Ед, Ед и Еди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ед, Ед и Еди
250px
Жанр Цртан филм
Создадена од Дени Антонучи
Гласови од Мет Хил
Сeмjуел Винсет
Тони Сампсон
Земја на потекло САД (прикажување)
Канада (продукција)
Јазик Aнглиски
Број на сезони 5
Број на епизоди 69
Продукција
Времетраење 22 минути
Емитување
Канал на емитување Cartoon Network
Период на прикажување 4 јануари, 1999
Официјална Веб-страница

Ед, Ед и Еди (англиски: Ed, Edd n Eddy) е aмериканска анимирана телевизиска серија создадена од Дени Антонучи и продуцирана од a.k.a. Cartoon за Cartoon Network. Најпрво требало да има четири сезони од оваа анимирана серија, но Cartoon Network се одлучиле за уште една сезона, па така сега Ед, Ед и Еди има вкупно пет сезони. Овој сериски цртан филм моментално е најдолго прикажуваниот на Cartoon Network.

Дејството во серијата се центрира околу три деца: Ед (Ed) - кој слабо го користи својот мозок, Ед (Edd) - нарекуван и Дабл Ди кој е натпросечно интелегентен и Еди (Eddy) - низок „лидер“ на ова трио. Заедно познати како „Едовите“, тројцата се постојано во нивното изолирано маало наречено Пич Крик Естејтс. Предводени од Еди, тие сакаат да соберат пари од своите врсници, но обично нивните планови не успеваат, оставајќи ги во разочарување. Ликовите во серијата речиси никогаш не ја напуштаат својата населба, а возрасни личности никогаш не се појавуваат.

Општо[уреди]

Необично е што Ед, Ед и Еди цртаната серија е целосно анимирана со користење на традиционална анимација на проѕирна пластика - скратено пп, за разлика од повеќето цртани филмови кои денес се прават со користење на компјутерска анимација. Користењето на обоени пп се отфрлило при крајот на четвртата сезона. Иако анимираната серија сè уште е целосно цртана со рака, сите пп се обоени компјутерски, бидејќи ниедно студио за анимација повеќе не боело пп. Овај цртан филм е еден од последните кои користеле боени пп.

Ед, Ед и Еди користат модерна верзија на Скуиглвижн (англиски: Squigglevision). Брливите линии не се ни блиску активни како и оние во Д-р Кац, Професионален психијатар, но сепак се видливи.[1] Една од причините за популарноста на серијата е поради оваа техника во анимирањето.[2] Дени Антонучи оваа техника ја нарекува ефект на клатење, кој се појавил во цртаните од 1930-тите години кога филмот бил нестабилен и правел сличен ефект.[3]

Постојат многу неразбирања за серијата, вклучувајќи ги фактите за децата. Серијата се развива околу Ед триото, останатите деца, и Кенкерс но нема појава на други ликови. Не е ни споменато каде децата живеат кога се мисли на град или држава. Многу малку се знае за други луѓе во градот па дури и дали имаат некоја врска со главните ликови на цртаната серија. Серијата многу често се поврзува со останати работи. Речиси секоја епизода има поврзаност со различни култури, особено со некои филмови. Сите наслови на епизодите освен специјалните епизоди за празниците, се популарни поговорки и слично, со вметнато Ед, на пример „Stop, Look, and Listen“ - „Stop, Look, and Ed“. Некои се и пародии на имиња на познати филмови, на пример „For Your Eyes Only“ - „For Your Ed Only“, „The Day the Earth Stood Still“ - „The Day the Ed Stood Still“, „Ocean's Eleven“ - „O-Ed's Eleven“ и др.

Бројот на ликовите во серијата е постојан. Не се појавуваат возрасни или останати личности освен вообичаените. На училиште, триото Ед и останатите деца се единствените личности кои можат да се видат. Понекогаш, се појавуваат и возила, па може да се претпостави дека возразни возат, но сепак тие никогаш не се покажуваат. Сепак често се споменуваат родители и други блиски роднини. Дени Антонучи сака оваа цртана серија да припаѓа во секоја возрасна група. Доколку видео-рекордер е потребен во некоја епизода, би го ставиле. Во првата епизода, Дабл-ди користи компјутер кој работи на тостер за да му даде на Џони тест за лага. Но децата немаат предмети од модерна технологија како iPod, Game Boy, PDA уреди или пак мобилни телефони. На пример, телевизорот на Ролф има 4 канали, а телевизорот на Ед има антена од уши на зајак.

