Кралица (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Кралица
(The Queen)“
Сценарист Питер Морган
Настапуваат Хелен Мирен
Жанр драма , политика
Држава  САД
Јазик англиски<

Кралица (англиски: The Queen) е британско-француско-италијански филм од 2006 година, кој ги опишува настаните по смртта на Дијана Спенсер, принцезата од Велс. Режисер на филмот е Стифен Фрирс, а автор на сценариото е Питер Морган. Главните улоги ги играат: Хелен Мирен, Мајкл Шин, Џејмс Кромвел, Алеј Џенингс, Хелен Мекрори, Роџер Алам и Силвија Симс. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во шест категории, но победил само во една (Хелен Мирен за најдобра главна женска улога). Вкупно, филмот освоил 60 награди на бројни фестивали.[1]

Приказна[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот почнува на 2 мај 1997 година, кога Тони Блер (го игра Шин) е избран за премиер на Велика Британија. Тој и неговата сопруга (ја игра Мекрори) одат на прием кај кралицата Елизабета II (ја игра Мирен), која треба официјално да го прогласи за премиер. Четири месеци подоцна, Дијана Спенсер, бившата сопруга на принцот Чарлс, загинува во сообраќајна несреќа во Париз. Притоа, Владата на Блер и кралицата се судруваат околу прашањето за погребот на принцезата Дијана. Кралицата смета дека по разводот Дијана не била повеќе членка на кралското семејство, така што нејзиниот погреб мора да биде приватен. Спротивно на тоа, Блер смета дека принцезата Дијана уживала голема поддршка кај народот и поради тоа треба да биде погребена со јавна, свечена церемонија. Принцот Чарлс (го игра Џенингс) бра од својата мајка погреб со кралски почести, зашто Дијана е мајка на двата принца, Вилијам и Хари. Најпосле, соочена со притисокот од премиерот и од јавноста, кралицата попушта и дава официјална изјава по повод смртта на принцезата Дијана, која потоа е закопана со највисоки почести. Неколку месеци подоцна, премиерот Блер повторно оди на средба со крлаицата.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]