека тој спие со Медерит. Џорџ е бесен, но Изи појавува чудна реакција. Алекс добива пациент со прострелна рана и открива дека тој го натерал неговиот пријател да го застрела. Но, од куршумот, ќе му се инфицираат тетоважите. Медерит и асистира на Бејли во случајот на пациентка која самоиницијативно направила бајпас операција во Мексико без дозвола на родителите. Тие откриваат дека операцијата е нестручно изведена и треба да ја спасат. Изи му помага на пациент кој проголтал клучеви од неговата девојка зошто таа го откачила. Бејли ја уценува Медерит да ја заврши врската со Дерек. Џорџ се сомнева дека еден анестезиолок пие алкохол за време на работното време и заспива на операциите. Кристина открива последица од спиењето со Бурк а тоа е дека е бремена. 
1-08 (8) „Save Me“ 
„Спаси ме“
Мими Шмир Сара Пиа Андерсон 15 мај, 2005 13 ноември, 2007
Целата болница дознава за врската на Медерит и Дерек. Алекс и Бурк се соочуваат со тинејџерка која не сака операција поради нејзината вера. Кристина и Изи лекуваат пациентка со рак на дојка, но откриваат дека таа е бремена и не може да има хемотерапија. Медерит и Дерек лекуваат пациент кој полека се парализира, а таа верува дека тоа е психосоматски проблем а не болест, но Дерек сака да го оперира. Кристина крие од Бурк за бебето и размислува за абортус. Џорџ ја запознава Оливија и се вљубува во неа. 
1-09 (9) „Who's Zoomin' Who?“ 
„Кој кого набљудува?“
Габриел Стантон & Хари Верксман Венди Стенцлер 22 мај, 2005 20 ноември, 2007
Во клиниката избива епидемија на сифилис. Вебер свикува итен состанок кога открива дека и меѓу персоналот има заразени и сите ги праќа на тестирање. Изи и Кристина се грижат за пациент кој е алкохоличар, а неговата сопруга и ќерка се караат за лекувањето. Бурк го лекува неговиот колега од факултет Бил и ќе дознае од него дека неговата сопруга е бремена, но открива дека тој е стерилен и не знае за тоа. Тој ќе се соочи со дилемата дали да му каже дека жена му го изневерила. Џорџ се сомнева дека Оливија го заразила со сифилис, но ќе збесне кога ќе го открие кој е виновникот. Ричард му се доверува на Дерек дека има проблеми со мозокот и мора да се оперира. Адисон Шепард се враќа од Њујорк кај мажот и Дерек Шепард. Медерит е шокирана. 

Втора сезона: 2005-2006[уреди]

# Наслов Писател Режија Дата на емитување
2-01 (10) „Raindrops Keep Falling On My Head“ 
„Капки ми паѓаат на глава“
Стејси Мекки Питер Хортон 27 ноември 2007
Жената на Дерек се појавува изненадувачки во Сиетл. Се дознава дека таа го изневерила Дерек со неговиот најдобар другар Марк и затоа Дерек дошол во Сиетл. Причината за Адисон да дојде во Сиетл е бидејќи Ричард ја повикал да изведе многу тешка операција. За секоја операција потребен е стажист а стажистот кој ќе го одбере Адисон е никој друг туку Мередит. Мередит е повредена и тажна бидејќи Дерек ја лажел цело време додека биле во врска. Барменот Џој се онесвестува во неговиот бар додека Мередит и Кристина дискутираат за абортирањето на Кристина и врската на Мередит. Кристина е решена да му каже на Престон за бебето но во моментот кога ќе сака да му каже тој ќе и раскине и таа нема да му каже. Додека Ричард се одмара од операцијата го става Престон да биде шеф на хирургија привремено, а Џорџ да биде неговите „очи и уши“. Со ова подразбира Џорџ да дознае се што се случува во болницата и да му каже на Ричард. Џорџ ќе дознае повеќе отколку што сака но нема да му каже на Ричард ниту збор. Бидејќи операцијата на Џој е многу скапа Џорџ ќе најде начин како да му помогне и со помош на Алекс со кој се степа минатата сезона. Изи се вљубува во Алекс. 
2-02 (11) „Enough is Enough (No More Tears)“ 
„Доста е (нема повеќе солзи)“
Џејмс Д. Париот Питер Хортон 4 декември 2007
Додека Ричард сѐ уште закрепнува Бурк е неговата замена. Неочекувано Адел Вебер го скратува својот одмор и доаѓа во болницата да го негува Ричард. Дерек и Бурк се љубоморни еден на друг заради работата, но кога Дерек ќе се најде во непријатна ситуација, Бурк ќе го одбрани. Кристина добива пациент за кој смета дека не треба да добие црн дроб. Неговиот син е потенцијален донатор и Алекс сака да ја смири ситуацијата. Бејли и Мередит ќе добијат невозможен пациент и Мередит треба да го смири, за да Бејли може да го лекува. Донаторот на Џорџ се покажува како некомпактибилен зошто не е мртва, туку има тумор на мозокот и Дерек веднаш ја оперира. Адисон е сѐ уште во болницата што прави тензија помеѓу Дерек и Мередит. Џорџ се сретнува повторно со Оливија и ѝ признава дека е заљубен во друга жена (Мередит). Миранда ќе најде во стомакот на нејзиниот пациент глави од Џуду Куклу (слични на барби куклуите) со што ја покажува страста кон овие кукли. 
