Замок Сан Анџело

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Замокот Сан Анџело)
Замок Сан Анџело
Карта

Замокот Сан Анџело (или поинаку наречен Големиот Адријан или пак замокот Кресенциј) е изграден во периодот од X-XII век. Ова здание исто така е познато и како мавзолеј на Адријан и претставува споменик на културата кој се наоѓа во Рим, на десниот брег на реката Тибар, веднаш спроти мостот Елиус (сегашното име на мостот е мост Сан Анџело). Местото е всушност на многу кратко растојание од Ватикан, помеѓу областите наречени Борго и Прати. Замокот е поврзан со државата Ватикан преку утврдениот коридор на „пасетото“ (градината). Замокот бил комплетно модифициран и реконструиран неколку пати во периодот на средниот век и ренесансата.

Ова здание во декември 2014 година станува имот на италијанската држава, односно преминува во сопственост на Министерството за културно наследство и дејности кое управува преку Музејскиот комплекс именуван како Лацио. Од декември 2019 година замокот е управуван преку институцијата Дирекција на државните музеи за градот Рим.

Историја[уреди | уреди извор]

Макета на мавзолејот на Адријан.

Римско потекло[уреди | уреди извор]

Целата сторија поврзана со овој замок започнува во 135 н.е. кога императорот Адријан побарал од архитектот Деметриано да изгради погребен мавзолеј за него и неговото семејство, инспириран од моделот на мавзолејот на Август. Новиот мавзолеј требало да биде со поголеми димензии. Работите околу изградбата на објектот траеле неколку години и конечно бил завршен од страна на Антонин Пиј во 139 година. Изграден е пред Кампот Марцио, кон кој има специјално изграден мост наречен Мостот Елио. Самиот мавзолеј бил конструиран врз кубна основа, покриена со луни од мермер, еден украсен фриз со животински глави од вол (Букрани) и дополнителни аголни пиластри. На делот на фризот свртен кон реката постоеле испишани имињата на императорите кои биле погребани во внатрешноста. Од таа страна се наоѓал влезниот лак посветен на Адријан. Делот на дромосот (или пристапниот премин) бил целосно обложен со материјал наречен антико џиало мермер (антички жолт мермер).

Над квадратната основа бил поставен барабан изработен од таканаречен пеперино и цементни опуси (opus caementicium) покриени со травертин и флетирани пиластри. Над него постоел земјен дел опкружен со дрвени елементи на кои биле поставени мермерни статуи. Тие статуи го краселе обиколниот периметар на споменикот, а се зачувани како фрагменти, пронајдени токму на тоа место. Најзачуваната пронајдена статуа била таа на познатата Барберини Фауно. Тумулот бил надграден со џиновска бронзена квадрига, која се прикажувала во управувачка позиција од страна на императорот Адријан. Тој елемент е претставен и прикажан во вид на сонце поставено врз висока основа или на некаков кружен постамент во вид на толос. Околу мавзолејот се наоѓал ѕид со бронзена порта, која била украсена со позлатени бронзени пауни. Два од тие пауни денес се чуваат во Ватикан.

Воздушна фотографија на замокот Сан Анџело од 1938 година

Внатре во замокот постоеле таканаречени вдлабнатини во вид на бунари кои служеле за довод на светлина со која се осветлувала спиралната рампа, тула, која пак била покриена со мермер. Преку дело кое претставувало бавно искачување, тој простор го поврзувал влезот или дромосот со просторот на погребната ќелија, сместена во централниот дел наречен тумул. Тумулот бил со квадратна форма и бил целосно покриен со полихроматски мермер. Овој дел бил надграден со две други простории, кои можеби исто така биле користени како погребни ќелии.

Во внатрешноста на мавзолејот биле сместени посмртните останки на императорот Адријан и неговата сопруга Вибија Сабина, потоа посмртните останки на императорот Антонин Пиј со неговата сопруга Фаустина Мајор и со нивните деца Луциј Алиј Цезар, Комодус, како и императорот Маркус Аврелиј со неговите тројца синови, императорот Септимиј Северус, неговата сопруга Јулија Домна и нивните синови. Во овој мавзолеј биле погребани и императорите Гета и Каракала.

Мавзолејот делумно ја изгубил својата функција во моментот кога бил поврзан со Аурелијските ѕидини, станувајќи дел од одбранбениот систем на градот Рим.

