Кристина Јанг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Д-р. Кристина Јанг
Dr. Cristina Yang
Лик од Вовед во анатомија
CristinaYang.jpg
Сандра О како Кристина Јанг
Прво појавување A Hard Day's Night
Создаден од Шонда Рајмс
Толкуван од Сандра О
Информации
Пол Женски
Старост 28
Занимање Стажист во Сиетл Грејс
Титула Доктор по медицина, Доктор по философија и Дипломат по либерални уметности.
Семејство Хелен Рубенстајн (мајка)
Д-р. Сол Рубенстајн (очув)

Кристина Јанг (англиски: Cristina Yang) е измислен лик од телевизиската серија на ABC, Вовед во анатомија. Ликот е толкуван од актерката Сандра О, која доби Златен глобус и SAG награда во 2006 за улогата. Сандра О оттогаш се има номинирано за најдобра споредна улога во драмска серија во 2007 на доделувањето Еми награди

Позадина[уреди]

Кристина Јанг е доктор со кореанско потекло, но е староседелец на Беверли Хилс, Калифорнија. Била израсната како еврејка и неколку пати за себе рекла дека е еврејка, иако верува само во наука и е цврст атеист, што укажува на тоа дека може да е хуманистички евреин. Нејзиниот биолошки татко умрел кога таа имала само 9 години во сообраќајна несреќа, каде што го гледала како крвари пред да пристигне помошта. Покрај тоа што е дислексичар, таа има диплома Дипломат по либерални уметности од Колеџот Смит, диплома Доктор по медицина од Медицински универзитет во Стенфорд каде завршува како првенец на генерација. И се здобива со диплома Доктор по философија од Калифорниски универзитет во Беркли.

Краток преглед[уреди]

Кристина е особено фокусирана на работата таа отсекогаш вели дека медицината е нејзинот живот и ја сака својата работа повеќе од кој било друг, таа всушност е највозбудената од стажистите кога некој ќе побара од неа да асистира на операција. Екстремно конкурентна, таа дури и знае да „киднапира“ или „украде“ некој пациент ако со тоа добива шанса да учествува на операција. Кристина има одлични хируршки вештини и таа е стажистот со највеќе медицинско знаење во текот на нејзината прва година во Сиетл Грејс. Како и да е, таа има чудно однесување и на почетокот мрази да ја допираат и цело време ги опоменува ако ја допрат и се однесува чудно кога некој ќе ја допре вклучувајќи ја и мајка и. Таа ќе направи се само да учествува на операција и не се грижи како се однесува кон пациентите, таа всушност отсекогаш имала проблем да сочувствува со пациентите. Таа буквално „се моли“ да добие пациент кој ќе биде многу повреден и многу „поинтересен“ за операција. Отсекогаш доаѓала прва на работа за да ги добие најдобрите пациенти и секогаш се бори да добие некој пациент со кој влегува на операција. Но покрај се иако среќна што ќе учествува на операцијата подоцна ќе се покаже дека има подобра операција на која можела да учествува. Со ова сѐ уште ја учи лекцијата дека треба да се добие пациент на чесен начин а не со измами.

Кристина повеќе цени логичко и практично размислување отколку емоционално објаснување, но покрај се откако е стажистка таа има претрпено неколку емоционални ситуации и се има препуштено на емоциите повеќето пати. Поради доживеаната траума гледајќи го татко и како умира, таа избегнува да гледа како луѓето се справуваат со емоционална загуба од страв да не ги изгуби тие што ги сака. Борејќи се со искажувањето на чувствата на Кристина и станува се поудобно да ги искаже своите внатрешни мисли. Без оглед на ова сепак таа се смета за нај не емоционалната стажистка од Сиетл Грејс. Но и покрај се таа останува најдобра пријателка со Изи, Џорџ, Алекс и највеќе со Мередит која ја смета за најдобра пријателка и „личност“.

Историја на ликот[уреди]

Прва сезона[уреди]

Најважни работи во оваа сезона за Кристина: Сексуалната врска со Бурк и борбата да ги добие најдобрите операции за да стане најдобар стажист.

Кристина станува стажист во Сиетл Грејс откако дипломира како првенец на генерација во Стенфорд. На првиот ден од нејзиното стажанство таа и Мередит се договараат да работат заедно на еден случај откако Дерек бара од сите стажисти да откријат што се случува со една млада девојка а наградата за тој што ќе открие е да учествува на операцијата. Откако заедно ќе го најдат решението Мередит и дозволува на Кристина таа да учествува бидејќи Мередит несака да го гледа Дерек повеќе. Но Дерек наредува Мередит да учествува а не Кристина незнаејќи дека тие имаат договор заради ова Јанг ја навредува Мередит дека таа ги добива операциите поради нејзината позната мајка Елис Греј и дека спиела со Дерек. Но откако сфаќа дека греши и се извинува и тие стануваат пријателки. Иако со таков карактер Џорџ, Изи и Алекс се спријателуваат со Кристина.

Таа е „пресреќна“ кога дознава дека Бурк има направено грешка во една операција и следејќи го во една соблекувална тие имаат секс оваа сексуална врска продолжува сè додека Кристина не остане бремена. Кога во болницата избива сифилис Кристина се двоуми дали да застане на редот да ја проверат но Бурк и се доближува и и кажува дека нема причина зошто таа да стои на редот, а и таа му го вели истото што значи дека двајцата не спијат со никој друг и се верни меѓусебе.

Таа крие од Бурк дека е бремена и на крајот од сезоната закажува абортирање.

Втора сезона[уреди]

Најважни работи во оваа сезона за Кристина: Сериозната врска со Бурк, продавањето на нејзиниот стан и преселувањето кај Бурк.


Трета сезона[уреди]

Таа е во куќата на Мередит и заедно со останатите ја тешат Изи. Таа и Мередит како секогаш си зборуваат за нивните животи и Мередит и открива дека спиела со Дерек, а пак Кристина и го објаснува еврејскиот обичај Шива кој се прави само кога некој ќе умре. Кристина се потсетува на забавата пред првиот ден на работа и таму ја гледаме Кристина само на страна како ги гледа сите. Го гледаме и Бурк како разговара со една афроамериканка одеднаш љубопитната Кристина му се приближува на Бурк и почнува да го замара со глупави работи сè додека тој не ја откачи таа засрамена ја напушта забавата. На крајот од епизодата оди во креветот на Бурк го прегрнува и му вели да и вети дека никогаш нема да ја остави сама (тој и ветува но на свадбата всушност ќе ја остави на олтарот сама).

Четврта сезона[уреди]

Петта сезона[уреди]