2-03 (12) „Make Me Lose Control“ 
„Предизвикај ме!“
Криста Верноф Адам Дејвидсон 11 декември 2007
Кристина се онесвестува во салата на Бурк и Адисон ја оперира, но Кристина го губи бебето и еден јајник. Бурк дознава за Кристина, но не сака да ја посети. Во клиниката се открива дека мајката на Мередит има Алцајмерова болест бидејќи таа е примена како пациент. Изи и Алекс флертуваат меѓусебно. Адисон ќе ја искористи ситуацијата со преродено дете, за да му се доближи на Дерек и да го бакне. Ричард се враќа на работа, а Дерек е бесен зошто тој го назначил Бурк за заменик, а ја викнал и Адисон да работи со него. Џорџ е задолжен за Елис но таа мисли дека тој е Тачер (таткото на Мередит). Ричард се потсетува на неговата голема тајна врската со Елис. Изи тотално излудува и пред сите признава дека е зближена со Алекс и дека е сладок и нежен ако се обидеш да го запознаеш. 
2-04 (13) „Deny, Deny, Deny“ 
„Одрекување“
Зоен Клак Венди Станцлер 18 декември 2007
Кристина станува напорна пациентка и сите ги нервира со однесувањето. Дерек и ги покажува документите за развод на Мередит, но таа ќе открие дека тие се не потпишани. Мајката на Мередит бега од собата и мисли дека сѐ уште е доктор. Првиот пациент на Миранда повторно доаѓа во болницата. Но по неуспешна операција тој умира и Миранда и многу повредена што поминува 10 минути залудно да го спаси пациентот. Кристина е бесна кога мајка и доаѓа во посета, а по неа и Бурк, кој се лути што таа криела од него за бременоста. Таа станува од креветот и и помага на Изи со еден пациент. Кога Мередит дознава за непотпишаните документи ја губи довербата во Дерек, а тој станува се понесигурен. Токму кога Изи конечно и официјално се вљубува во Алекс тој ја поканува на состанок. Таа е пресреќна. Но неколку часа пред состанокот Ричард дознава дека Алекс не го положил тестот да биде стажист во Сиетл Грејс. Ричард го известува Алекс но му дава втора шанса да го преполага тестот. Алекс ја дочекува веста нервозно и паѓа во депресија. 
2-05 (14) „Bring the Pain“ 
„Донеси ја болката“
Шонда Рајмс Марк Тинкер 25 декември, 2007
Мередит и Дерек добиваат религиозен пациент кого треба да го убедат дека ќерка му мора да оди на операција и да и го спасат животот. Елис е отпуштена од болница. Кристина има необичен пациент кој изгубил пристап до лековите против болка, а таа му наоѓа чудно решение. Во Сиетл снемува струја и Алекс и Џорџ се заглавуваат со ранет полицаец во лифтот и мора итно да го оперираат за да не искрвари, а Бурк им асистира преку вратата. Изи се справува со пациентка чиј дечко умрел, а таа секоја година има срцев напад. Поради резултатите кој ги доби Алекс тој се вкочанува во лифтот и Џорџ ја изведува операцијата. Со што станува херој. Дерек мора да ја донесе одлуката Адисон или Мередит. Оваа епизода била всушност во прв план да биде последната епизода од првата сезона но поради некои причини била оставена како обична епизода во втората сезона. 
2-06 (15) „Into You Like a Train“ 
„Во тебе како воз“
Криста Верноф Џеф Мелман 1 јануари 2008
Додека Мередит го чека Дерек во барот, се случува несреќа и сите се повикани во клиниката. Алекс решава да помогне на несреќните, но еден ќе му умре на раце и тој смета дека не треба да биде доктор. Адисон и Изи и помагаат на бремена жена која има тешки изгореници. Жената добива болки и тие мора да ја породат без опрема и ракавици. Ричард и наредува на Кристина да ја најде ногата на еден повреден, а Бурк не е тука да и помогне. Изи се двоуми меѓу пријателството со Мередит и кариерата. Адисон гледа голем потенцијал во Изи. Кристина никако не може да ја најде ногата. 
2-07 (16) „Something to Talk About“ 
„Нешто да се зборува“
Стејси Мекки Адам Дејвидсон 8 јануари 2008
Во клиниката доаѓа најчудниот пациент, маж кому сите анализи му покажуваат дека е бремен и тој станува вистинска атракција за персоналот и сите се фотографираат со него. Но, компјутерските анализи ќе покажат чуден феномен. Дерек лекува хендикепирано девојче и мора да се справи со нејзината мајка. Кристина и Бурк разговараат дали треба да ја откријат својата врска. Алекс и советува на пациентка да се оперира, а од неа ќе добие и совет за врската со Изи. Дерек и Адисон одат во брачно советувалиште. Ричард и нуди вработување на Адисон во клиниката. Епизодата завршува кога Изи, Мередит и Џорџ се во бар и си пијат кафе а во моментот влегува Алекс ја повлекува Изи и страствено ја бакнува. 
2-08 (17) „Let It Be“ 
„Пушти го нека биде“
Мими Шмир Лесли Врскаа Глатер 22 јануари 2008
Пријателите на Дерек и Адисон доаѓаат да ги посетат во Сиетл. Жената бара да и се отстранат матката и градата, зошто има ген што ќе и предизвика рак, а нејзиниот маж сака да ја одврати од намерата да се осакати. Со него се сложуваат и докторите. Кристина и Бурк се обидуваат да одат на „нормален“ состанок, а Дерек ја моли Мередит да не го игнорира поради Адисон. Изи се приклучува на Дерек и Адисон во настојувањето да ја одвратат жената од операцијата. Џорџ му помага на пациент кој паднал од петтиот спрат, но пациентот се покажува како многу нападен. Д-р Вебер и се чуди на Бејли како се однесува во последно време. Тој се обидува да ја опомене дека носи глупави одлуки а таа му кажува дека е бремена. 
