Даниел Деј-Луис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сер
Даниел Деј-Луис
Daniel Day-Lewis, Jaguar, Mille Miglia 2013 cropped.jpg
Деј-Луис во 2013 
Роден(а)Даниел Мајкл Блејк Деј-Луис Деј-Луис
29 април 1957 (1957-04-29) (62 г.)
Кенсингтон, Лондон, Англија
СедиштеИрска
ДржавјанствоБританец, Ирец
УстановаТеатарска школа Бристол Олд Вик
Занимањеактер
Активен1970–2017
Значајни дела
СопружникРебека Милер (в. 1996)
Вонб. другарИзабела Аџани (1989–95)
Деца3
Родител(и)
  • [[Сесил Деј-Луис
    ]]
  • [[Џил Бејкон
    ]]
Роднини

Даниел Деј-Луис (роден 29 април 1957) е англиски актер[1] со британско и ирско државјанство.

Кратка биографија[уреди | уреди извор]

Роден и пораснат во Лондон, тој глумел на сцената на Националниот младински театар, пред да биде прифатен во театарската школа Бристол Олд Вик, каде три години се школувал. Тој се смета за методичен актер, познат по постојаната посветеност и истражувањето на улогата.[2] Често целосно останувал во улогата за време на снимањето на филмовите, до степен тоа негативно да му влијае на здравјето. Тој е еден од најпробирливите актери во филмската индустрија, настапувајќи само во шест филмови од 1998 година, со по пет години расчекор помеѓу улогите.[3] Заради заштита на приватниот живот, ретко дава интервјуа и многу ретко се појавува во јавност.[4]

Деј-Луис глумел во театар и на филм уште на почетокот на 1980-тите. Се приклучил на трупата Ројал Шекспир и го играл Ромео во Ромео и Јулија и Флут во Сонот на летната вечер, пред да се појави во филмот Баунти во 1984. Тој глумел во My Beautiful Laundrette (1985), неговата прва призната улога од страна на критиката а понатамошно признание од критиката добил и за филмот Соба со поглед (1985). Ја добил главната улога во филмот Неподнослива леснотија на постоењето (1988).

Како еден од најреномираните актери на неговата генерација, Деј-Луис добил бројни награди, вклучувајќи ги и трите оскари за најдобар актер за неговите изведби во Мојата лева нога (1989), Ќе има крв (2007) и Линколн (2012), со што станал единствениот актер во историјата со три победи во категоријата најдобар актер.[5] За категоријата бил номиниран и за филмот Во името на Отецот (1993) и за Бандите на Њујорк (2002). Тој освоил четири BAFTA награди за најдобар актер и два Златни глобуса. Во ноември 2012 година, Тајм го прогласил Деј-Луис за "Најдобар светски актер".[6] Во јуни 2014 година, бил одликуван со титулата витез во Бакингемската палата.[7]

Деј-Луис го објавил своето пензионирање во 2017, по завршувањето на улогата во филмот Phantom Thread.[8][9]

Почетоците[уреди | уреди извор]

Детство[уреди | уреди извор]

Деј-Луис е роден во Кенсингтон, Лондон, како син на поетот Сесил Деј-Луис и на англиската актерка Џил Бејкон.[10] Татко му бил протестант роден во Ирска но живеел во Англија уште од двегодишна возраст а подоцна станал и поет-лауреат на Обединетото Кралство.[11] Мајката му била Еврејка. Нејзините предци биле еврејски имигранти кои во Англија дошле од Латвија и Полска.[12][13] Дедо му, сер Мајкл Бејкон, бил директор на Ealing Studios.[14] Две години по неговото раѓање, семејството се преселило во Крумс Хил, Гринич, југо-источен Лондон, каде што тој пораснал заедно со неговата постара сестра, Тамасин Деј-Луис, која станала режисер на документарни филмови и телевизиска готвачка.[15]

Додека живеел во Гринич одел во две основни училишта[16] Тој често бил изложен на силеџиство најчесто поради потеклото.[17] Сепак, тој ги совладал локалните акценти и однесувања што му помогнало при неговиот прв убедлив настап. Подоцна во животот, во своите помлади години, станал проблематичен и често запаѓал во неволја.[18][19]