Замокот Сан Анџело и мостот Виторио Емануеле II

Од средниот век па сѐ до деветнаесеттиот век[уреди | уреди извор]

Во 403 година императорот на западното римско царство, Хонориј, кон делот на замокот ја вклучил градбата на таканаречените Аурелијските ѕидини. Од тој момент мавзолејот ја изгубила првобитната функција како гробница и полека се претворила во дел од тврдина, или бедем покрај реката Тибар кој служел како одбранбена линија на градот Рим.[1] Од тој период мавзолејот за прв пат започнува да се нарекува со името кастелум (замок). Овој замок или подобро речено тврдина успеал да ја одбрани областа на Ватикан од ограбувачките походи на Визиготите кои во 410 година бил предводени од нивниот водач Аларик. Исто така оваа тврдина успешно се одбранила и од нападот на вандалите предводени од Генсерик во 455 година. За да се одбранат, Римјаните од овие разбојнички походи употребиле фрлајќи сè што имале при рака, дури и статуите: како што била статуата на таканаречениот Барберини Фауно. Оваа статуа подоцна била пронајдена во рововите во близина на тврдината.[2] Во почетокот на шестиот век, овој замок бил користен како државен затвор од страна на владетелот Теодорико.[3]

Според традиционалните записи, замокот го добил денешното име некаде во 590 година. Бидејќи во тој период градот Рим бил погоден од тешка чума, папата Григориј I решил да организира свечена покајничка поворка. Додека понтифот (папата), ја предводел поворката, преку мостот Понте Елио, оддеднаш го здогледал архангелот Михаил кој стоел на врвот на Кртот Адријана, со обвиен меч. Тој призор бил протолкуван како небесен знак кој го најавува блискиот крај на епидемијата, која всушност се случила. Од тој момент, Кртот Адријана бил познат само и единствено како замокот Сант Анџело. На самата височинка била подигната црква посветена на „Сан Анџело возвишен до небото“.[4] Во XIII век била подигната статуа која го прикажувала ангелот во чинот која врши обвивка со мечот.[5] Денес во музејот наречен Капитолин е зачуван кружен камен на кој има стапалки кои според верувањето биле оние кои ги оставил Архангелот во моментот кога застанал за да го објави крајот на чумата.[6]

Поседувањето на тврдината била предмет на отворено несогласување помеѓу бројни благородни римски семејства од периодот на првата половина на 10 век. Оваа локација станала упориште на сенаторот Теофилато и неговото семејство. Подоцна, неговата ќерка Марозија и неговиот внук Алберико, го користеле замокот како затвор. Оваа намена, замокот ја зачувал до 1901 година.[2] Во 932 година, Марозија, инаку поранешна љубовница на папата Сергиј III и сопруга на Алберико I Маркизот од Сполето, а потоа и сопруга на Гвидо од Тоскана, можеби поради причината за да биде малку и „духовита“[7] својот трет брак со Уго од Прованса сакала да го прослави токму во просторијата наменета за императори на замокот Сант Анџело. Но, целата таа замисла не и донела многу среќа, бидејќи за време на свадбениот ручек за третиот брак, Алберико II, синот на првиот сопруг маркизот Алберико, ненадејно се појавил во замокот Сант Анџело. Со неговото појавување во замокот тој го принудил Уго да се повлече и да побегне и со тоа Алберико II ја презел власта. Марозија поради нејзините постапки и духовитост мрачно ги завршила своите последни денови од животот во една ќелиите во замокот Сант Анџело.[7]

Во втората половина на 10 век, замокот преминал во рацете на Крешензите и кај нив останал цел еден век. Крешензите како династија го зајакнале замокот до тој степен што на зградата и го дале името: Тврдината Крешензи на Замокот Сан Анџело. Ова име на замокот бил идентификуван долго време, дури и по преносот на сопственоста врз династијата Пирлеони, а подоцна и династијата Oрсини. На семејството Орсини замокот му бил продаден од страна на папата Никола III. Ова семејство го задржало замокот до 1365 година. По таа година објектот бил предаден во владение на црквата.[8]

Папата Никола III, имајќи ја предвид репутацијата на замокот како добро утврдување и непробојност и неговата близина до базиликата Свети Петар и палатата Ватикан, одлучил во него делумно да ја префрли апостолската столица. Префрлувањето е сторено поради фактот дека Латеранскиот дворец не бил проценет како доволно безбеден.[9] За да ја зголеми и обезбеди безбедноста на палатата во Ватикан, тој го изградил познатиот мал премин, кој ја сочинувал заштитената патека од папатата на базиликата Свети Петар до објектот на тврдината.[1]

Во 1367 година клучевите од замокот од страна на црквата му биле предадени на папата Урбан V, за да можело да се побара неговото враќање во Рим од егзил во Авињон. Од тој момент па натаму, замокот Сан Анџело нераскинливо ја поврзал својата судбина со судбините на папите. Тоа било најмногу поради фактот за неговата цврста и утврдена структура. Подоцна овој објект папите ќе го користат како засолниште за време на зголемена опасност. Просториите биле и место посветено за сместување на Архивите и Ризницата на Ватикан, како и дополнителен простор за сместување на судот и на затворот.[1]