Најголемо задоволство во програмата, особено на Ед триото, им се џоубрејкерите (големи амерички бонбони, или во превод „вилицокршачи“). Многу од епизодите се посветени на барањето на овие бонбони. Тие во цртанот се презголемени и изгледаат поголеми од главата на ликовите. На децата кои имаат во устата џоубрејкери им се познаваат големи топки на образите. Првите 4 сезони од серијата се во летниот период. Петтата сезона се одвива на училиште и тоа во есен и зима. Повеќето од епизодите започнуваат со нешто неповрзано со приказната на епизодата. Тоа е за да се изрази спонтаноста на детскиот живот.

Ликови[уреди]

Според едно интервју со режисерот Дени Антонучи (специјално видео во ДВД од првата сезона), сите личности во серијалот се базирани на луѓе од неговиот живот. Ед, Ед и Еди се базирани според него и неговите деца, а останатите се базирани на други деца со кои тој растел. Антонучи мисли дека е многу важно Пленк да биде во серијата, бидејќи така Џони би правел нешта што инаку никогаш не би ги направел.[4] Во друго интервју со Антонучи, тој рекол дека Ролф е цврсто базиран на него и неговите братучеди бидејќи и тој самиот бил имигрант и бил научен на поинаква култура на живеење. Децата имаат разно обоени јазици, бидејќи, како што вели Дени Антонучи, децата речиси секогаш имаат нешто во устата (бонбони, мастики) што им ги прави јазиците во различни бои.

Едовите[уреди]

Ед со гласот на Мет Хил е еден од Едовите чије име на англиски се пишува со едно д - Ed. Тој претставува работната сила во групата. Тој знае премногу да се смее, и е речиси постојано среќен. Неговиот мозок претставува збирка на стрипови и филмови со чудовишта, па нив често ги меша со реалноста. Ед секогаш е заштитнички настроен кон својата сестра Сара, поради што таа често манипулира со него. Една од особeнoстите на Ед, е тоа што тој воопшто не води хигиена, а на некои моменти дури е и преплашен од сапун и средства за чистење. Тој обожува тост, сос и животни, особено кокошки и зајаци.

Ед со гласот на Семјуел Винсет е еден од Едовите чије име на англиски се пишува со две д - Edd, поради што е понекогаш нарекуван Дабл-Ди. Неговото име има ист изговор како и на привот Ед, но пишувањето на името е променето за да се прави разлика меѓу двата ликови и за да се покаже важноста и статусот на секои од Едовите во нивната група. Ед е најинтелигентното дете од цело маало поради што е нарекуван „млад пронаоѓач“ и е опседнат со чистота и среденост. Никогаш не е виден без својата слична на чорап црна зимска капа, криејќи некоја тајна непозната на останатие освен за Едовите. Неговите родители го заморуваат со работа низ дома, комуницирајќи со него преку лепенки на кои ги пишуваат неговите задачи. Ед сите го сметаат за „филозофче“ и е најдобар на училиште. Мрази спорт поради мистериозен настан познат како „инцидентот доџбол“.

Еди со гласот на Тони Сампсон е самобендисан измамник и самоназначен лидер на триото Ед. Тој ќе направи огромни планови само за да дојде до пари од останатите деца, па дури и ако заради тоа ги извиси своите пријатели. Неговите заработувачки се џоубрејкерс (големи американски бонбони), кои многу ги обожава па затоа сите пари ги троши на нив. Еди го мрази училиштето и нема баш најдобри оценки. Тој ја обожува својата соба во диско стил, исполнета со лава сијалица, голем кружен кревет, диско топка и грамофон.

Други ликови[уреди]

Џими е типичен плачко - брат или другар. Тој е детски настроен уметник кој посакува да биде славен, и најчесто поминува време со Сара, која секогаш е штитнички настроена кон него. Џими многу често има непријатности, обично во спортот и другите физички активности, и е најслаб од сите деца. Иако Џими има кукавички и деликатен карактер, тој искрено посакува да биде силен и мускулест. Може да биде и опасен ако е мотивиран, а двапати направи измами кои беа успешни, за разлика од Еди на кој скоро никогаш не му успеваат. Џими покажува колку длабоко емоционално е приврзан за Сара, кога некој ќе проба да ја тргне настрана од него. Носи и огромна протеза за да си ги поправи забите и секоја епизода тој е повреден на различни места.

Џони е типично чудно дете во маалото кој сака да биде сам, и има замислен другар. Џони има голема глава, зборува многу, и често оди на нерви на другите деца. Него не му сметаат измамничките планови на Ед, Ед и Еди, а понекогаш изгледа како да ужива во нив. Џони е секогаш искрен, лесно потпаѓа под туѓо влијание и им простува на останатите што и да направат. Тој е ретко без својот најдобар другар - штица со нацртани очи и уста со фломастер, наречен Пленк.