Школување[уреди | уреди извор]

Во 1968 година, Ден-Луис родителите сметале дека однесувањето му е непримерно и го испратиле во интернат во едно училиште во Кент.[20] Во училиштето тој ги открил неговите три најзначајните интереси: работата со дрво, глумата и риболовот. Неговиот презир кон училиштето се зголемил, и по две години, тој бил префрлен во друго училиште, во Хемпшир[21]. Неговото филмско деби било на 14-годишна возраст во филмот Крвава недела каде се појавил во мала споредна улога. За ова искуство рекол дека е "рај", бидејќи му платиле £2 за да крши скапи автомобили паркирани надвор од неговата локална црква.

Неколку недели во 1972 година, тој и родителите  живееле во Лемонс, северен Лондон дом на Кингсли Амис и Елизабет Џејн Хауард. Сесил Деј-Луис имал рак и Хауард го поканила семејството на одмор.[22] Сесил умрел таму во мај истата година.

Во 1975 година, непослушноста на Деј-Луис му го намалила изборот во кариерата. Прво глумел на сцената на Националниот младински театар во Лондон, а потоа го примиле во театарската школа Бристол Олд Вик каде учел три години заедно со Миранда Ричардсон. Тука играл заедно со Пит Постлвајт, со кого подоцна ќе глуми заедно во филмот Во име на Отецот.[23]

Кариера[уреди | уреди извор]

Деј-Луис во Њујорк 2007

Во 1980-тите[уреди | уреди извор]

Во текот на раните 1980-ти, Деј-Луис работел во театар и на телевизија, вклучително Мраз во мај (каде играл импотентен човек-дете) и Колку милји до Вавилон? (како офицер во Првата светска војна растргнат помеѓу верноста кон Велика Британија и Ирска) за Би-Би-Си. Единаесет години по неговото филмско деби, Деј-Луис ја продолжил филмската кариера со мал настап во Ганди (1982) како Колин, јужноафрикански уличен насилник кој расистички го малтретира главниот лик. Кон крајот на 1982 година имал голем театарски пробив со преземањето на главната улога во Друга Земја. Следната година, имал споредна улога во Баунти, по што се приклучи на трупата Ројал Шекспир, играјќи го Ромео во Ромео и Јулија и Флут во Сонот на летната вечер.

Ентериерот на Театарот Ројал во Бристол Олд Вик каде што глумел Деј-Луис. Тој го нарекол "најубав театар во Англија[24]."

Во 1985 година, за првпат бил забележан од критиката во глумењето геј во филмот My Beautiful Laundrette, со сет во Лондон од 1980-тите за време на периодот кога Маргарет Тачер била премиер. Филмот бил позитивно прифатен од критиката.[25] Деј-Луис понатаму добил признание и за Соба со поглед (1985).[26] Во 1987 година, ја добил главната улога во филмот на Филип Хофман, адаптација на романот на Милан Кундера Неподнослива леснотија на постоењето, каде игра  чешки хирург чиј хиперактивен сексуален живот излегува од контрола па тој емоционално се врзува со жена. Во тек на осумте месеци  тој научил чешки и првпат почнал да одбива да излезе од улогата во текот на целото снимање на филмот. Во овој период, Деј-Луис и други млади британски актери на тоа време како Гери Олдман, Колин Фирт, Тим Рот, и Брус Пејн, биле нарекувани "Британски пакет актери".[27]

Деј-Луис најмногу ја истакнал личната верзија на методичната глума во 1989 година со улогата на Кристи Браун во Мојата лева нога, на Џим Шеридан со која освоил бројни награди, вклучувајќи и Оскар за најдобра машка улога и BAFTA наградата за најдобар актер. Браун, писател и сликар, бил роден со церебрална парализа и можел да ја движи само левата нога. Деј-Луис се подготвувал за улогата често посетувајќи ја клиниката во Даблин, каде се спријателил со неколку луѓе со пречки во развојот, од кои некои не можеле ни да зборуваат.[28] За време на снимањето, одбивал да излезе од улогата. Играјќи сериозно парализиран лик на екранот, надвор од снимањето требале да го возат во инвалидска количка. Од членовите на екипата исто така, се барало да го хранат со лажичка. 

Деј-Луис се вратил на сцената во 1989 година за да работи со Ричард Ејр, во Хамлет во Кралскиот национален театар во Лондон, но паднал на сцената, кога духот на таткото на Хамлет се појавил пред него. Почнал неконтролирано да липа и одбил да се врати на сцената, па друг актер ја довршил претставата место него.[29] Иако инцидентот бил официјално припишан на исцрпеност, Деј-Луис подоцна тврдел дека го видел духот на својот татко. Оттогаш повеќе никогаш не се појавил на сцена. Медиумите тоа го припишале и на неговата одлука да се пресели од Англија во Ирска во средината на 1990-тите со цел да го поврати чувство на приватност откако се зголемила неговата слава[30].

1990-тите[уреди | уреди извор]

Во 1992 година, три години по добивањето на Оскарот излегол филмот, Последниот Мохиканец. Деј-Луис за истражувањето за овој филм напорно тренирал и научил да живее во шумата, со кампување, лов и риболов. Тој заради филмот научил и како се прават кануа.[31] Носел долга пушка во секое време во текот на снимањето за да остане во ликот и научил како се дере кожа на животни.[32]

Повторно работел со Џим Шеридан во филмот Во името на Отецот, во кој го играл Гери Конлон, еден од Четворицата Гилфорд кои биле грешно осудени за бомбашките напади на ИРА. Тој ослабел 14 кила, зборувал на северно-ирски акцент на снимањето и надвор од снимањето распоред, и доста време поминувал во затворска ќелија. Тој, исто така, инсистирал членовите на екипата да му фрлаат ладна вода и вербално да го напаѓаат. Со филмот ја добил втората номинација за Оскар, третата BAFTA номинација, и втората номинација за Златен глобус.

Деј-Луис се вратил во 1993 година, во улогата на Њуленд Арчер во филм на Мартин Скорсезе, адаптација на романот Доба на Невиност на Едит Вартон. За да се подготви за филмот, со сет во Америка од 1870, тој два месеца низ Њујорк шетал облечен во аристократска облека со цилиндер, бастун  и наметка.[33]

Во 1996 година, Деј-Луис глумел во Crucible, филмска верзија на претставата на Артур Милер. За време на снимањето се сретнал со неговата идна сопруга, Ребека Милер, ќерката на авторот.[34] Потоа работел со Џим Шеридан во Боксер како поранешен боксер и ИРА член неодамна ослободен од затвор. Неговата подготовка се состоела во тренинг со поранешниот боксерски светски шампион Бери МекГиган и посета на професионални бокс мечови.[35][36]

После Боксер, Деј-Луис се повлекол од глумата и тукуречи се пензионирал враќајќи се на неговото поранешно хоби, работа со дрво. Тој се преселил во Фиренца, Италија, каде што се заинтересирал за правење чевли за да почне да го учи занаетот со Стефано Бернер. Во тоа време никој точно не знаел ниту каде е ниту што  прави.[37]

2000-тите[уреди | уреди извор]

Деј-Луис на 61-то издание на Британските филмски награди во Лондон,10 февруари 2008

По петгодишно отсуство од глумата, Деј-Луис се вратил за да глуми во Бандите на Њујорк (2002) на Скорсезе. Во неговата улога на лошиот водач на банда Вилијам „Бил Касапот“ Катинг, тој играл заедно со Леонардо Ди Каприо, кој игра млад штитеник на Бил. Деј-Луис го почнал неговиот самодисциплиниран метод на учење за улогата и изнајмил касап од јужен Лондон да го подучува како се сече месо. Изнајмил и циркузант да го научи како се фрлаат ножевиy. Додека се снимало не излегол од улогата и зборувал постојано на њујоршки акцент.[38] За изведбата во Бандите на Њујорк ја добил третата номинација за Оскар и ја освоил втората BAFTA награда за најдобра главна машка улога.

После Бандите на Њујорк, жената на Деј-Луис, режисерката Ребека Милер му понудила главна улога во нејзиниот филм Баладата за Џек и Роуз, во кој играл маж на умирање полн со каење за сопствениот живот. Во текot на снимањето средил да живее одвоено од жена му за да ја постигне потребната "изолација" и да се фокусира на реалноста на неговиот лик Филмот добил мешани критики.[39]

Во 2007, Деј-Луис глумел во адаптацијата на романот на Аптон Синклер со наслов Ќе има крв.[40] Добил  Оскар за најдобра машка улога, BAFTA награда за најдобра главна машка улога. Златен глобус за најдобар актер. Една од бројните награди посветил на Хит Леџер, кажувајќи дека бил инспириран од изведбата на Леџер во филмот Броукбек маунтен.[41] Со освојувањето на Оскарот им се придружил на Марлон Брандо и Џек Николсон како победници за најдобра машка улога со освоени 2 оскара.

Во 2009, Деј-Луис глумел во филмот Девет на Роб Маршал во улога на филмски режисер Гвидо Контини. Бил номиниран за Златен глобус за најдобра машка улога во мјузикл или комедија.  

2010[уреди | уреди извор]

Даниел Деј-Луис во спалната соба на Линколн во Белата куќа, ноември 2012

Деј-Луис го глумел  Абрахам Линколн во истоимениот филм на Стивен Спилберг (2012).[42] Заснован на книгата Тим на ривали: Политичката генијалност на Абрахам Линколн, филмот почнал да се снима во Ричмонд, Вирџинија во октомври 2011. Деј-Луис цела година се подготвувал за улогата.[43] Прочитал над 100 книги за Линколн и работел заедно со уметникот за шминка за да постигне физичка сличност со Линколн. Филмот добил одлични критики и во голем дел благодарение на изведбата на Деј-Луис. Филмот постигнал комерцијален успех заработувајќи над  $275 милиони ширум светот.[44] Во ноември 2012, Деј-Луис добил BAFTA за филмско остварување.[45]

На 70-тото издание Златен глобус на 14 јануари 2013, Деј-Луис го освоил неговиот втор Златен глобус за најдобра машка улога а на 66-тото издание на Британската филмска академија на 10 февруари ја освоил четвртата БАФТА награда за главна машка улога. На  85-тото издание на Оскар, Деј-Луис освојувајќи го Оскар за улогата на Линколн станал првиот актер кој освоил три оскари за најдобра главна машка улога.[46] 

Веднаш потоа Деј-Луис најавил дека ќе направи пауза повлекувајќи се на својата фарма цели пет години, пред повторно да сними уште еден филм.[47]

Неговата прва улога после пет години е во филмот Phantom Thread, со сет во Лондон, во модната индустрија во 1950-тите, во режија на Пол Томас Андерсон.[48] Филмот почнал да се снима во јануари 2017, за да биде објавен на крајот на 2017. На 20 јуни 2017, портпаролот на Деј-Луис најавил дека глумецот се повлекува од глумата.[49]

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Деј-Луис и Ребека Милер на 80-тото издание на оскар

Деј-Луис ретко дискутира за приватниот живот. Чувајќи си ја приватноста, својот живот го опишал "долгогодишно учење во бекство". Имал врска со француската актерка Изабела Аџани која траела шест години[50]. Нивниот син Габриел Кејн Деј-Луис се родил во 1995 во Њујорк, неколку месеци по завршување на врската.

Во 1996 заради еден филмски проект ја посетил куќата на Aртур Милер каде се запознал со ќерката на писателот Ребека Милер. Тие се венчале подоцна во текот на годината. Имаат два сина, и живеат на релација Њујорк-Ирска.