2-09 (18) „Thanks for the Memories“ 
„Благодарам за спомените“
Шонда Рајмс Мајкл Динер 5 февруари 2008
Иако е денот на благодарноста и сите се по дома скоро сите решаваат да одат на работа. Изи припрема мисирка за денот на благодарноста и ги поканува сите на ексклузивна вечера. Но ништо не и е како што планира. Мередит оди на работа и има пациент кој е во кома 16 години но конечно се разбудува но неговата фамилија не го сака назад на операцијата тој умира. Мередит работи заедно со Дерек на овој случај. Дерек и Ричард велат дека се дојдени на работа само поради една важна работа но остануваат цел ден. Ричард не може да ја трпи Адел дома. Изи го поканува барменот Џој со дечко му на вечерата. Џорџ мора да оди заедно со неговите браќа на лов на мисирки кој го предизвикуваат и го сметаат за нежен. Поради неодговорност тие го погодуваат со куршум татко им во задникот. Џорџ отсекогаш мислел дека браќата го терале да се чувствува глупаво но татко му го убедува дека е обратно бидејќи тој е скоро хирург а тие се поштари, чистачи и возачи на трактор. Престон и Кристина доаѓаат на вечерата но на Изи и е непријатно да зборува со Бурк. На голема изненадување Бурк се покажува како многу добар готвач и и помага на Изи да ја направат мисирката. Кристина наоѓа изговор дека оди да купи алкохол само колку да излезе од куќата и да оди на работа. Миранда го обожава денот на благодарноста бидејќи тогаш има највеќе случаии. Мередит и Алекс се самосожалуваат. Изи мисли дека вечерата ќе и пропаден и се нервира зошто Алекс не се јавува на телефон но на крај сите стигнуваат на вечерата и Изи е среќна. Мередит не оди на вечерата но се опијанува во барот и наоѓа момче за една вечер. 
2-10 (19) „Much too Much“ 
„Премногу е“
Габриел Стенон & Хари Верксман Wendey Stanzler 12 февруари 2008
Дори Расел треба да се породи со пет бебиња и ултразвукот покажува дека сите се женски, а нејзиниот сопруг е загрижен, зошто сакале само едно бебе. Три од бебињата се во критична состојба и целиот персонал се ангажира да ги спаси. Елен е изненадена кога го гледа момчето со кое спиела во болницата со незгоден проблем, па таа ќе мора да го замоли Дерек да му помогне, а тој ќе се изненади кога гледа што му направила Мередит на пациентот. Мередит е во потрага по нови авантури. Изи го наоѓа Алекс во кревет со Оливија што доведува до пресврт во нивната врска. Престон и дава клучеви од својот стан на Кристина. Кристина е излудена од неговиот начин на живот и се чуди за клучевите. Таа му го покажува својот стан на Бурк кој е несреден и чуден за разлика од тој на Бурк. 
2-11 (20) „Owner of a Lonely Heart“ 
„Сопственик на осамено срце“
Марк Вајлдинг Ден Минахен 19 февруари 2008
Кристина има мака со пациентката Константина Фергусон која е донесена на лекување и е затвореничка. Таа сака што побрзо да излезе од затвор и поради тоа намерно си го ризикува здравјето во болницата и не дозволува да ја лекуваат. Персоналот е загрижен за напредувањето на петте бебиња кај кои се појавуваат проблеми со дишењето. Изи се нервира поради ситуацијата со Алекс и Адисон решава да и покаже кој е Алекс и како треба да се однесува со маж кој не и обрнува внимание, но тоа ќе биде премногу болно за Изи. Изи е многу повредена поради Алекс и се нервира кога гледа дека Мередит се дружи со Алекс. Лекцијата која Адисон ќе ја научи на Изи еднаш таа ја има научено од страна на Ричард кој ја предупредува дека Изи можеби нема да и зборува како што Адисон не му зборувала на Ричард. 
2-12 (21) „Grandma Got Run Over By a Reindeer“ 
„Баба ја згази елен“
Криста Верноф Питер Хортон 12 февруари 2008
Божиќните празници во болницата не се прославуваат весело. Алекс треба да положи испити, ако сака да остане во болницата и сите се ангажирани да му помогнат да положи, а Изи не е многу среќна поради тоа. На момчето Џастин му треба ново срце и Бурк не сака да го оперира додека детето не прифати дека му треба ново срце, а Кристина смета дека треба што побрзо да му се направи трансплантација. Дерек се смирува со Адисон, но тоа не го прави среќен. Џорџ треба да оперира жена на која и крвари чирот и открива дека тоа е последица од околината каде што живее. Изи и е лута на Адисон поради лекцијата но и на сите други. 
2-13 (22) „Begin the Begin“ 
„Започни го почетокот“
Кип Кониг Џесика Ју 4 март 2008
Мередит е ослободена од прекувремената работа и таа се посветува на перењето и посетата на мајка и, но таму ќе го затекне и Дерек. Тој и признава дека некое време ја посетува мајка и, а Мередит го моли да не се меша и Дерек бара од Ричард да ја разубеди. Пациентот Дени Дукет, кому му треба ново срце, се зближува со Изи и таа го заборава Алекс. Бејли и Кристина му помагаат на Дени да добие ново срце. Џорџ и Адисон се посветуваат на лекувањето на тинејџер хермафродит. Мередит купува куче но тоа и ја изгризува испраната облека. Адисон отсекогаш имала лоша врска со Мередит а сега и со Изи но овојпат и со Џорџ на кој го брка од случајот поради премногу мешање во приватниот живот на пациентите. Кристина оди со Бејли во друг град со авион да го земе срцето. Каде станува пољубопитна за бременоста на Миранда. 
2-14 (23) „Tell Me Sweet Little Lies“ 
„Кажи ми мали лаги“
Тони Фелан & Џоен Ратер Адам Дејвидсон 11 март 2008
Дерек сака да ја прати мајка ѝ на Мередит на специјално болничко судење. Кристина ѝ признава на Мередит дека не живее со Бурк. Џорџ има мака со постара пациентка која имала операција, но е премногу дрска кон персоналот и тој треба предвреме да ја отпушти од болница. Изи и Џорџ бараат од Мередит да го избрка кучето од станот, а тоа ќе се појави во болницата. Бејли има чудни болки што ја загрижува Адисон. Џорџ, Кристина и Алекс се натпреваруваат кој побрзо ќе изеде хот дог. Кристина тајно ја брани Мередит кога почнува да му се дере на Дерек и да го навредува зошто ја повредил Мередит и таа повторно почна да го вика д-р Сон. Алекс ги добива резултатите но е нервозен да ги отвори и ја моли Изи да ги отвори. Алекс положува. 
