Ноќ во музејот: Тајната на гробницата (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ноќ во музејот: Тајната на гробницата (англиски: Night at the Museum: Secret of the Tomb) - американски филм од 2014 година, во режија на Шон Леви. Во главните улоги настапуваат: Бен Стилер, Робин Вилијамс, Овен Вилсон, Стив Куган, Ден Стивенс, Рами Малек, Бен Кингсли, Дик ван Дајк и Мики Руни.[1] Филмот претставува трето продолжение на серијалот „Ноќ во музејот“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во природонаучниот музеј се подготвува нова изложба која треба да ја организира чуварот Лари (Бен Стилер). Во музејот се поканети бројни гости, кои се воодушевени кога музејските експонати се појавуваат во живо. Но, неочекувано, среде претставата, музејските експонати започнуваат да се однесуваат необично. Поради тоа, претставата завршува катастрофално. Лари дознава дека причината за тоа лежи во корозијата на волшебната табла која се наоѓа во музејот. Оттука, тој успева да издејствува да го испратат во Британскиот музеј во Лондон каде се наоѓа фараонот кој ја знае тајната на волшебната табла. На патувањето во Лондон, Лари со себе ги поведува и својот син и неколку експонати од музејот. Таму, во борбата да ја спасат волшебната табла, групата се соочува со големи проблеми предизвикани од сер Ланселот, кој сака да ја присвои волшебната табла за себе. Сепак, по многу проблеми, тие успеваат да ја спечат корозијата на таблата, со што ја отстрануваат опасноста музејските експонати засекогаш да останат замрзнати.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]