Поглед на областа на замокот Сан Анџело, фотографија од крајот на 17 век

Во 1379 година замокот бил речиси срамнет со земја од разбеснетото население кое било огорчено на францускиот гарнизон, кој бил поставен да го обезбедува замокот од страна на Урбан V. Реконструкцијата на замокот била започната во 1395 година од страна на папата Бонифациј IX, кој му наредил на воениот архитект Николо Ламберти да изврши серија интервенции, за да се изврши зајакнување на одбранбената структура. Влезот во замокот бил возможен само преку една пристапна рампа и преку подвижниот мост. Капелата посветена на Архангел Михаил повторно била изградена на врвот на објектот.[10]

Во наредните четири векови интервенциите и трансформациите следувале една по друга: Папата Николо V (1447-1455) го надградил замокот со една папска резиденција - првата резиденција во внатрешноста на ззамокот. Под наредба на истиот папа биле изградени три бастиони на аглите од надворешниот четириаголен дел. Тој предвидел и реконструкција на мостот Сан Анџело, по повод на некои јубилејни настани. Папата Александар VI (Борџија) му наредил на архитектот Антонио да Сангало Постариот да изгради дополнителни фортификациски елементи, по што објектот добил карактер на вистинско воено упориште според најсовремените техники и стандарди наречени „модерно утврдување“. На замокот биле подигнати неколку бастиони кои имаат петаголна форма. Овие делови биле посветени на евангелистичките светци, кои ги изградил претходните структури под директна контрола на папата Никола V. За да обезбеди поголема контрола врз пристапните патеки до замокот, папата Александар VI, подоцна подигнал дополнителна цилиндрична кула на местото на преминот од мостот кон ѕидовите. На тоа место постои ров исполнет од водите на реката Тибар.

Реконструкциските зафати нарачани од папата Александар VI не биле насочени само кон зајакнување на одбранбената структура на објектот, туку направил и нов дел за престој. Новите простории со фрески ги украсил Пинтурикио. Биле додадени и неколку градини со фонтани. За време на неговиот понтификат, папата Алесандар го трансформирал замокот, каде што сакал често да престојува. Во раскошната палата тој организирал банкети, забави и театарски претстави. Записите од тоа време ја опишувале резиденцијата како доста луксузна и раскошна. Денес раскошноста на резиденцијата не постои, бидејќи во 1628 година целиот тој дел бил урнат од страна на папата Урбан VIII, за да се ослободи простор за изградба на нови утврдувања.[11]

Поглед на замокот од правец на мостот Виторио Емануеле II

Утврдувачките реконструкции на папата Александар VI му помогнале на папата Климент VII, 32 години подоцна, да се спротивстави на опсадата на трупите на владетелот Карло V, познатиот како Ланзиченечи, кој на 6 мај 1527 година го започнал седуммесечното уништување и ограбувањето на Рим.

Во 1525 година папата Климент VII изградил една просторија, како што тогаш се нарекувала приватна мала бања, украсена со фреска со профани орнаменти (делфини, школки, нимфи, купиди, митолошки ликови). Таа просторија постои и денес и може да се посети од страна на надворешни посетители. Во собата имало када, во која се влевала вода од статуа изработена од бронза на голата Венера, која во наредниот период била изгубена.[7]

Во периодот на ограбувањето на Рим, на папите им била прикажана и овозможена добрата одбранбена функција. Подоцна се преземале големи грандиозни адаптациски активности. Замокот се претворил во вистинска папска резиденција. Во 1542 година папата Павле III го реструктуирал замокот со помош на архитектите Рафаело Синибалди да Монтелупо и Антонио да Сангало Помладиот. Истите тие архитекти во 1520 година, биле главни архитекти и на објектот на Свети Петар во Ватикан. Декорацијата на внатрешните простории им била доверена на Перино дел Вага и Луцио Лузи од Тоди, со одредена соработка и на Ливио Агрести да Форли. Големиот петагонален ѕид на бастионот кој го опкружува објектот, бил граден во неколку временски периоди на утврдувања. Тој бил започнат под директна наредба на папата Павле IV (1555-1559), а завршен од страна на неговите наследници и од страна на архитектот Франческо Лапарели.

