Маја Даг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маја Даг
Φανός
Џамија во Маја Даг во 20. век
Џамија во Маја Даг во 20. век
Маја Даг is located in Грција
Маја Даг
Маја Даг
Координати: 41°07′N 22°47′E / 41.117° СГШ; 22.783° ИГД / 41.117; 22.783Координати: 41°07′N 22°47′E / 41.117° СГШ; 22.783° ИГД / 41.117; 22.783
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
ОпштинаПајонија
Општ. единицаБојмица
Надм. вис.&10000000000000294000000294 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно168
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Маја Даг или Мајадаг (на грчки: Φανός: , Фанос, до 1926 година Μαγιαδάγ, Мајадаг,[2] на турски: Mаyаdаğ, Мајадаа) е село во Грција, општина Пајонија, област Централна Македонија со 168 жители (2001).[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е лоцирано во североисточните падини на планината Пајак на 14 километри северно од градот Бојмица (Аксиуполи).

Историја[уреди | уреди извор]

Плоштадот во Маја Даг, во Првата светска војна

Во 19 век Маја Даг е големо турско село во казата Аврет Хисар (Кукуш) на Отоманската Империја. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена во Цариград во 1878 година и статистиката, во којашто е запишано машкото население од 1878, Маада (Mааdа) е наведена како населба во казата Аврет Хисар (Кукуш) со 600 домаќинства, како и тоа дека жителите се 1.496 муслимани.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) во 1900 година Маја Даг е село во гевгелиската каза со 3.200 жители Турци.[5]

Во 1913 година селото влегува во рамките на Грција. Населението се иселува во Турција и на негово место се населени Грци бегалци. Во 1926 година селото е преименувано во Фанос.[6] Во 1928 година целото село е бегалско со 146 семејства и 582 жители бегалци.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]