Кевин е мангуп во маалото. Го мрази триото Ед, особено Еди, и често ги нарекува глупаци. Кевин е агресивна личност, и е покажан како екстремно груб на некои моменти. Кевин има гаража преполна со jawbreakers, бидејќи неговиот татко работи во фабрика за такви бонбони. Кога не го вози својот велосипед, тој често се дружи со Ролф и Наз. Тој е помошник во училишната сала и надзорник во Пич Крик Џуниор Хај училиштето и обожава да игра амерички фудбал.

Наз ја има улогата на типична девојка-навивачка. Модерна и привлечна, Наз најчесто се дружи со Кевин. Нејзе не и пречат Едовите освен ако нарочно ја нервираат. Сите момчиња освен Ролф и Џими се затрескани во неа. Таа кога и да помине, Едовите почнуваат да се потат, и стануваат срамежливи. Таа е главна навивачка во Пич Крик Џуниор Хај. Иако Наз обично е слатка и паметна, таа понекогаш може да биде и глупава и да игра улога на типична русокоса.

Ролф има улога на доселеник со чуден говор и обичаи. Точно не се знае од која држава доаѓа Ролф, но ако некои епизоди се гледаат повнимателно, се забележува дека потекнува од Европа, најверојатно некаде од Скандинавските земји. Тој работи во фармата на неговите мајка и татко сместена во самото гратче, и ја предводи извидничката група наречена "Урбани Ренџери" во која учествуваат Џими и Џони. Ролф често зборува за него самиот во трето лице, е син на овчар и тој е горд поради тоа. Неговите верни животни се 2 прасиња, коза наречена Виктор, најмалку 4 кокошки, и крава. Кога не работи, тој се дружи со Кевин, играјќи разни спортови. Него не му смета многу Ед триото, освен ако тие направат будала од него, па тогаш тој станува груб. Тој секогаш спомнува луѓе од неговото семејство и им ракажува приказни од неговата земја.

Сара е разгалена помала сестра на Ед, која се однесува слатко и шармантно само кога некој и служи. Сара го има Ед на кој секогаш може да се поткрепи, а најчесто нејзините обврски му ги префрла нему. Таа не трпи многу и се расправа со сите особено со Еди. Таа често го повредува оној кој ја нервира или пак го повредува Џими, па затоа Ед, Ед и Еди се плашат од неа. Скоро секогаш се дружи со Џими, а кога не, сепак е во близина на Џими и го пази да не се повреди.

Останати ликови[уреди]

Кенкерс сестрите. Ако има едно нешто со кое Ед, Ед и Еди и останатите деца можат да се согласат, тоа е дека сите тие ги мразат the Кенкрс. Меј, Мери, и Ли се три сестри кои живеат близу парк за приколки наречен Park 'n' Flush. Тие се број еден непријател на сите останати деца, а и сите се плашат од нив поради нивната нехигиена, нивниот менталитет и нивното однесување. Сите три Кенкрс ги сакаат Едовите, но Меј го преферира Ед, Мери - Ед, а Ли - Еди.

Постариот брат на Еди никогаш не се појавува низ серијата, и неговото име никогаш не се открива, оставајќи ги останатите деца сами. Но низ серијата, доволно е кажано за неговиот карактер па затоа може да се смета за личност во серијата, иако никогаш не е прикажан. Еди вели дека неговиот брат бил нај-кул дете од сите во маалото. Кевин е уплашен од братот на Еди, а Ролф мисли дека тој сака да му ги украде сите кокошки. На Џони му е сеедно за братот на Еди, а Наз е затрескана во него. Џими сака да го запознае бидејќи имал големи мускули. На Сара не и е гајле за него.

Гласови[уреди]

  • Мет Хил - Ед
  • Самуел Винсет - Ед
  • Тони Сампсон - Еди
  • Кенан Кристенсон - Џими
  • Дејвид Пол Гроув - Џони
  • Катлен Бар- Кевин/Мери Кенкер
  • Табита Сент Џермеин - Наз (1. сезона)
  • Џен Форџи - Меј Кенкер/Наз (3. сезона)
  • Erin Fitzgerald - Меј Кенкер (1, 2, 4 и 5. сезона)/Нез (2, 4 и 5. сезона )
  • Peter Kelamis - Ролф
  • Janyse Jaud - Сара/Ли Кенкер

Епизоди[уреди]

Сезона 1: 1999[уреди]

Сезона 2: 2000[уреди]

Сезона 3: 2001-2002[уреди]

Сезона 4: 2003-2004[уреди]

Сезона 5: 2005-2008[уреди]

Специјали епизоди[уреди]

ДВД Изданија[уреди]

Компилации на епизоди[уреди]