Во 1630 година папата Урбан VIII ги уништил сите одбранбени утврдувања од предната страна, вклучувајќи ја и кулата наречена Борџија, која се наоѓала помеѓу мостот и замокот. Главната порта тој ја префрлил на десната страна. Овој папа ќе се запомни и по тоа што изградил еден голем преден таканаречен покривен или завесен ѕид.[12]

Помеѓу 1667 и 1669 година, од страна на папата Климент IX имало подигнато десет мермерни ангели кои биле поставени на мостот Елио, и оттогаш овој мост го носи името Сан Анџело.[12] Во 19 век замокот се користел исклучиво како затвор за политички неистомисленици. Затворот бил наречен со името силниот Сан Анџело (се мисли на моќен затвор или добро утврден).[13]

Периодот од обединувањето на Италија до денес[уреди | уреди извор]

1933 година. Кога се работело на реставрација на рововите и бедемите.

По обединувањето на Италија замокот првично се користел како касарна, а подоцна бил користен и како музеј. За таа цел тој бил подложен на реставраторски работи од страна на инженерите на Кралската армија. Овие зафати биле спроведени под раководство на полковникот Лујџи Дуранд де ла Пене, со помош на неговиот соработник капетанот Маријано Боргати. Полковникот бил првиот кој го замислил проектот за реставрација на замокот. Резултатите од реставраторските работи многумина ги оцениле како прилично сомнителни,[14] бидејќи довеле до откажување од речиси двеилјадигодишниот изглед на замокот.

Објектот бил наменет за сместување на новоформираниот Музеј на воено инженерство,[15] кој бил отворен на 13 февруари 1906 година. Прв директор бил Боргати. Во 1911 година музејот бил преместен во соседниот објект наречен „мала касарна“ изграден во времето на папата Урбан VIII. Некаде во 1939 година дефинитивно музејот на военото инженерство бил преместен на друга локација.

Со реставрацијата од 1933-1934 година се обновиле рововите и бедемите и дополнително бил уреден просторот помеѓу квадратниот ѕид и пентагоналната структура. Тогаш била подигната градина,[14] истовремено елиминирајќи ги малите бараки од времето Урбан VIII.

Националниот музеј или Замокот Сан Анџело во 2016 година го посетиле 1 234 443 посетители,[16] што го прави 5-ти најпосетуван италијански музеј по број на посетители.

Затворениците од замокот Сан Анџело[уреди | уреди извор]

Замокот и мостот Сан Анџело пред реставрацијата во 1901 година. Таму се наоѓа часовникот, портата одалечена од центарот на мостот, зградите на касарните зад ѕидот и невидливите бедеми.

Внатре во замокот Сан Анџело постеле поголем број на простории наменети за затворски ќелии, кои може да се посетат и разледаат и денес. Најозлогласената ќелија била онаа наречена Самало или Сан Мароко, во пределот на позадинскиот дел од бастионот наречен Сан Марко. Осудениот затвореник кога бил носен на отслужување на казната бил спуштан во просторијата вертикално одозгора и тој едвај имал простор да се смести до половината од телото, но во наведната, односно свиткана положба. Затвореникот не бил во можност ниту да стои, ниту да легне. Во старото античко време, токму таа ќелија била една од четирите отвори кои овозможувале да навлезе свеж воздух на централната сала на мавзолејот на Адријан. Во таа просторија биле сместени царските урни и од каде можеле да се погледаат скалите. Во средниот век тој простор бил претворен во зандана (ќелија) и внатре бил нацртан цртеж на мрачниот „Сан Мароко“, а потоа претворен во „Самало“.

На долниот кат од полукружната зграда во делот Кортил дел Поцо, изграден од страна на папата Александар VI, постоеле ќелии резервирани за некои важни личности.[17] Во просториите на замокот во затворскиот дел помеѓу 1538 и 1539 година престојувал Бенвенуто Челини. Неговото бегство било изведено за време на една забава во замокот. Уметникот успеал да побегне спуштајќи се од врвот на ѕидот, со јаже направено од креветските прекривки. Тоа се случило во есенскиот период. Бегајќи ја скршил ногата, но сепак успеал да стигне до куќата на кардиналот Корнаро, инаку негов добар пријател. Повторно бил уапсен и вратен во замокот Сан Анџело и повторено затворен во специјалната „зандана“,[17] која претставувала ќелија, најотпорна на бегство. Така изгледале историските затворски простории во замокот Сан Анџело. Затвореникот Челини останал затворен во познатата просторија на „проповедникот на Фојано“. Проповедникот Фојано додека престојувал во ќелијата бил доста изгладнет. Таму останал околу една година, а потоа бил помилуван од страна на папата со посредство на кардиналот Иполито II д'Есте и секако директно од кралот на Франција, кој бил негов голем обожавател. Неговата ќелија била позната и по тоа што тој на ѕидот цртал со рудиментиран јаглен, според она што е раскажано во дневникот Живот (I, 120), воскреснат Христос. Тие цртежи од тоа време може да ги видат денес сите посетители кои го посетуваат замокот. Во реалноста, овие остатоци од јаглен не би биле ништо повеќе од обични случајно појавени знаци „создадени од пукнатините на ѕидот што не бил варосан со векови“.[7]