2-15 (24) „Break on Through“ 
„Одмор од завршеното“
Зоен Клак Дејвид Пејмер 18 март 2008
Медицинските сестри стапуваат во штрајк и тимот мора сам да се снаоѓа со операциите и пациентите. Џерџ се придружува на сестрите, а Алекс, Кристина, Изи и Мередит се запознаваат со замената на Бејли, Сиднеј Арон. Изи и Адисон имаат тежок случај на кој и двете ќе му се посветат. Бремена тинејџерка мора да ја оперираат, а таа не е сигурна дали да го задржи бебето и Изи и открива тајна за себе. Кристина и Алекс лечат млада жена од алергија и се во дилема дали треба да и се ампутира ногата. Џорџ е во штрајкот таму ја сретнува Оли Оливија на која и помага. Бурк и помага на Кристина кога таа мисли дека Сиднеј прави грешка. Тајната на Изи е дека таа има ќерка. 
2-16 (25) „It's the End of the World“ 
„Ова е крајот на светот“
Шонда Рајмс Питер Хортон 25 март 2008
Џорџ има чуден сон и не може да го протолкува. Мередит има претчувство дека нешто ќе и се случи и не сака да оди на работа. Набрзо, се уверува дека имала право. Во болницата, Алекс добива пациент кој е во кома. Една малда девојка од брзата помош ја ставила раката на местото каде е повреден човекот за да не искрвари. Подоцна се дознава дека внатре во човекот има бомба. Алекс го известува персоналот за бомбата. Младата девојка е уплашена. Дерек и Кристина оперираат еден пациент, за кој дознаваат дека е сопругот на Бејли, која во меѓувреме се породува, а не знае ништо за сопругот кој ја донел на породување. Изи решава да ги расчисти работите со Алекс на тајно место. И заедно со Џорџ решава да станат луѓе од акција. Девојката се преплашува и ја вади раката од човекот пред да експлодира Мередит ја става раката. 
2-17 (26) „As We Know It“ 
„Каков што ни е познат“
Шонда Рајмс Питер Хортон 1 април 2008
Д-р Бејли одбива да се породи бидејќи мажот и не е со неа незнаејќи дека тој има операција на мозокот. Адисон заедно со Џорџ ја убедуваат Миранда и таа се пораѓа со голема помош од Џорџ. Изи и Алекс водат љубов. Сопругот на Бејли преживува. Ричард се онесвестува поради голем стрес. Но откако се ќе заврши тој се опоравува заедно со Адел. Мередит успешно ја вади раката од човекот, но за жал Дилан Јанг член на антитерористичкиот тим умира бидејќи бомбата експлодирува. Јанг му признава на Бурк дека го сака додека тој спие. Ривалството помеѓу Дерек и Бурк конечно завршува. И за првпат во серијата тие не си персираат и се викаат по име. Дерек ја потцетува Мередит на нивниот последен бакнеж. 
2-18 (27) „Yesterday“ 
„Вчера“
Криста Верноф Роб Корн 8 април 2008
Сосем неочекувано Марк „пријателот“ на Дерек и Адисон доаѓа во Сиетл. Марк и кажува на Мередит како тој спиел со Адисон и Дерек ги фатил во кревет. Марк сака да и се врати на Адисон. Но таа го одбива. Стажистите го нарекуваат Марк д-р Жежок. Ричард му дозволува на Марк да изведе една операција. Марк се покажува како најдобар дерматолог. Алекс покажува желба кон таа професија. Адисон ја задолжува Изи за еден случај со една жена која има спонтани оргазми. Алекс и Изи имаат секс се почесто и Изи е премногу возбудена. Мередит ги дознава долго скриените тајни на Ричард. Таа за првпат оди кај татко и Тачер по 20 години. Бурк дознава дека Кристина сѐ уште го чува својот стан. И таа го продава. Џорџ за првпат и се доближува на Мередит и имаат секс. 
2-19 (28) „What Have I Done to Deserve This?“ 
„Што направив да го заслужам ова?“
Стејси Мекки Питер Хортон 15 април 2008
Џорџ и Мередит се однесуваат чудно на работа. Дени Дукет се враќа во болницата и Изи покажува чувства кон него, а Алекс станува љубоморен. Иако Миранда е на породилно таа оди во болницата бидејќи Адисон има проблем. Прифатила некоја инфекција од сексот со Дерек. Џорџ се потсетува на ноќта помината со Мередит кога таа почнала да плаче среде сексот. Мередит и Џорџ се караат и Џорџ паѓа по скалите и ја крши раката. Тој ја запознава секси ортопетката Кели Торес. Која е спремна да има врска со Џорџ и му го дава нејзиниот број. Џорџ се иселува од куќата на Мередит и се преселува кај Бурк и Кристина. 
2-20 (29) „Band-Aid Covers the Bullet Hole“ 
„Фластер над прострелна рана“
Габриел Стенон и Хари Верксман Џули Ен Робинсон 22 април 2008
Миранда мора да оди на операција и и го остава Вилијам на Кристина која мрази бебиња. Мередит сѐ уште се однесува чудно кон Џорџ и му кажува на Дерек дека има проблем но не кажува каков. Тие започнуваат платонско пријателство. Изи се повеќе и повеќе се зближува со Дени. Алекс се однесува многу лошо кон Дени што дури и ќе го лаже во врска со Изи. Кели го воведува Џорџ во ортопедијата кога имаат еден случај со тинејџер кој си го сече прстот. Бурк покажува дека му одговара да живее со Џорџ. Што ја нервира Кристина која сака да го избрка. Адисон за прв пат добива надеж дека има шанса нивната вркса да преживее откако Дерек и изјавува нешто. 
