Еди Редмејн
Еди Редмејн ОБИ | |
---|---|
Редмејн на Сан Диего комик-кон интернешенел во 2016 година | |
Роден(а) | Едвард Џон Дејвид Редмејн 6 јануари 1982 Лондон, Англија |
Образование | Итон Колеџ |
Алма матер | Тринити Колеџ, Кембриџ |
Занимање |
|
Активен период | 1998–сè уште |
Сопружник | Хана Багшо (в. 2014) |
Деца | 1 |
Едвард Џон Дејвид „Еди“ Редмејн, ОБИ (роден на 6 јануари 1982 г.) — англиски театарски и филмски глумец.
Роден и израснат во Вестминстер, Лондон, тој студирал историја на уметноста на Тринити Колеџ, Кембриџ, а кратко потоа започнал да се занимава со манекенство. Редмејн ја започнал својата професионална глумечка кариера како младинец во театарот Вест Енд и во 1998 година го имал првото појавување на телевизија. Првите филмски улоги во кариерата тој ги добил во 2006 година во филмовите Како мисли и Добриот пастир, а потоа играл споредни улоги во неколку филмови, како Сурова милост (2007), Златните години на Елизабет (2007) и Другата девојка од Болејнови (2008).
Редмејн исто така глумел во театарските претстави Црвено (2009–10) и Ричард II (2011–12). За изведбата во првата, тој ја добил наградата Тони за најдобар глумец. Тој направил пробив со улогите во филмовите Мојата недела со Мерилин (2011) и Клетници (2012). Во 2014 година, Редмејн го толкувал англискиот физичар Стивен Хокинг во филмот Теорија на се, и за својата изведба добил Оскар, Златен глобус и БАФТА награда. Следната година, тој ја играл Лили Елбе, првата трансродна жена во филмот Данската девојка, и за својата изведба добил номинации за најдобар глумец за трите гореспоменати награди. Во 2016 година, тој го играл Њут Скамандер во фантазијата Фантастични ѕверки и каде да се најдат.
Рани години
[уреди | уреди извор]Редмејн е роден во Вестминстер, Лондон.[1][2] Неговата мајка, Патрисија, води компанија за преселби, а неговиот татко, Ричард Редмејн, е стопанственик во корпоративни финансии. Негов дедо од страна на татко му бил Сер Ричард Редмејн, градежен и рударски инженер.[3] Тој има помлад и постар брат и постар полубрат[3] и полусестра.[4]
Редмејн се школувал на колечот за момчиња Итон, каде бил во иста година со Принцот Вилијам.[5][6] Тој студирал историја на уметноста на Тринити Колеџ, Кембриџ, каде дипломирал во 2003 година.[7] И покрај тоа што е далтонист, тој напишал десертација за сината боја (International Klein Blue) која ја создал уметникот Ив Клајн.[8]
Кариера
[уреди | уреди извор]Манекенство
[уреди | уреди извор]Пред целосно да се посвети на глумата, Редмејн бил модел на брендот Бурбери во 2008 година заедно со Алекс Петифер и во 2012 година со Кара Делевињ.[9][10] Во 2012 година, во септемвриското издание на списанието Венити Фер, тој бил вброен во годишниот список на најдобро облчени мажи во светот.[11] Во 2015 година, тој се нашол на првото место на списокот педесет најдобро облечени британци на списанието GQ.[12]
Театар
[уреди | уреди извор]Редмејн својот прв театарски настап го имал играјќи ја улогата на Виола во шекспировата претстава Ноќ спроти Водици во 2002 година.[13] Тој добил награда за најдобар дебитант на 50. доделување на театарските награди Ивнинг Стандард во 2004 година, за неговата изведба во претставата Коза, или која е Силвија? на Едвард Олби,[14] и награда за најдобар дебитант на годишните награди кои ги доделува здружението на британски театарски критичари во 2005 година.[15] Подоцна Редмејн глумел во претставата Сега или подоцна на Кристофер Шин во театарот Ројал Корт. Претставата играла од 3 септември до 1 ноември 2008 година.[16]