ДВД омот ДВД име Дата на испуштање Бр. епизоди Додатни информации
100px Edifying Ed-Ventures 10 мај, 2005 6 Епизоди: "Sir Ed-A-Lot", "Who, What, Where, Ed", "Avast Ye Eds", "Know-It-All Ed", "Mirror, Mirror, on the Ed", "Hot-Buttered Ed",

Бонус вклучува "Клуб Ед: Правилата и Регулациите", "Мојот најдобар пријател Пленк" (музички спот), "Plank's Perspective" (опис на сите ликови не вклучувајќи ја Наз), и епизодата од серијата The Grim Adventures of Billy & Mandy - "Nursery Crimes"

100px Fools' Par-Ed-Ise 21 март, 2006 6 Епизоди: "If It Smells Like an Ed", "Take This Ed and Shove It", "One Size Fits Ed", "A Case of Ed", "Here's Mud in Your Ed", "Fool on the Ed",

Бонус вклучува обиколка низ студиото во "The Plank Family Players", и поглед позади сцените при правењето на видеоиграта Ed, Edd n Eddy: The Mis-Edventures.

Сезонски изданија[уреди]

ДВД омот ДВД име Дата на испуштање Бр. епизоди Додатни информации
EdEddEddyseason1DVD.jpg Комплетната Прва Сезона 10 октомври, 2006 13 Бонус вклучува интервју со креаторот, како да се направи Ед, Ед и Еди цртан, како да се нацрта Еди и Картун Нетворк комерцијална реклама вклучувајќи ги Џими и Пленк.
EdEddEddyseason2DVD.jpg Комплетната Втора Сезона 24 април, 2007 13 Бонус вклучува "Позади Едовите", музички спот "The Incredible Shrinking Day" и како да се нацрта Ед.

Видео игри[уреди]

Постојат три видеоигри базирани на Ед, Ед и Еди:

  • Ed, Edd n Eddy: Jawbreakers! e издадена на 15 септември, 2002,[5] за безжичниот уред за играње - GameBoy Advance
  • The Mis-Edventures е издадена во 2005 година за X-Box, Nintendo GameCube, Playstation 2, GameBoy Advance и за на Персонален Компјутер.
  • Ed, Edd n Eddy: Scam of the Century е издадена на 26 октомври, 2007 за конзолата Nintendo DS,.
  • Исто така имаат учествувано и во игра наречена Cartoon Network: Block Party, каде Еди и Сара се можни ликови за играње.
  • Ед, Ед, Еди и Џони имаат учествувано и во видеоигра наречена Cartoon Network Speedway како можни ликови за играње.
  • Претстојната игра на Картун Нетворк, наречена FusionFall ќe ги има сите три Едови како можни ликови за играње.

Други дела[уреди]

Екранска снимка од краткото појавување на Ед, Ед и Еди во Foster's Home for Imaginary Friends.
  • Ликови слични на Едовите се имаат појавено во Eddie Monster, епизода од Foster's Home for Imaginary Friends.
  • Се имаат појавено серии од 2-минутни кратки цртани наречени Ед, Ед и Едурардо во која Едуардо од Foster's се појави во Ед, Ед и Еди епизода. Овие кратки цртанчиња започнаа да се прикажуваат на 11 јули 2006 на Картун Нетворк.
  • Стилизирани верзии на Ед, Ед, Еди и Сара учествуваа во "The Incredible Shrinking Day", кратко видео кое беше испуштено на Картун Нетворк во 2002 и 2003 година. Сара користи напивка за да ги смали Едовите до големина на мали кукли па ги става во нејзината куќа за барбики и си игра со нив.
  • Пленк учествува во слично видео наречено "Мојот најдобар пријател Пленк" кое беше испуштено во 2002.
  • Маратон наречен Best Day Edder испуштен е на 27 и 28 април 2007. Секоја епизода беше прикажана хронички, завршвајќи со дотогаш неиспуштената последна епизода од Сезона 5.


Наводи[уреди]

  1. Matt, Shumway, Lamont Wayne. „Ed, Edd n Eddy: A Unique Approach“, „Animation World Magazine“, јуни 1999 (конс. 31 јули 2008).
  2. Briggs, Terence. „Ed, Edd n Eddy: Caught in a Circle“, „Animation World Magazine“, февруари 1999 (конс. 31 јули 2008).
  3. „Animation By Mistake: Chatting with Danny Antonucci“. http://animationbymistake.fateback.com/abm/dannytalk.html. конс. 31 јули 2008. 
  4. Season 1 DVD: Interview with the Creator
  5. „Ed, Edd n Eddy: Jawbreakers! for Game Boy Advance“. http://www.gamespot.com/gba/action/ededdneddy/index.html. 

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: