Алстердорф
Алстердорф | |
Кварт во Хамбург | |
Поглед на каналот Брабанд | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Хамбург |
Град | Хамбург |
Реон | Хамбург-Норд |
Основни податоци | |
Површина | 3 км2 |
Население | 12.955 (31 декември 2006) |
- Густина | 4.318 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HH |
Повик. бр. | 040 |
Местоположба на Алстердорф во Хамбург | |
Координати | 53°36′0″N 10°0′0″E / 53.60000° СГШ; 10.00000° ИГД |
Алстердорф е кварт во округот Хамбург-Норд на Хамбург, Германија. Името води потекло од реката Алстер, која подоцна била заградена во две езера Аусеналстер и Биненалстер во центарот на Хамбург.
Историја
[уреди | уреди извор]Околу 1803, населбата станала имот на Хамбург.
Географија
[уреди | уреди извор]Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Алстердорф имал вкупна површина од 3,1 км2. Реката Алстер рече од североисток кон југозапад е границата со квартот Грос Борстел на запад. На југ Алстердорф се граничи со квартот Винтерхуде. На исток е квартот Олсдорф.
Делови од големите гробишта Олсдорф (Ohlsdorfer Friedhof (германски)) припаѓаат на квартот Алстердорф.
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 2006, во квартот Алстердорф живееле 12.955 луѓе. Густината на населението била 4.232 жители на км2. 14,2% биле деца под 18 години, а 20,2% имале 65 или повеќе години. 11,6% биле странски жители. 467 лица биле регистрирани како невработени.[1]
Во 1999, имало 6.508 домаќинства од кои 15,3% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 54,4% од сите домаќинства биле сочинети од еден член. Просечната големина на домаќинството била 1,77.[2]
Население по години [1]
1987 | 1988 | 1989 | 1990 | 1991 | 1992 | 1993 | 1994 | 1995 | 1996 | 1997 | 1998 | 1999 |
12.455 | 12.487 | 12.551 | 12.563 | 12.520 | 12.449 | 12.622 | 12.577 | 12.476 | 12.209 | 12.027 | 11.847 | 11.827 |
2000 | 2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 |
12.180 | 12.379 | 12.480 | 12.723 | 12.825 | 12.872 | 12.955 |
Во 2006, имало 1.283 кривични дела (99 дела на 1.000 луѓе).[3]
Има едно 1 основно и 2 средни училишта во квартот Алстердорф и 30 лекари во приватни ординации и 5 аптеки.[4]
Спорт
[уреди | уреди извор]До отворањето на O2 World (Хамбург) во 2002, Алстердорфер Шпортхале била најголемата затворена спортска сала во Хамбург, служејќи и како место за концерти, саеми и други манифестации.
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Алстердорф е поврзан со железничкиот систем на подземната железница. Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 4.847 приватни возила (377 возила/1000 луѓе).[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Биро за регистрација на граѓаните, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
- ↑ Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ 4,0 4,1 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Податотеки поврзани со Alsterdorf на Ризницата
- Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Архивирано на 17 јуни 2008 г. Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница (германски)
|
|
|