2-21 (30) „Superstition“ 
„Суперстиција“
Џејмс Д. Париот Триша Брок 29 април 2008
На клиниката се случуваат четири смртни случаи и целиот персонал станува загрижен. Паника настанува кога дознаваат дека уште три пациенти ќе умрат истиот ден. Џорџ продолжува да ја игнорира Мередит, а Кели губи трпение со него, чекајќи тој да и се јави. Бејли и Мередит имаат пациентка која тврди дека ја погодил гром, но испитувањата покажуваат друго. Кристина лекува пациент кој доживеал траума. Изи е загрижена за Дени и се кара со Алекс, а тој ќе му се развика на Џорџ. Ричард сфаќа дека неговите тајни ќе бидат откриени. Џорџ решава да и се јави на Кели. Ричард присуствува на состанок за алкохоличари во чест на една негова пријателка. 
2-22 (31) „The Name of the Game“ 
„Името на играта“
Блајт Роуб Сајт Ман 06 мај 2008
Џорџ продолжува да живее во станот на Бурк. Мередит дознава тајна за татко и. Миранда е загрижена дека сите колеги ја третираат како нежна и добра личност бидејќи родила дете. Џорџ дознава дека еден пациент на Адисон е всушност полу-сестра на Мередит. Мередит почнува да плете исто како и Изи. Изи ќе направи се и се кара со Мередит само да го врати Џорџ. Џорџ дознава дека Кели живее во подрумот на болницата и започнува врска со неа. Дени и станува се помил на Изи а по одбивен на Алекс. Јанг и Ригард се натпреваруваат кој е подобар доктор и Јанг победува што го прави Ричард нервозен. Но подоцна тој се покажува подобар. Мередит го запознава ветринарот Фин кој и се допаѓа. 
2-23 (32) „Blues for Sister Someone“ 
„Блуз за нечија сестра“
Елизабет Клавитер Џеф Мелман 13 мај 2008
Пациентката на Адисон е мајка на седум деца и дознава дека нејзиниот сопруг не сака да користи кондоми и го прекорува поради тоа. Пациентката бара тајно да и се подврзат јајниците за да не раѓа. Изи и Џорџ разговараат за нивните животи, откако го слушаат разговорот на Дерек со адвокатката која ја лечи. Бурк за пациент го добива омилениот музичар и Кристина му помага во терапијата. Бејли се сомнева дека има нешто меѓу Дени и Изи. Фин ја кани Мередит на состанок и ја носи на фарма, а Дерек ќе ја затекне полугола и мисли дека тие спиеле заедно. Адисон сфаќа дека направила нелегално нешто и го зема Алекс да биде нејзин стажист додека таа сака. Алекс мрази гинекологија и акушерство па и нео-натална хирургија. Џорџ се враќа во куќата. 
2-24 (33) „Damage Case“ 
„Оштетен случај“
Мими Шмир Тони Голдвин 20 мај 2008
Дерек е бесен на Мередит поради Фин. Стажист од друга болница го губи помнењето и предизвикува сообраќајка во која страда брачна двојка и родителите на жената. Девојката Мелани клинички е мртва, но тимот настојува да го одржи бебето во живот до породувањето. На Адисон и помага Алекс и тој сам ќе ја породи мртвата пациентка со царски рез. Бурк се кара со Кристина зошто задоцнила. Мередит и Изи се смеат на новата куќа на Кели, а Џорџ и Кели се караат поради неговите цимери. Џорџ зборува со Мередит, а Дерек во бес, ќе ја нарече мивка. 
2-25 (34) „17 Seconds“ 
„17 секунди“
Марк Вилдинг Дан Минахан 27 мај 2008
Во ресторан доаѓа до престрелка и повредените се пренесуваат во болница. Кристина има случај на момче кое ја искористило девојката како штит од пукањето и е клинички мртва, а нејзиното срце може да го добие Дени и бара помош од Бејли. Мередит и Кели се караат заради интервенција за кучето на Кели. Џорџ и Дерек оперираат бремена пациентка која умира, а нејзиното бебе е живо. Срцето не му одговара на Дени и Изи сака што побрзо да најде нов донатор. Адисон добива пациентка која нејзините родители сакаат да ја искористат како инкубатор. Алекс оди со Бурк во Мерси Вест каде се запознаваме со нова споредна улога д-р Хан која е кардио хирург и учела со Бурк каде Бурк завршил како првенец а таа веднаш по него. Изи паѓа во депресија поради Дени и добива луда идеја. Кели попуштува и и помага на Мередит. Мередит плаче во прегратките на Фин поради кучето кое знае дека умира. Бурк тргнува накај Сиетл Грејс да ја земе дозволата тој да го земе срцето на Дени а не Хан за нејзиниот пациент. Изи сигурна дека Бурк ќе стигне секој момент да го оперира Дени таа ги сече жиците на Дени за да се влоши ситуацијата и срцето да припадне на Дени. Но во истиот момент Бурк влегува во болницата но го застрелуваат во рамо. 
2-26 (35) „Deterioration of the Fight or Flight Response“ 
„Влошување на караницата“
Тони Фелан & Џоен Ратер Роб Корн 3 јуни 2008
Џорџ ја вика Мередит а таа Јанг да и помогнат на изумената Изи до го одржи Дени во живот. Сите четворица се безумени и прават се да му помогнат на Дени. Внуката на Ричард Камила доаѓа во болницата со Адел бидејќи ракот и се вратил. Адисон станува нејзин доктор. Адел е вознемирена видејќи Камила нема да биде на матурата. Нејзините другарки ги носат сите пријатели во болницата но Ричард ги брка. Адел лута му кажува на Ричард дека цел негов живот таа знаела за неговите мрачни тајни со Елис Греј. Ричард е изненаден поради ова. Бејли дознава дека стажистите му помагаат на Дени и ги казнува. Дерек мора да го оперира Бурк а ако згреши во операцијата Бурк ќе ја изгуби контролата на едната рака и не ќе може да оперира. Алекс се бори со д-р Хан да го земе срцето. Дени и предложува брак на Изи но таа нема време да му одговори. Дени го добива срцето и Хан го оперира. Бурк сѐ уште не може да ги мрда прстите. Конфликтот помеѓу Џорџ и Мередит се разрешува. 
2-27 (36) „Losing My Religion“ 
„Губејќи ја вербата“
Шонда Рајмс Марк Тинкер 10 јуни 2008
Хан успешно го трансплатира срцето и Дени преживува. Дерек го спасува Бурк. Изи прифаќа да се омажи за Дени. Адисон, Дерек, Мередит и Фин го успиваат Док еднаш за секогаш. Ричард ги задолжува стажистите да и приредат матурска забава на Камила. Тие почнуваат со украсување порачување катеринг и дување балони. Ричард ги испитува сите стажисти да дознае кој ги скинал жиците на Дени но не добива одговор. Дени добива компликации и Изи паѓа во депресија и не престанува да плаче. Ричард ја теши но таа признава дека таа ги скинала жиците и нејзината медицинска кариера завршува. Кели е луда по Џорџ но тој не е сигурен дали тој е луд по нејзе. Мередит останува во дилема дали да остане со Фин или Дерек. 

Трета сезона: 2006-2007[уреди]

# Наслов Сценарио Режија Дата на емитување
3-01 (37) „Time Has Come Today“ 
„Денес е денот“
Шонда Рајмс Ден Мајнахен 1 октомври 2008
Во болницата се примени Омар и Жизел кои имале сообраќајка, но тие се болни од грип и заразуваат дел од персоналот. Жизел не ја преживува операцијата, а Омар е ставен во карантин. Меридит е загрижена зошто спиела со Дерек. Адисон лекува новороденче најдено во контејнер, а четири тинејџерки се донесени на тестирање за да се открие која е мајката. Изи тагува по Дени и никој не може да и помогне. Фин решава да се бори со Дерек за Мередит. Миранда го теши Омар. Адела го уценува Ричард да ја напушти работата или ќе се разведе од него. Кели се зближува со Фин и не може да престане да мисли на Џорџ. Џорџ добива совет за неговиот љубовен живот од сосема неочекувана личност. Се откриваат многу важни работи од минатото. Гледаме дел од детството на Мередит, раскинувањето на Елис и Ричард, забавата пред првиот ден на стажистите, првата средба на Дерек и Мередит и како Дерек ја напушта Адисон кога ја фатил како го изневерува. 
3-02 (38) „I Am a Tree“ 
„Јас сум дрво“
Криста Верноф Џеф Мелмен 15 октомври 2008
Кристина ги запознава родителите на Бурк, но тие нема да бидат воодушевени кога ќе видат со кого излегува синот. Стажистите се обидуваат да ја вратат Изи на работа и да дознаат зошто Бејли не зборува со неа. Адисон зема слободен ден и на Ричард му кажува дека треба да се соочи со развод. Средовековна жена се плаши да замине на операција од рак и сака да го проживее последниот ден. Во болницата е донесено момче со тешка повреда, а неговиот татко станува хистеричен. Мередит се двоуми околу Дерек и Фин. Вебер дознава дека Кели живее во болницата. 
3-03 (39) „Sometimes a Fantasy“ 
„Понекогаш фантазија“
Дебра Кан Адам Аркин 22 октомври 2008
Фин доаѓа во болницата по Мередит, а Дерек ќе ја отстрани од операција. Обајцата истовремено ќе дојдат кај неа дома, но таа ќе ги откачи. Џорџ не сака да и го даде клучот од куќата на Кејли и ќе се скара со неа среде операција. Алекс е шокиран кога ја добива за пациентка девојчето Меган, кое му кажува дека има натприродни моќи во што тој и ќе се увери кога ќе ја подложи на тест со лед, а таа не чувствува болка. Марк го пропушта летот за Њујорк за да биде со Адисон. Дерек оперира пациент со епилепсија кој не се сеќава на семејството. 
3-04 (40) „What I Am“ 
„Она што сум јас“
Алан Хајнберг Дан Лернер 29 октомври 2008
Мередит се жали на болки во стомакот, а Кристина ја советува да направи преглед и мисли дека е бремена. Дерек му се жали на Ричард што го вработил Марк и ќе се скара со него. Миранда му наредува на пациент да се придржува на терапијата и да не пушти, а тој ќе запали цигара и ќе ги активира сите аларми и ќе се запали со маската за кислород, па Марк мора да интервенира. Адисон се двоуми дали да изврши царски рез на пациентка. Кристина му помага на Бурк да го сокрие треперењето на раката. Изи го запознава таткото на Дени. 
3-05 (41) „Oh, the Guilt“ 
„Ах, таа вина“
Зоен Клек Џеф Мелман 5 ноември 2008
Дерек е вознемирен поради разводот од Адисон и поделбата на имотот. Изи им го покажува чекот на Џорџ и Мередит и размислува во што да ги вложи парите, а на Адисон и признава дека се чувствува виновна поради чекот. Бејли има проблем со пациентка кога не сака да и се отстрани дојката поради рак и треба да ја убеди да се оперира зошто има бебе. Во клиниката е донесена разведена двојка која се заглавила среде секс и Мередит и кристина ги раздвојуваат, а мажот ќе доживее инфаркт. Адисон му признава на Дерек дека живеела со Марк и тој ќе се скара со него. Кали го одбива Џорџ. 
