Хелен Мирен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хелен Мирен
РБИ
Мирен во декември 2014
Роден(а) 26 јули 1945 (1945-07-26) (воз. 72 г.)
Лондон, Англија
Занимање глумица
Активен период 1965–сеуште
Сопружник Тејлор Хекфорд (1997–)
Страница
helenmirrenofficial.com

Хелен Мирен (англиски: Helen Mirren) (26 јули 1945, Лондон) е британска актерка.

Биографија[уреди | уреди извор]

Хелен Мирен е родена на 26 јули 1945 година во Чисвик, западен Лондон. Таа има руско потекло и е родена како Илјена Лидија Василевна Миронова (Ilyena Lydia Vasilievna Mironoff). Нејзината мајка се викала Кетлин Александрина Ева Матидла Роџерс (Kathleen Alexandrina Eva Matilda Rogers) и потекнувала од сиромашно работничко семејство, додека нејзиниот татко, Василиј Петрович Миронов бил државен службеник, роден во Курјаново, Русија, додека неговиот татко бил дипломат. Нејзиниот прекар е "Пуканка (Popper)".

Хелен Мирен, Лондон, 2007 год.

Хелен Мирен го завршила средното женско училиште "Св. Бернард" (St. Bernards High School), по што ја започнала својата актерска кариера, работејќи во повеќе театри. Во 1997 година се омажила за американскиот режисер Тејлор Хекфорд.[1] Хелен Мирен е висока 163 сантиметри. [2]

Х. Мирен, Сан Диего, 2010 год.

Филмски опус[уреди | уреди извор]

Хелен Мирен остварила богата телевизиска и филмска кариера. За своите улоги, таа добила повеќе престижни филмски награди:[3] Во 2007 година ја добила наградата "Оскар (Oscar)" за главна женска улога во филмот "Кралицата" (The Queen) од 2006 година. За оваа награда била номинирана и во 2010 година, за улогата во филмот "Последната станица" (The Last Station). Покрај тоа, двапати била номинирана за наградата "Оскар" во категоријата "споредна женска улога", и тоа: во 1995 година, за улогата во филмот "Лудилото на кралот Џорџ" (The Madness of King George) и во 2002 година, за улогата во филмот "Паркот Госфорд" (Gosford Park).

Х. Мирен во 2014 год.

Исто така, Мирен е добитничка на четири награди на "БАФТА (BAFTA)": во 1992, 1993 и 1994 година ја добила телевизиската награда на БАФТА за најдобра актерка, за улогата во "Главниот осомничен" (Prime Suspect), "Главниот осомничен 2" (Prime Suspect 2) и "Главниот осомничен 3" (Prime Suspect 3), додека во 2007 година ја добила филмската награда на БАФТА за најдобра актерка, за улогата во филмот "Кралицата".

Мирен има добиено и три награди "Златен глобус (Golden Globe)", и тоа:

  • 1997 година - за најдобра актерка во телевизиска мини-серија или телевизиски филм, за улогата во "Губитничка хајка" (Losing Chase),
  • 2007 година - за најдобра актерка во филм, за улогата во "Кралицата",
  • 2007 година - за најдобра актерка во телевизиска мини-серија или телевизиски филм, за улогата во "Елизабета Прва" (Elizabeth I).
Х. Мирен на 28. Филмски фестивал во Токиот, 2015 год.

Мирен е добитничка на четири награди "Еми (Emmmy)":

  • 1996 година - за најдобра актерка во телевизиска мини-серија или телевизиски филм, за улогата во "Главниот осомничен: мирисот на мракот" (Prime Suspect: The Scent of Darkness),
  • 1999 година - за најдобра актерка во телевизиска мини-серија или телевизиски филм, за улогата во "Страста на Ајн Ранд" (The Passion of Ayn Rand),
  • 2006 година - за најдобра актерка во телевизиска мини-серија или телевизиски филм, за улогата во "Елизабета Прва" (Elizabeth I),
  • 2007 година - за најдобра актерка во телевизиска мини-серија или телевизиски филм, за улогата во "Главниот осомничен: последниот чин" (Prime Suspect: The Final Act).

На Канскиот фестивал, Мирен освоила две награди за најдобра актерка, и тоа: во 1984 година, за улогата во филмот "Кал" (Cal) и во 1995 година, за улогата во "Лудилото на кралот Џорџ".

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. “Истенчен моден вкус”, ТЕА Модерна, број 689, година XIV, среда, 18 декември 2013, стр. 80
  2. IMDB, Helen Mirren
  3. IMDB Helen Mirren

Надворешни врски[уреди | уреди извор]