Рами Малек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рами Малек
Роден(а)Рами Саид Малек
12 мај 1981 (1981-05-12) (38 г.)[1]
Лос Анџелес, САД
Алма матерУниверзитет Евансвил
ЗанимањеГлумец
Активен период2004–сѐ уште

Рами Малек (роден на 12 мај 1981 г.) — американски глумец.[2] Тој е најпознат по толкувањето на главната улога Елиот Алдерсон во критички признаената телевизиска серија Мистер Робот, за која добил награда од филмските критичари, како и номинации за наградите Еми, Златен глобус, и наградата на здружението на филмски критичари.

Малек исто така е познат по улогата на кралот Акменра во трилогијата Ноќ во музејот, а исто така глумел и во комичната серија Војна дома (2005–07), минисеријалот Тихи Океан (2010), како и во филмовите Лери Краун (2011), Учителот (2012), Нема светци во рајот (2013) и критички признаената драма Краток рок 12 (2013).

Биографија[уреди | уреди извор]

Малек е роден во Лос Анџелес, Калифорнија од египетски родители.[3] Неговиот покоен татко бил туристички водич во Каиро.[4] Неговата мајка е сметководител.[5] Малек има идентичен брат близнак кој се вика Сами; Рами е постар четири минути. Тој исто така има постара сестра која е докторка. Малек се школувал во средното училиште Нотр Дам во Лос Анџелес каде дипломирал во 1999 година заедно со глумицата Рејчел Билсон.[6] Во средното училиште тој учел заедно со Кирстен Данст, која била една година помлада и заедно со него посетувала часови по музички театар. Тој ја добил својата диплома за ликовни уметности во 2003 година од Универзитетот Евансвил во Евансвил, Индијана.[7]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филм[уреди | уреди извор]

Год. Наслов Улога Белешки
2006 Ноќ во музејот Кралот Акменра
2009 Ноќ во музејот: Битка за Смитсонијан
2011 Лери Краун Стив Дибијаси
2012 Морска борба Потполковник Хил
2012 Самрак сага: Зазорување – Втор дел Бенџамин
2012 Учителот Кларк
2013 Нема светци во рајот Вил
2013 Краток рок 12 Нејт
2013 Старо момче Браунинг
2014 Нид фо спид (Need for Speed) Фин
2014 Ноќ во музејот: Тајната на гробницата Кралот Акменра
2014 Слатка Исусова крв Сенешал Хигинботом
2016 Buster's Mal Heart Постпродукција, главна улога
2017 Папијон Луј Дега Предпродукција

Телевизија[уреди | уреди извор]

Год. Наслов Улога Белешки
2004 Девојките Гилмор Енди Епизода: "In the Clamor and the Clangor"
2005 Таму Хасан 2 епизоди
2005 Медиум Тимоти Керчер Епизода: "Time Out of Mind"
2005–2007 Војна дома Кени споредна улога, 21 епизода
2010 24 Маркос Ал-Закар 3 епизоди
2010 Тихи Океан Меријел „Снафу“ Шелтон 6 епизоди
2012 Алкатраз Веб Портер Епизода: „Веб Портер“
2012 Легендата за Кора Тано (глас) 3 епизоди
2014 Верувај Д-р Адам Тери Епизода: „Пилот“
2015–сè уште Мистер Робот Елиот Алсерсон главна улога, 22 епизоди

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Person Details for Rami Said Malek, "California Birth Index, 1905-1995". familysearch.org. 
  2. Willmore, Alison (2015-08-25). „BuzzFeed Entertainment“. The Summer TV Heartthrob No One Saw Coming. конс. 2016-07-14. 
  3. Willmore, Alison (August 26, 2015). „The Hacker Heartthrob From Mr. Robot Who Owned Summer TV“. BuzzFeed. конс. August 26, 2015. 
  4. Drumming, Neil. „Looking Back on Mr. Robot and a Season of Hacker Drama“, „The New York Times“, 28 август 2015.
  5. Hughes, Sarah (2016-07-14). „Mr Robot's Rami Malek: 'The world is in chaos – and all we do is hyperconsume'. the Guardian. конс. 2016-07-15. 
  6. „Notre Dame High School 1999 Activ Alumns“. ndhs.org. конс. April 10, 2016. 
  7. „Local Stars: Film and TV stars who lived and breathed Evansville at some point in their lives“. Evansville Living. конс. 25 June 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]