На таканаречениот Жирето на папата Пиј IV, кое се наоѓа десно од Логијата на папата Павле III, постојат единаесет затворски простории кои се користеле за таканаречени политички затвореници. Тие на почетокот додека се граделе биле наменети за членовите на семејството на папата Григориј XVI.[17]

Во стариот горен трем (чардак) од папскиот стан кој припаѓал на папата Павле III се наоѓала таканаречената просторија Каљостра, затоа што во 1789 година таму бил заробен познатиот авантурист Џузепе Балсамо, познат како грофот Каљостро. Таа просторија претставувал луксузен затворски дел, наменет за важни и угледни затвореници.[17]

Во ќелиите на замокот Сан Анџело биле држени познати затвореници. Помеѓу останатите, таму биле: хуманистите Платина и Помпониј Лето и Беатрис Ченци, кои биле осудени на смрт и покрај нивната многу млада возраст и многу олеснителни околности. Во таа просторија извесно време бил затворен и Џордано Бруно, еден од најголемите италијанските патриоти за време на периодот на Ризоргиментото.[18]

За разлика од Бенвенуто Челини, многу славни затвореници на замокот Сан Анџело не успеале да преживеат и ги загубиле животите. Многу од жртвите во затворот биле поради несогласување со семејството на Борџиите. Меѓу нив бил кардиналот Џовани Батиста Орсини. Тој бил затворен во замокот Сан Анџело под обвинение дека се обидел да го отруе папата Александар VI. Со оглед на сериозноста на обвинението, мајката и љубовникот на кардиналот, плашејќи се за судбината на нивниот син и пријател, му се претставиле на понтифот (папата) со понуда да му подарат еден редок и исклучително скапоцен бисер во замена за слободата на кардиналот. Инаку главната слабост на семејството на Борџиите биле томку бисерите (се чини дека само Лукреција поседувала повеќе од три илјади бисери). Папата го прифатил предлогот, го земал бисерот и, „држејќи“ си го дадениот збор му вратил на кардиналот наместо со слобода, со: смрт.[19]

Судењата на затворениците пред да ги префрлат во занданите се вршеле во Салата на правдата. Ако пресудената казна била смртна, погубувањето начелно се извршувало надвор од замокот, некаде на малиот плоштад, од другата страна на мостот Сан Анџело. Понекогаш имало бројни егзикутирања и во самиот затвор. Во просторот на дворот пред капелата на осудените или кај просторот на Распетието, смртните казни во 19 век се извршувале најчесто со стрелање. При секое извршување на смртна казна, на терасата во подножјето на статуата на Ангелот секогаш се активирало со биење на Ѕвоното на милосрдието.[17]

Затворите и амбиентот се опишани во третиот чин на претставата и трагедијата Тоска од Џакомо Пучини. Имено, донесен е во Рим, некаде во 1800 година: сликарот Каварадоси, кој бил осуден на смртна казна, завршувајќи во затворот на замокот Сан Анџело за таму да ја исчекува казната; во дворот на замокот била застрелана Тоска, љубовницата на Кавардоси. Тој паднат во очај и си го одземал животот скокајќи од високите градби на замокот.[17]

Историја на името[уреди | уреди извор]

Мостот и замокот Сан Анџело видик во вечерните часови.
Ангелот изработен од Рафаело да Монтелупо.

Во 403 година, императорот Хонориј го вклучил замокот во градските ѕидини на Рим, преобразувајќи го во еден вид на тврдина која ќе послужи за одбранбени активности на градот: Во тој период овој објект е познат под името кастелум.[2]

Во 590 година се појавува и името замокот на Светите Ангели, во спомен на сеќавањето на архангелот Михаил кој го обвил мечот врз Кртот Адријана, а целиот призор успеал да го види папата Григориј Велики за време на свечената покајничка поворка со која сакало да се спречи ширењето на чумата која беснеела во градот Рим. Тоа била визија протолкувана како предзнак за скорешниот крај на чумата, кој и се случил многу брзо потоа.[2]

Во 974 година, Крешенцио, од династијата на Алберико, успеал да го зазеде замокот и дополнително да го зајакне, и поради тоа била преименуван во замокот Крешенцио. Ова име останало во важност до втората половина на XV век. Од тој период, па сѐ денес, името на овој објект е замокот Сан Анџело.