Во 2009 година, Редмејн се појавил во претстава Црвено на Џон Логан во театарот Донмар во Лондон,[17] и за неговата изведба добил награда Лоренс Оливие за најдобар глумец во споредна улога. Тој ја повторил својата улога во Црвено во театарот Џон Голден на Бродвеј, во петнаесет неделно прикажување од 11 март до 27 јуни 2010 година,[18] и добил награда Тони за најдобар глумец во претстава. Тој го толкувал Кралот Ричард II во истоимената театарска претстава режирана од Мајкл Грендејџ во театарот Донмар од 6 декември 2011 до 4 февруари 2012 година.[19]
Телевизија и филм
[уреди | уреди извор]Редмејн својата прва улога во кариерата ја добил во 1998 година во серијата за животни, Животински ковчег. Во 2005 година тој се појавил во една епизода од серијата Елизабета I, во која главни улоги играле Хелен Мирен и Џереми Ајронс. Првата улога на филмското платно, Редмејн ја добил во трилерот Како мисли (2006), откако бил забележан од кастинг директорката Луси Беван глумејќи во претстава насловена Кози.[20]. Истата година тој играл мала улога во шпионскиот филм Добар пастир, режиран од Роберт Де Ниро. Во 2007 година, тој глумел во драмата Сурова милост покрај Џулиен Мур и во биографскиот историски филм Златните години на Елизабет покрај Кејт Бланшет, Џефри Раш и Клајв Овен.
Во 2008 година, Редмејн играл мала улога во филмот Другата девојка од Болејнови, главна улога во британскиот серијал Теса од Д'Арбервилови и главна улога во независната драма Жолтото марамче, на која соработувал со Кристен Стјуарт и Вилијам Херт. По улогите во помалку забележителните филмови Скршени сништа (2009), Славна 1939 (2009) и Црна смрт (2010), Редмејн во 2010 година играл во серијата Столбовите на Земјата. Заснована на истоимениот роман на Кен Фолет, серијата постигнала голем меѓународен успех и била номинирана за три Златни глобуси.
Во 2011 година, Редмејн играл во драмата Провинцијалка, филм кој добил негативни критики,[21][22] и во успешниот филм Мојата недела со Мерилин, на кој работел со Мишел Вилијамс, Кенет Брана, Џуди Денч и Ема Вотсон. За работата на вториот филм, тој во 2012 година бил номиниран за наградата БАФТА за идна ѕвезда. Истата година, тој ја добил улогата на Маријус Понмерси во музичкиот филм Клетници заснован на истоимениот роман на Виктор Иго.[23][24]
Во 2014 година, тој го играл Стивен Хокинг во биографската драма Теорија на се, режирана од Џејмс Марш. Филмот е заснован на мемоарот Патување до вечноста: Мојот живот со Стивен Хокинг на Џејн Хокинг, поранешната жена на Стивен, и ја прикажува нивната врска, борбата на Стивен со болеста амиотрофична латерална склероза (АЛС) и неговиот успех во физиката. За оваа улога Редмејн потрошил шест месеци истражувајќи го животот на Хокинг, гледајќи го секое негово интервју кое успеал да го пронајде.[25] Филмот се здобил со голем критички успех, а за својата изведба Редмејн се здобил со бројни награди, вклучувајќи Оскар за најдобар глумец[26][27], Златен глобус, БАФТА награда, како и награда за најдобар глумец од здружението на филмски глумци.