Деј-Луис добил ирско државјанство во 1993 и со тоа има двојно британско и ирско државјанство.[51][52][53] Тој тврдел:

"Навистина имам двојно државјанство ама кога ќе помислам на дома, мислам на Англија како моја земја. Ми недостига Лондон многу но не можам да живеам таму бидејќи сакам приватност а поради новинарите принуден сум да биде јавен. Не можев да се справам со тоа".[54]

Даниел Деј-Луис навива за лондонскиот клуб Милвол.[55]

На 15 јули 2010, станал почесен доктор по книжевност на Универзитетот во Бристол, делумно дека билученик во Бристол Олд Вик за време на младоста.[56]

Во октомври 2012, на Универзитетот во Оксфорд ги подарил документите кои припаѓале на татко му, поетот Сесил Деј-Луис, разни пишувања, недовршени поеми и допишувања со познати личности  како  В.Х.Оден, Роберт Грејвс, и Филип Ларкин.[57]

Во ноември 2014, добил витешка титула од Принцот Вилијам, Војводата на Кембриџ, во Бакингемската палата.[58]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Daniel Day-Lewis Spoofs Clint Eastwood's Obama Chair Routine at Britannia Awards". Hollywood Reporter. Retrieved 19 April 2013. "I know as an Englishman it's absolutely none of my business."
  2. Parker, Emily. "Sojourner in Other Men's Souls". The Wall Street Journal. 23 January 2008.
  3. Herschberg, Lynn. "The New Frontier's Man". The New York Times Magazine, 11 November 2007
  4. My brother Daniel Day-Lewis won't talk to me any more“, The Telegraph, 4 јуни 2016.
  5. "Daniel Day-Lewis makes Oscar history with third award"'. BBC News. Retrieved 13 March 2013
  6. The World's Greatest Actor“, Time, 22 октомври 2015.
  7. Queen's Honours: Day-Lewis receives knighthood“, BBC, 13 јуни 2014 (посет. 14 јуни 2014 г).
  8. "Film star Daniel Day-Lewis retires from acting". BBC. Retrieved 21 June 2017
  9. "Daniel Day-Lewis announces retirement from acting". The Guardian. Retrieved 21 June 2017
  10. „Index entry“. FreeBMD. ONS. конс. 28 March 2016. 
  11. Peter Stanford (2007). "C Day-Lewis: A Life". p. 5. A&C Black
  12. Jackson, Laura (2005). Daniel Day-Lewis: the biography. Blake. стр. 3. ISBN 1-85782-557-8. „Michael Balcon's family were Latvian refugees from Riga who had come to England in the second half of the 19th century. The family of his wife, Aileen Leatherman, whom he married in 1924, came from Poland.“ 
  13. Day-Lewis gets Oscar nod for new film“, Kent News, 17 декември 2007 (посет. 9 јануари 2008 г).
  14. Pearlman, Cindy. „Day-Lewis isn't suffering: 'It's a joy'“, „Chicago Sun-Times“, 30 декември 2007 (посет. 9 јануари 2008 г).
  15. Segal, David. "Daniel Day-Lewis, Behaving Totally In Character". The Washington Post, 31 March 2005
  16. „Things You Might Not Have Done In Greenwich: Go on a Daniel Day-Lewis Tour“. Information Society. конс. 19 January 2017. 
  17. Corliss, Richard and Carrie Ross Welch. "Dashing Daniel" Time, European Edition, 21 March 1994
  18. Jenkins, Garry. Daniel Day-Lewis: The Fires Within. St. Martin's Press, 1994, ASIN B000R9II4O
  19. Wills, Dominic, "Daniel Day-Lewis Biography". 'Tiscali UK Retrieved 25 February 2006
  20. „The Tatler List“. Tatler. Архивирано од изворникот на 5 February 2016.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  21. „The Tatler List“. Tatler. Архивирано од изворникот на 5 February 2016.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  22. Great dynasties of the world: The Day-Lewises“, „The Guardian“, 3 април 2010.
  23. FILM; Pete Postlethwaite Turns a Prison Stint Into Oscar Material. The New York Times. Retrieved 6 January 2009
  24. Bristol Old Vic Theatre marks 250th anniversary“, BBC, 30 мај 2016.
  25. British Film Institute - Top 100 British Films (1999). Retrieved 26 October 2017