Сѐ до 11-тиот век името на замокот било Адрианум, или Храмот на Адријан, но и замокот на Адријан, во спомен на извесен Бенедикт и на неговото потекло кој бил многу почитуван од страна на императорот Адријан. Во тој период во времетраење од135 години тој служел и како царска гробница за императорот, но и за неговите наследници. Сеќавањето на овие имиња било поради одредени забележани моменти во аналите на таканаречениот Кртот на Адријан.

Од 11 век има мешање на имињата и тоа Нашиот замок Крецентиј со Замокот на Свети Ангели. Тие две опции биле користени и во папските бикови (записи или документи).

Во Песните за гестот замокот бил нарекуван Кулата или Палатата Кроасан. Оваа деноминација веројатно била создадена од недоразбирањето на тогашниот замок Крешенцио, бидејќи, доколку хипотетички се изврши реконструкција на терминот ќе се дојде до името „палатата на полумесечината“.

Пред 1000 година, хроничарите замокот го нарекувале Куќата на Теодор, а исто така и куќата на големиот Теодор, бидејќи Теодор, бил крал на Италија од периодот на 493 до 526 година. И тој владетел го користел овој објект како затвор. Затворската функција на замокот била одржувана и од страна на папите, но подоцна и од страна на италијанската влада, некаде сѐ до 1901 година.[2]

Ангелите кои се наоѓаат на замокот Сан Анџело[уреди | уреди извор]

Ангелот на замокот (1753), изработен од Питер Антон Вершафелт.

За да се одбележи настанот со кој замокот го добил сегашното име, била изработена статуа на ангел со кој била крунисана и украсена градбата на замокот. На почетокот статуата била изработена од дрво која многу брзо била оштетена од временските услови. Идентична копија од ангелот била изработена од мермер. И оваа втора мермерна верзија била скоро целосно уништена за време на опсадата во 1379 година. Во 1453 година бил изработен нов мермерен ангел, овојпат со додадени бронзени крилја. Овој ангел со бронзени крилја бил уништен во 1497 година од гром и бил разнесен низ во замокот. Подоцна се пристапило кон изработка на нова статуа од бронза со позлатени елементи. Во 1527 година и овој ангел бил уништен, овојпат со топење, за да може од него да се изработат топови. Некаде во 16 век се изработила нова статуа на ангел од мермер со бронзени крилја. Ова дело било на Рафаело од Монтелупо. Во 1753 година, пристигнал конечно сегашниот бронзен ангел изработен од Питер Антон фон Вершафелт. Оваа верзија на ангел била подложна на извесна реставрација, помеѓу 1983 и 1986 година.[20]

Музејот: нивоа и маршрути при посета[уреди | уреди извор]

Замок Сан Анџело
Карта
Внатрешноста на замокот

Модификацираните измени направени на објектот на замокот со текот на времето биле врз основа на различните намени за кои бил користен. Низ вековите па сѐ до денес биле дефинирани три архитектонски типологии обединети во еден ист споменик. Сите тие типологии можат да се воочат во 7 различни нивоа.

