Пестршино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Пестршино е село во Општина Пробиштип, во околината на градот Пробиштип.


Пестршино
Пестршино is located in Македонија
Пестршино
Местоположба на Пестршино во Македонија
Општина Општина Пробиштип
Население 10 жит.
(поп. 2002)


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Историja[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Пестршино живееле 135 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пестршино имало 156 жители, од кои 144 Македонци, егзархисти и 12 Роми.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во Петршино живеат 10 жители, Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на население низ сите пописни години: [4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 135[1] 156[2] 162 157 152 117 51 29 21 10

Родови[уреди | уреди извор]

Пестршино е македонско село.

Според истражувањата од 1970тите, родови во селото се:

  • Староседелци: Какаровци (6 к.) они се единствениот староседелски род, кои знаат дека сигурно живеат минимум шест колена назад во селото (во 1970тите).
  • Доселеници: Рибарци (5 к.) потекнуваат од предци кои турските бегови од Штип ги донеле во ова село да работат на чифликот. Нивното потекло е од селото Рибарци кај Битола. Бегот во овој довел и други семејства од битолско; Соколовци (5 к.) водат потекло од тројца браќа кои се доселил овде од селото Бардовци кај Скопје; Урдовци-Кременовци (6 к.) доселени се од селото Пуздерци; Караздравевци-Караманци (3 к.) доселени се од селото Куково во 19ти век.[5]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 222.
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 130 - 131.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. . Апостолов, Александар, Кондев, Тодор и Апостол Керамидчиев. Злетовска област. Географско-историски осврт, Скопje 1974.