Личен живот
[уреди | уреди извор]Редмејн се венчал со Хана Багшо, агент за односи со јавност, на 15 декември 2014 година.[28][29] Нивната ќерка, Ајрис Мери, е родена во јуни 2016 година.[30]
Редмејн бил назначен за Офицер на Редот на Британската Империја во 2015 година за неговите заслуги кон глумата.[31][32] Во август 2014 година тој бил назнаен за амбасадор на филмската образовна хуманитарна организација „Into Film“.[33]
Филмографија
[уреди | уреди извор]Филм
[уреди | уреди извор]Година | Наслов | Улога |
---|---|---|
2006 | Како мисли | Алекс Форбс |
2006 | Добриот пастир | Едвард Вилсон Јуниор |
2007 | Сурова милост | Ентони Бекланд |
2007 | Златните години на Елизабет | Ентони Бабингтон |
2008 | Жолтото марамче | Горди |
2008 | Другата девојка од Болејнови | Сер Вилијам Стафорд |
2008 | Скршени сништа | Кверти Дулитл |
2009 | Славна 1939 | Ралф Кејс |
2010 | Црна смрт | Осмунд |
2011 | Провинцијалка | Еди Кризер |
2011 | Мојата недела со Мерилин | Колин Кларк |
2012 | Клетници | Маријус Понмерси |
2014 | Теорија на се | Стивен Хокинг |
2015 | Јупитер во подем | Балем Абрасакс |
2015 | Данската девојка | Ајнар Вегенер / Лили Елбе |
2016 | Фантастични ѕверки и каде да се најдат | Њут Скамандер |
Телевизија
[уреди | уреди извор]Година | Наслов | Улога | Белешки |
---|---|---|---|
1998 | Животински ковчег | Џон Харди | Епизода: „Bunnies in the Bathroom“ |
2003 | Доктори | Роб Хантли | Епизода: „Crescendo“ |
2005 | Елизабета I | Грофот на Саутхемптон | Епизода: „Southampton“ |
2008 | Теса од Д'Арбервилови | Ејнџл Клер | 4 епизоди |
2010 | Столбовите на Земјата | Џек Џексон | 8 епизоди |
2012 | Птичја песна | Стивен Вресјфорд | 2 епизоди |
2015[34] | Воена уметност со Еди Редмејн | Себеси | Документарен филм |
Театар
[уреди | уреди извор]Година | Претстава | Улога |
---|---|---|
2002 | Ноќ спроти Водици | Виола |
2003 | „Мастер Харолд“...и момчињата | Мастер Харолд |
2004 | Коза, или која е Силвија? | Били |
2004 | Хекава | Полидор |
2007 | Сега или подоцна | Џон Јуниор |
2009–10 | Црвено | Кен |
2011–12 | Ричард II | Крал Ричард II |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Mead, Wendy. „Eddie Redmayne Biography“. A&E Television Networks. Посетено на 16 February 2016.
- ↑ Blair, Olivia (5 January 2016). „Eddie Redmayne reveals he occasionally pays the rent of struggling actors“. The Independent. Посетено на 16 February 2016.
- ↑ 3,0 3,1 „Eddie Redmayne Facts: 23 Things You (Probably) Don't Know About the 'Theory of Everything' Star“. moviefone.com. 21 November 2014. Архивирано од изворникот на 2015-11-21. Посетено на 2017-02-11.
- ↑ „Eddie Redmayne interview“. Посетено на 23 November 2014.
- ↑ „Next Big Thing: Eddie Redmayne“. gq-magazine.co.uk. 28 ноември 2011. Архивирано од изворникот на 2013-01-05. Посетено на 19 December 2012.
- ↑ Gysin, Christian; Kisiel, Ryan (4 February 2012). „Prince William with the Birdsong heart-throb and fellow Eton prefects... and some VERY wacky waistcoats“. The Daily Mail. London. Посетено на 19 December 2012.
- ↑ Babb, Fran (19 November 2011). „Eddie Redmayne: the loneliness of being a hot young actor“. The Guardian. London, UK. Посетено на 15 January 2012.
- ↑ Hirschberg, Lynn (April 2013). „The New Guard: Eddie Redmayne“. W Magazine. Архивирано од изворникот на 2016-11-23. Посетено на 3 March 2016.
- ↑ Kate Thomas (14 May 2015). „Eddie Redmayne spruces new Burberry shoot“. DailyMail. Посетено на 8 February 2016.
- ↑ „Eddie Redmayne, Cara Delevingne pose for Burberry - videos, pictures“. Digitalspy.com.au. Посетено на 15 January 2012.
- ↑ „Vanity Fair 2012 International Best Dressed List“. Vanity Fair. 31 July 2012. Посетено на 10 September 2012.