  • Мавзолејот се развивал на нивоата 1, 2 и 3. Веднаш по тие нивоа се пристапува до споменикот, преку делот наречен Дромос, потоа атриумот и хеликоидната рампа. Оваа патека води кон салата на урната. Рутата била поставена на највисоко можно ниво ако се следи историската верност. На нивото 3 од хадрианската структура - под делот што денес е познат како Дворот на Анџело - биле оставени одредени наслаги од жито и некаква течност, веројатно со потекло од средниот век. Под вториот двор - оној кој му припаѓал на папата Александар VI, се создадени таканаречените „историски затвори“. Нив ги прилагодил токму папата Александар VI Борџија. Токму од тие простории успеал да избега на времето Бенвенуто Челини.
  • Крепосниот замок, кој постојано бил модифициран особено помеѓу 4 и 17 век, е неодамна обновен. Последните реставрации се од периодот на првата половина на 20 век. Било создадено утврдувањето на ниво 2. Оваа структура најдобро може да се набљудува преку висински снимки или фотографии. По патеката (марсија ронда) може да се пристапи до просторот помеѓу бедемите именувани по четворицата евангелисти.[21]
  • Папските станови:
    • на нивото 4 се наоѓа дворот на Ангелот, дворот и капелата на папата Лав X, дворот со бунарот и соседните простории кој ги користел папата Александар VI и огништето (каминот) на папата Климент VII;
    • на нивото 5 се наоѓаат најраскошните и најдобро зачуваните ренесансни простории, потоа приватните апартмани на папата Павле III Фарнезе, со отворен трем кој има поглед кон север, односно кон улицата Фламинија. Во раскошните соби постојат фрески изработени од Перин дел Вага.[22] Доминантната позиција на овој простор е чардакот (тераса) кој бил изграден дваесет години претходно, а му припаѓал на Јулиј II. Овој таканаречен чардак бил со поглед кон мостот, но и кон градот. Двете патеки кои се наоѓале помеѓу лоѓите-биле покриената на папата Пиј IV ,од семејството Медичи, и откриената на папата Алесандро VII од семејството Чиги.
    • на ниво 6, кое исто така било дополнително украсено во реструктуирањето нарачано од папата со потекло од семејството Фарнезе (Павле). На тој потег се наоѓа библиотеката, потоа просторијата наменета за богатството и накитот со своите гардероби и каси (некои делови се сметаат за вистинска погребна комора на императорот Адријан). На ова ниво е делот на Фестони или таканаречен Адријано дел и конечно просторот на „Каљостра“. Овој простор на почетокот бил користен како чардак или видиковец од страна на папата со потекло од династијата Фарнезе, а подоцна како затвор за некои важни затвореници (името на просторот потекнува токму од затворањето на Каљостро во 1789-91 година). И станот на Кастелан бил изграден на ова ниво некаде во средината на XVIII век. Нивото 6 имало и простор каде бил поставен чардакот на Јулиј II. Овој дел бил свртен кон мостот и кон градот. Денес на овој простор се оформени седум простории кои се користат како посебни канцелариски одаи.
    • на нивото 7 уште од 17 век постоеле простории наменети за сместување на архивите. Долните простории веќе немале доволен капацитет за таа намена. Таканаречената „округла соба“, или крајниот горен дел од кулата од времето на Адријан, биле во заедништво со просторијата позната како „собата на колоните“, изградена во средината на XVIII век. Од кружната сала се влегува во просторот на Ангелската тераса од каде може во целост да се види „целиот Рим“.

Уметнички дела[уреди | уреди извор]

  • Лоренцо Лото, го има создадено покајникот Сан Џироламо, околу 1509 година;
  • Карло Кривели, е автор на Благословување на Христос и Сан Онофрио, во 1493 година;
  • Амброџио Заватари ја создал Богородица со детето устоличени со светите Амброџио, Јован Крстител, Петар, Виторе, Бенедето и Игуменот Антонио во1459 година.

Посетителите и приходите од влезниците[уреди | уреди извор]

Во 2016 година, биле евидентирани 1.234.443 посетители на замокот.[23] Подолу се наоѓа севкупен тренд на Музејот на замокот Сан Анџело во последните петнаесет години, врз основа на податоците од статистичкиот завод за италијанското културно наследство:[24]

Година Вкупно посетители Вкупни приходи во евра Цена за една влезница во евра
2014 1.021.319 5.147.369,50 5,04
2013 918.591 4.559.306,00 4,96
2008 734.583 2.432.239,50 3,31
2003 645.686 2.306.699,50 3,57
1998 493.691 1.505.161,99 3,05

Во културата[уреди | уреди извор]

Замокот Сан Анџело претставен во Средбата на аџиите со папата Киријак, од Приказните за Света Урсула на Виторе Карпачо
  • Ѕидовите на замокот се појавуваат во изведбата наречена средбата на аџиите со папата Киријак, еден од вкупно деветте сегменти на Приказните за Света Урсула, од создавателот Виторе Карпачо.
  • Според моделот на замокот Сан Анџело, од 15 век во опатијата Новачела во Јужен Тирол била изградена една кружна црква, замислена да изгледа како тврдина. Архитектурата на таа црква имала форма адекватна за одбрана од честите напади на Турците. Храмот бил посветен на Архангел Михаил. Добрата утврденост на црквата го заслужила прекарот „Енгелсбург“.
  • Големиот музички уметник Џакомо Пучини го поставил последниот чин од делото Тоска токму во замокот Сан Анџело.
  • Неколку внатрешни и надворешни сцени од филмската верзија на Тоска од 1941 година биле снимени токму во замокот Сан Анџело.
  • Во месец јули 1954 година, стилистите Винченцо Фердинанди, Сореле Фонтана, Емилио Шуберт, Џованели-Скиара, Елеонора Гарнет, Минголини-Гугенхајм и Кларет Галоти го организирале настанот наречен „Ткајачот од островот“ предводен од „Италијанската куќа Моладата во замокот Сан Анџело.[25] Во познатата тврдина била одржана модната ревија, наспроти модните настани кои се одржувале во истиот период во Палатата Пити во Фиренца.
  • Во 1954 година, Лукино Висконти ги снимал последните сцени на филмот Сенсо во замокот Сан Анџело. Тоа го сторил на оваа локација како замена на снимените материјали од регионот Венето, кои биле забранети и целосно цензурирани.
  • Во месец септември 1980 година, Италијанската пошта посветила поштенска марка со вредност од 5 лири токму на замокот Сан Анџело. Таа марка претставувала дел од колекцијата позната како „Замоци на Италија“.
  • Замокот се прикажува како амбиент и во книгата Ангели и демони од познатиот Ден Браун.
  • И светот на видео игрите му посветил големо внимание на замокот: Тука се поголем дел игрите наречени Assassin's Creed II и играта Assassin's Creed: Brotherhood која речиси целосно е создадена со проекции од Рим.
  • Со римски дијалектички примеси, објектот се нарекува „Ла Каљостра“, и тоа од времето на затворањето на Каљостро во затворските простории на замокот..