  26. „Daniel Day-Lewis“. The Oscar Site. конс. 6 January 2009. 
  27. Stern, Marlow. "Gary Oldman Talks 'Tinker, Tailor, Soldier, Spy,' 'Batman' Retirement". The Daily Beast. 8 December 2011. Retrieved 10 December 2013.
  28. Anthony J. Jordan (2008). The Good Samaritans – Memoir of a Biographer. Westport Books. стр. 40. ISBN 978-0-9524447-5-6. 
  29. "Daniel Day-Lewis Q&A" TimeOut.com, 20 March 2006 Архивирано 16 January 2013 во Wayback Machine.
  30. Jessica Winter. „Daniel Day-Lewis“, 20 јануари 2013.
  31. Macnab, Geoffrey. „The madness of Daniel Day-Lewis – a unique Method that has led to a deserved third Oscar“, 25 февруари 2013 (посет. 2 септември 2013 г).
  32. „Daniel Day-Lewis“. Turner Classic Movies. конс. 7 January 2010. 
  33. „Daniel Day-Lewis“. Hello!. конс. 7 January 2010. 
  34. „Daniel Day-Lewis | Ryder's Romances Winona's long list of loves lost | MSN Arabia Photo Gallery“. Arabia.msn.com. конс. 9 December 2011. 
  35. „Daniel Day-Lewis“. AskMen. конс. 7 January 2010. 
  36. McGuigan, Barry. „McClellan's return must get the game to care more“, „Daily Mirror“, 22 јануари 2007 (посет. 13 јуни 2015 г).
  37. Biography The New York Times, Retrieved 27 February 2006
  38. Daniel Day-Lewis aims for perfection“, „The Daily Telegraph“, 22 февруари 2008 (посет. 1 јануари 2010 г).
  39. "The Ballad of Jack and Rose" RottenTomatoes.com, Accessed 12 October 2008
  40. Fleming, Michael and Ian Mohr, There Will Be Blood announcement Variety, Retrieved 25 February 2006
  41. Diluna, Amy. „Daniel Day-Lewis Honors Heath Ledger during Screen Actors Guild Awards“, „New York Daily News“, 27 јануари 2008 (посет. 16 февруари 2008 г).
  42. Shoard, Catherine (19 November 2010). „Daniel Day-Lewis set for Steven Spielberg's Lincoln film“. The Guardian. конс. 20 November 2010. 
  43. Zakarin, Jordan. „At 'Lincoln' Screening, Daniel Day-Lewis Explains How He Formed the President's Voice“, „The Hollywood Reporter“, 26 октомври 2012 (посет. 7 ноември 2012 г).
  44. „Daniel Day-Lewis Reveals How He Brought Lincoln To Life“. ukscreen.com. 13 November 2012. конс. 16 November 2012. 
  45. „Britannia Award Honorees – Awards & Events – Los Angeles – The BAFTA site“. British Academy of Film and Television Arts (BAFTA). конс. 31 July 2012. 
  46. „Day-Lewis wins record third best actor Oscar“. The Huffington Post. Associated Press. конс. 25 February 2013. 
  47. "Daniel Day-Lewis wants break from acting". NDTV. Retrieved 3 February 2014
  48. Hall, Jacob (30 January 2017). „Paul Thomas Anderson’s New Movie Has Begun Filming“. /Film. конс. 31 January 2017. 
  49. „Film star Daniel Day-Lewis retires from acting“. BBC News. конс. 21 June 2017. 
  50. Gritten, David. „Daniel Day-Lewis: the greatest screen actor ever?“, 22 февруари 2013 (посет. 25 февруари 2013 г).
  51. Day Lewis Given Freedom of Wicklow
  52. Devlin, Martina. "Daniel, old chap, sure you're one of our own" Independent.ie 24 January 2008
  53. "Day-Lewis heads UK Oscars charge.". BBC News. 22 January 2008
  54. "The enigma of Day-Lewis", The Guardian, 13 January 2008
  55. Sullivan, Chris. „How Daniel Day-Lewis' notoriously rigorous role preparation has yielded another Oscar contender“, „The Independent“, 1 февруари 2008 (посет. 4 јули 2010 г).
  56. „Bristol University | News from the University | Honorary degrees“. Bristol.ac.uk. 15 July 2010. конс. 9 December 2011. 
  57. Daniel Day-Lewis Gives Poet Dad's Work to Oxford“, „The New York Times“.
  58. Sir Daniel Day-Lewis is to be the new Honorary President of the Poetry Archive“, „The Poetry Archive“ (посет. 21 октомври 2015 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]