3-06 (42) „Let the Angels Commit“ 
„Нека се посветат ангелите“
Стејси МекКи Џесика Ју 11 ноември 2008
На Изи и е дозволено да се врати на работа. Миранда има мака со забраните што им ги поставува на персоналот, а Кристина настојува да го заштити Бурк, а Миранда се сомнева дека тој сака да го поткопа нејзиниот авторитет. Мередит открива дека Дерек се гледа со друга кога ќе му упадне дома и ќе почне да го навредува, а потоа ќе дознае која е жената. Џорџ и се жали на Изи поради Кали, но таа нема време да го сослуша. Пациентката Ноел доаѓа во клиниката со дијагноза, два фетуса во две материци и треба во различен период да се родат. 
3-07 (43) „Where the Boys Are“ 
„Кај што се момчињата“
Марк Вајлдинг Ден Мајнахен 18 ноември 2008
Дерек оди на кампување и сите ги поканува, освен Марк. Ричард нема шатор и сака да спие со Џо и Волтер, но ќе открие дека тие се двојка. Џорџ забележува дека на Бурк му се тресе раката, а од Алекс ќе дознае дека Кели спие со Марк. Џо и Волтер ќе се скараат и ќе имаат несреќа. Марк ќе го оперира пациентот Даниел, кој сака да го смени полот, а анализите ќе откријат дека хормоните му предизвикале рак на градите. Кристина спасува момче кое проголтало фигури од игра. Адисон и Кели добиваат бремена пациентка која паднала под туш и бебето умрело во матката. Изи добива сосем неочекуван консултат - Сидни Херон!!! 
3-08 (44) „Staring at the Sun“ 
„Зјапајќи во сонцето“
Габриел Стенон Џеф Мелман 25 ноември 2008
Мередит ја посетува мајка и открива дека та не сака да јаде. Таткото на Џорџ е примен во болницата поради повреда и Кели ќе му помогне. Бејли му забранува на Џорџ да го лекува татко му и тој ја одбира Кристина да го замени, но таа открива дека тој има рак и мора итно да се оперира. Бурк крие од сите дека има проблем со тресењето на раката. Ричард решава да го подобри својот брак. Пациентот Френк ќе ја стави Изи во незгодна положба пред Марк. Бејли и Мередит го оперираат девојчето Миа, а Мередит ќе им приговори на родителите зошто не и ја знаат крвната група. 
3-09 (45) „From a Whisper to a Scream“ 
„Од шепот до врисок“
Кип Кониг Џули Ен Робинсон 2 декември 2008
Во болницата влетува девојката Џанел кој е облеана во крв и на Адисон и кажува дека имала сообраќајка со брачниот пар Дикерсон. Прегледот открива дека таа е бремена, но и дека има стакло во срцето. Бурк е назначен за шеф на хирургијата, но Џорџ не сака тој да го оперира татко му и ја навредува Изи кога таа разговара со мајка му. Кали ја напаѓа Мередит и мисли дека таа му кажала на Џорџ со кого го изневерила. Бурк има две операции истовремено и Кристина сака да му асистира, но тој ја одбива. Среде операцијата на Џанел, пука артеријата. 
3-10 (46) „Don't Stand So Close to Me“ 
„Не стои близу до мене“
Каролина Паиз Сит Ман
Мередит ја посетува мајка и, но е шокирана кога таа и кажува дека никогаш не сакала дете. Бејли бара Ричард да ги казни Кристина и Бурк. Бурк му признава на Дерек дека не сака веќе да оперира зошто има тумор. Полусестрата на Мередит, Моли треба итно да се породи и Адисон изведува царски рез, но бебето не дише и го носи на операција. Во болницата доаѓаат сијамските близнаци Џек и Питер кои бараат да бидат раздвоени, зошто Џек сака да се жени, а Дерек смета дека операцијата е ризична. Бејли му забранува на Џорџ да биде присутен на операцијата на татко му. 
3-11 (47) „Six Days, Part 1“ 
„Шест дена, прв дел“
Криста Верноф Грег Јаитанс
Џорџ е бесен зошто Изи не сака да го уновчи чекот. Тинејџерката Хедер Даглас има сколиоза и Изи се грижи за неа, а Дерек наоѓа начин како да изврши операција за да и го исправи грбот. Мередит доаѓа да ја види Лора, но таму го гледа и татко и со кого не зборува. Дерек не може да спие зошто Мередит хрчи во сонот и тој не знае како да и каже. Марк се кара со Алекс и Адисон интервенира. Таткото на Џорџ бара да му се отстранат сите метастази кога ќе го оперираат и Бурк и Бејли прифаќаат да ја изведат операцијата, без да му кажат на Џорџ. Џорџ ја бакнува Кели, а Алекс ги покажува своите чувства кон Адисон. 
3-12 (48) „Six Days, Part 2“ 
„Шест дена, втор дел“
Криста Верноф Грег Јаитанс
Џорџ е пресреќен кога дознава дека Изи го дала чекот во банка. Таа ќе донира пари за операцијата на Хедер, но Бејли нема да и дозволи да асистира на операцијата. Адисон и признава на Кали дека била бремена од Марк, но сакала дете од Дерек, зошто Марк ја изневерувал. Татко му на Џорџ повторно е интубиран, но сите органи почнуваат да откажуваат, а Џорџ дознава дека тој барал да се оперира. Адисон се соочува со Марк. Ричард и Бејли му кажуваат на Џорџ дека татко му е во кома и нема да се разбуди, па Џорџ дозволува да го симнат од апаратите. 
3-13 (49) „Great Expectations“ 
„Големи очекувања“
Ерик Бухман Мајкл Гросман
Бурк и Кристина не разговараат, па Мередит ќе интервенира за да ги натера да се соочат. Дерек е изненаден кога Кристина му открива дека Ричард сака Бурк да биде шеф на хирургијата. Тој се кара со Мередит кога дознава дека таа му кажала на Марк за пензионирањето на Ричард. Кели не сака да му служи како секс играчка на Џорџ за да ја преболи смртта на татко му. Џорџ е очаен кога добива пациентка со иста дијагноза како татко му. Изи сфаќа дека таа сака да умре во семејството кое се Амиши. Бурк и Џорџ истовремено им предлагаат брак на Кристина и Кели. 