- ↑ „50 Best Dressed Men in Britain 2015“. GQ. 5 јануари 2015. Архивирано од изворникот на 7 January 2015. Посетено на 23 February 2015.
- ↑ „Eddie Redmayne: The darling of the Donmar is making tracks into Hollywood“. The Independent. 7 January 2010. Посетено на 6 March 2015.
- ↑ Curtis, Nick (17 December 2004). „I'm living the dream; old Etonian Eddie Redmayne could have been a professional chorister, a pop star or a model, but his decision to become an actor paid off this week when he was named the Evening Standard's outstanding newcomer“. London Evening Standard. Архивирано од изворникот на 2014-10-26. Посетено на 26 October 2014.
- ↑ „Almost Famous“. The Times. 26 May 2005.[мртва врска]
- ↑ „Royal Court Theatre“. royalcourttheatre.com. 26 May 2005. Посетено на 23 February 2015.
- ↑ Baluch, Lalayn (17 April 2009). „West to Appear in Donmar's Life Is a Dream“. Thestage.co.uk. Посетено на 2 January 2011.
- ↑ „John Golden Theater New York, NY“. Newyorkcitytheatre.com. Посетено на 2 January 2011.
- ↑ „Richard II, opening night 6 декември 2011“. The Official London Theatre Guide. Посетено на 18 November 2011.
- ↑ „IN CONVERSATION: LUCY BEVAN (CASTING DIRECTOR – CINDERELLA, MALEFICENT, AN EDUCATION)“. filmdoctor.co.uk. 18 March 2015. Архивирано од изворникот на 2015-03-28. Посетено на 1 April 2015.
- ↑ „Hick – Rotten Tomatoes“. Rotten Tomatoes. Посетено на 17 декември 2012.
- ↑ „Hick Reviews, Ratings, Credits and More“. Metacritic. Посетено на 17 декември 2012.
- ↑ Jensen, Jeff. „Eddie Redmayne lands 'Les Miserables' role“. Insidemovies.ew.com. Архивирано од изворникот на 2014-11-09. Посетено на 23 February 2015.
- ↑ „Les Miserables Adds Eddie Redmayne“. Comingsoon.net. Архивирано од изворникот на 2014-11-09. Посетено на 23 February 2015.
- ↑ „Toronto: 'The Theory of Everything' Made Stephen Hawking Cry“. Variety. 7 September 2014. Посетено на 7 September 2014.
- ↑ „Eddie Redmayne wins first Oscar for 'Theory of Everything'“. Reuters. 23 February 2015. Архивирано од изворникот на 2015-09-26. Посетено на 7 March 2015.
- ↑ „Watch Eddie Redmayne's Charming Best Actor Acceptance Speech at the Oscars“. Time. Посетено на 7 March 2015.
- ↑ „How going topless helped Eddie Redmayne win his wife's heart“. Mail Online.
- ↑ „It's OFFICIAL! Actor Eddie Redmayne marries Hannah Bagshawe in Winter Wonderland ceremony at Somerset's Babington House“. Daily Mail. London, UK. 15 December 2014. Посетено на 23 February 2015.
- ↑ „Eddie Redmayne and wife Hannah Welcome Baby Iris“. People.[мртва врска]
- ↑ „2015 Queen's Birthday Honours“ (PDF). The London Gazette. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-06-20. Посетено на 2017-02-11.
- ↑ „No. 61256“. The London Gazette (invalid
|supp=
(help)). 13 June 2015. London Gazette uses unsupported parameters (help) - ↑ „Eddie Redmayne appointed ambassador of film education charity“. RadioTimes. Архивирано од изворникот на 2015-10-22. Посетено на 2015-10-27.
- ↑ „War Art with Eddie Redmayne“. tvfinternational.com. Посетено на 23 May 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Еди Редмејн“ на Ризницата ? |
- Еди Редмејн на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Еди Редмејн на Rotten Tomatoes
- Еди Редмејн на Yahoo! Movies
- Еди Редмејн — AllMovie (англиски)
Награди и достигнувања | ||
---|---|---|
Претходник Метју Меконахи |
Оскар за најдобар глумец 2014 |
Наследник Леонардо ди Каприо |
|