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Castel Sant'Angelo“. Архивирано од изворникот на 2013-09-23. Посетено на 2023-03-23.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Claudio Rendina, La grande guida dei monumenti di Roma, Roma, Newton & Compton Editori, 2002, p. 184
  3. Tina Squadrilli,Vicende e monumenti di Roma, Staderini Editore, 1961, Roma, pag. 248
  4. Cfr. Liutprando di Cremona, Antapodosis, III 45.
  5. Willy Pocino, Le curiosità di Roma, Roma, Tradizioni italiane Newton, 2009, pp. 91-92
  6. „Castel Sant'Angelo“.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Willy Pocino, op. cit., p. 94
  8. Claudio Rendina, op. cit., p. 185; Pio Pagliucchi, I Castellani del Castel S. Angelo di Roma. Con documenti inediti relativi alla storia della Mole Adriana tolti dall’Archivio Segreto e da altri archivi, I, Roma, 1906, pp. 3-27
  9. „Castel Sant'Angelo“. Архивирано од изворникот на 2009-08-20. Посетено на 2023-03-23.
  10. „Castel Sant'Angelo“. Архивирано од изворникот на 2009-08-22. Посетено на 2023-03-23.
  11. „Castel Sant'Angelo“. Архивирано од изворникот на 2008-07-24. Посетено на 2023-03-23.
  12. 12,0 12,1 Claudio Rendina, op. cit., p. 188
  13. Claudio Rendina, op. cit., pp. 188-189
  14. 14,0 14,1 Claudio Rendina, cit., p.189
  15. „Castel Sant'Angelo“. Архивирано од изворникот на 2015-05-11. Посетено на 2023-03-23.
  16. „Copia archiviata“.
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 17,4 17,5 Claudio Rendina, op. cit., p. 192
  18. „Castel Sant'Angelo“. Архивирано од изворникот на 2014-02-21. Посетено на 2023-03-23.
  19. Willy Pocino, op. cit., p. 93-94
  20. Claudio Rendina, op. cit.
  21. Iniziando da quello a sinistra della porta d'ingresso, i bastioni sono dedicati a san Matteo, san Marco, san Luca e san Giovanni. Quelli che prospettano sul Tevere e verso la città (e dovevano difendere il papa dalle aggressioni interne) sono quindi san Matteo e san Giovanni, mentre quelli che guardavano alla campagna ed erano deputati alla difesa dai nemici esterni (e possibilmente anche a coprire fughe e sortite dal Vaticano) erano quelli di san Marco (punto d'arrivo del Passetto di Borgo) e di san Luca.
  22. sala Paolina (salone di rappresentanza), sala del Perseo (lo studiolo, comunicante, al piano di sotto, con la stufetta di Clemente VII), sala di Amore e Psiche (camera da letto).
  23. „Dati visitatori dei siti museali italiani statali nel 2016“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-01-10. Посетено на 2023-03-23..
  24. Visitatori e introiti di Musei, Monumenti e Aree Archeologiche Statali per anno Архивирано на 16 април 2014 г..
  25. „Moda a Castel Sant'Angelo“. Istituto Luce. 30 luglio 1954. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Вили Почино, Куриозитетите на Рим, Рим, Њутн италијански традиции, 2009 година.
  • Клаудио Рендина, Големиот водич за римските споменици, Рим, Њутн и Комптон уредници, 2002 година.
  • Џовани Батиста Пиранези, Римски антиквитети . Фирмин Дидот Фрес, Париз, 1835 година. Т. 4 табела IV - XII
  • Castel Sant'Angelo помеѓу '800 и '900. Историја, колекции и сувенири ,(уреди) E. Ludovici, E. Martinez, A. Mastroianni, Mastroianni, De Luca Editori d'Arte, 2016

Други проекти[уреди | уреди извор]

VIAF (ИТ) 80145424520886830105 GND (DE) 4104967-6 · Идентитети на WorldCat (EN) viaf-80145424520886830105