3-14 (50) „Wishin' and Hopin'“ 
„Надежи и желби“
Тони Фелан Џули Ен Робинсон
Се отвора новата клиника Дени Дукет и Изи нестрпливо ги чека првите пациенти кои ќе се лечат бесплатно. Мередит мора да се соочи со мајка и за да и објасни дека има Алцхајмерова болест, но Елис Греј ќе добие напад и ја напаѓа Мередит, а потоа и Дерек. Кели и Џорџ се венчаат во Лас Вегас и сите се изненадени од веста. Во клиниката доаѓа пациентката Марина, но нејзината крв ќе зарази дел од персоналот со непознат отров и тимот спроведува ризична операција, но таа се буди среде операцијата. Изи ја добива пациентката Кели. Елис не сака да се оперира. 
3-15 (51) „Walk On Water“ 
„Одејќи на вода“
Шонда Рајмс Роб Корн
Дерек ја извлекува Мередит од када, мислејќи дека таа сака да се удави. Сите се изненадени од новиот имиџ на Ричард. Новата лекарка Сидни сите ги нервира. Персоналот оди да им помогне на повредените во несреќата на траект и товарен брод. Изи сама мора да спасува човек под автомобил, а Мередит наоѓа девојче кое е изгубено. Алекс спасува бремена жена врз која паднал столб. Повредените ги носат во болница. Џорџ го бара синот на една од повредените. Бурк му кажува на Дерек дека ќе се жени со Кристина. Помагајќи на еден повреден, Мередит е турната во морето. 
3-16 (52) „Drowning On Dry Land“ 
„Давејќи се на суво“
Шонда Рајмс Роб Корн
Мередит исчезнува во водата. Џорџ ја лаже пациентката која треба да ја оперираат дека го нашол син и, а Миранда му наредува да го најде пред пациентката да се разбуди. Изи му се јавува на Ричард кој со Марк и даваат инструкции по телефон како да го спаси повредениот под автомобилот и таа со бургија ќе го оперира за да го спаси. Алекс се справува со роднините на повредените и жртвите и се досетува со полароид да ги слика жртвите. Девојчето му кажува на Дерек каде е Мередит и тој ја извлекува ја носи во болницата, но таму ќе утврдат дека има хипотермија и Мередит умира. 
3-17 (53) „Some Kind of Miracle“ 
„Некој вид чудо“
Шонда Рајмс Адам Аркин
Тимот ја реанимира Мередит, но мониторот покажува рамна линија. Бурк ја убедува Кристина да се врати во салата и да се збогува со Мередит пред да ја исклучат од апаратите. Мередит има визија во која го гледа Ден и тој и кажува што знае за сите во болницата и ќе ја види мајка и. Втората реанимација не успева, но Кристина бара да се обидат со вградување на бајпас. Адисон го уценува Марк да нема секс со други жени, ако сака да му се врати. Алекс ја посетува бремена жена и и кажува дека ќе роди девојче. Реанимацијата успева и тимот ја враќа Мередит во живот. 
3-18 (54) „Scars and Souvenirs“ 
„Лузни и сувенири“
Дебора Кан Џејмс Фроли
Изи е изненадена кога во бањата го гледа Алекс и дознава дека тој ќе се всели во собата на Џорџ. Таа добива пациент со куршум во рамото и Ричард се нуди да го извади, но куршумот е оштетен за да докаже кој пукал во човекот. Марко сака да ја оперира бремената пациентка и Адисон ќе интервенира кога таа ќе почне да крвари. Колешката на Дерек, Хелен има тумор што постојано и се враќа и сака последен пат да се оперира кај Дерек. Марлоу и предлага брак на Кристина, но таа не сака. Таткото на Мередит ја кани на вечера. Џорџ доаѓа кај Изи и ќе се опијанат. 
3-19 (55) „My Favorite Mistake“ 
„Мојата омилена грешка“
Крис ван Дусен Тамра Дејвис
Мередит не сака да се дружи со Сузан и смета дека таа нема да ја замени мајка и. Дерек се соочува со Ричард околу унапредувањето, но Ричард го убедува дека тоа нема да му донесе среќа во љубовта. Девојчето Хана има леукемија и треба да и се направи трансплантација, а Изи во неа ја препознава ќерка и која ја дала на посвојување. Таа дава коскена срж, а Џорџ доаѓа во салата да и помогне и заборава дека треба да се види со Кали. Брачната двојка Малоун ја препознава ќерката Ава и на Алекс му кажуваат дека тоа е ќерка им Шенон. 
3-20 (56) „Time After Time“ 
„Повремено“
Стејси МекКи Кристофер Мисијано
Претседателот на управата на клиниката, Лари Џенинг е примен на клиниката со отечени тестиси и рендгентската снимка покажува дека во мочниот меур има тропска риба која се заглавила. Марк и Адисон се договараат да немаат секс два месеца, но таа нема да издржи. Ава има напад и Адисон ја породува. Кели бара од Изи да и го врати Џорџ. Бурк не може да се одлучи која торта да ја купи и носи примероци од сите за да персоналот одлучи. Изи добива пациент со чудна настинка, а Бејли увидува дека мозокот му се движи. Жената на Лери доаѓа в клиниката. 
3-21 (57) „Desire“ 
„Желба“
Марк Вајлдинг Том Верика
 
3-22 (58) „The Other Side of This Life, Part 1“ 
„Другата страна на животов, 1“
Шонда Рајмс Мајкл Гросман
 
3-23 (59) „The Other Side of This Life, Part 2“ 
„Другата страна на животов, 2“
Шонда Рајмс Мајкл Гросман
 
3-24 (60) „Testing 1-2-3“ 
„Пробувам 1-2-3“
Алан Хајнберг Кристофер Мисијано
 
3-25 (61) „Didn't We Almost Have It All?“ 
„За малку ќе имавме сѐ“
Тони Фелан Роб Корн