Ворнер Бакстер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ворнер Бакстер
Роден(а) Ворнер Лерој Бакстер
29 март 1889(1889-03-29)
Колумбус, Охајо
Починал(а) 7 мај 1951(1951-05-07) (воз. 62 г.)
Беверли Хилс, Калифорнија
Причина за смрт Пневмонија
Националност Flag of the United States.svg САД
Занимање Глумец
Активен период 1914–1950

Ворнер Лерој Бакстер (29 март 1889 – 7 мај 1951) — американски глумец, познат по својата улога како The Cisco Kid во филмот Во стара Аризона (1929), за која добил Оскар за најдобар глумец на второто доделување на наградите.

Тој често играл улоги на заводнички, харизматични латински бандити во вестерн филмовите, и го играл The Cisco Kid или слични ликови низ 1930. години, но играл и низа на други улоги низ својата кариера. Тој ја започнал својата кариера во неми филмови. Најпознати неми филмови во кои глумел Бакстер се Големиот Гатсби (1926) и Ужасната вистина (1925). Кога започнале да се прават звучни филмови, Бакстер станал уште попознат. Негови најпознати улоги во звучни филмови се улогите во Во стара Аризона (1929), 42. улица (1932), Брод на робови (1937), Киднапиран (1938), и краткометражниот филм Украдените скапоцености (1931). Во 1940. години тој бил добро познат по улогата Д-р. Роберт Ордвеј во серијалот од 10 филмови насловен Доктор криминалец.

Во периодот од 1914 до 1950 година, Бакстер глумел во повеќе од 100 филмови.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cliff Aliperti (29 март 2010). „Warner Baxter-A Brief Biography“. Things and Other Stuff. http://www.things-and-other-stuff.com/4433/warner-baxter/. конс. 16 ноември 2011 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]