Џулиен Мур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џулиен Мур
Роден(а)Џули Ен Смит
3 декември 1960 (1960-12-03) (58 г.)
Форт Браг, Северна Каролина, САД
ЖивеалиштеЊујорк, САД
НационалностАмериканка
Државјанство
  • САД Американско
  • Обединето Кралство Британско
Алма матерБостонски универзитет
ЗанимањеАктерка
Писател за деца
Активен период1983–сеуште
Сопружник
Деца2
РодниниПитер Мур Смит (брат)

Џулиен Мур (англиски: Julianne Moore) (родена во 1960) е американска филмска глумица.

Џ. Мур на премиерата на филмот „Savage Grace“, 2008 год.

Биографија[уреди | уреди извор]

Џулиен Мур има шкотско потекло од кое ја наследила црвената коса, која подоцна постанала нејзин заштитен знак. Таткото на Мур бил воено лице, така што нејзиното семејство морало често да се сели од еден во друг град. Поради честите преселби од едно во друго училиште, во тоа време, Мур читала многу книги. Кога била средношколка, Мур ја видела Мерил Стрип на насловната страница на списанието „Тајм“ и тогш добила цврста желба да стане филмска актерка, а Стрип била нејзиниот идол.

Џ. Мур на 66. филмски фестивал во Венеција, 2009 год.

Од 1996 година, таа е во брак со режисерот Барт Фрејндлих со кого има две деца: синот Кејлеб (роден во 1998 година) и ќерката Лив (родена во 2002 година).[1]

Филмска кариера[уреди | уреди извор]

Џ. Мур на филмскиот фестивал во Торонто, 2008 год.

За своите улоги, Џулиен Мур била четирипати номинирана за наградата „Оскар“. Во декември 2014 година, на два месеца пред 87. доделување на наградите „Оскар“, во обложувалниците ширум светот, Мур важела како најголема кандидатка за „Оскар“ во категоријата „најдобра женска улога“ (со коефициент од само 1,17), за настапот во филмот „Сè уште Алис“, во кој игра професорка по лингвистика која е болна од Алцхајмерова болест.[2] И навистина, прогнозите се оствариле, зашто таа ја добила наградата за најдобра жеснка улога.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Наташа Спирова, „Уживам да снимам филмови, но не и да ги гледам“, Антена, број 859, 12.12.2014, стр. 10.
  2. „Џулиен Мур и Мајкл Китон се фаворити за Оскар“, Дневник, број 5652, година XVIII, петок, 26 декември 2014, стр. 25.
  3. „Триумф за „Човекот-птица“ со четири оскари“, Утрински весник, година XVI, број 4718, вторник, 24 февруари 2015, стр. 14.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]