Прејди на содржината

Бинг Крозби

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хари ЛилисБингКрозби Џуниор (англ. Harry Lillis "Bing" Crosby; 3 мај 1903 г – 14 октомври 1977) ― американски пејач и глумец. Тој бил прва мултимедијална ѕвезда, и еден од најпопуларните и највлијателните музичари во 20 век во светот.[1] Од 1926 до 1977 година бил на чело во продажба на плочи и заработка од филмски улоги. Бил една од првите светски културни икони.[2] Снимил преку 70 играни филмови и над 1.600 песни.[3][4][5]

Крозби добил Оскар за најдобар глумец за неговата улога во Одејќи по својот пат (1944) и бил номиниран за Оскар за продолжението на филмот, Ѕвоната на Сент Мери. каде го играл истиот лик. Тој бил најголема атракција на кино-благајните пет години по ред, од 1944 до 1948 година.[6] На врвот на неговата филмска кариера во 1946 година, Крозби глумел во три од петте филмови со најголема заработка во годината: Ѕвоната на Света Марија, Сино небо и Пат кон утопија.[6] Во 1963 година, Крозби ја добил првата воопшто награда Греми за глобално достигнување.[7] Тој е меѓу 33-те лица кои имаат три ѕвезди на Булеварот на славата во Холивуд,[8] во категоријата за филм, за радио и за аудио записи.[9] Познат бил и по неговата соработка со Боб Хоуп, со кого заедно глумеле во серијалот филмови „Патот кон...“ од 1940 до 1962 година.

Дестство и младост[уреди | уреди извор]

Крозби на девет години

Хари Крозби е роден на 3 мај 1903 година,[10][11] во Такома, Вашингтон. Во 1906 година, неговото семејство се преселило во Спокејн, каде што и го поминал детството.[12] Во 1913 година, неговиот татко изградил куќа која денес се наоѓа во кампусот на Универзитетот Гонзага, и денес е музеј во кој се сместени над 200 артефакти од неговиот живот и кариера, вклучувајќи го и неговиот Оскар.[13][14]

Во 1917 година, Крозби нашол привремена работа во Аудиториумот на Спокејн, каде ги гледал најдобрите изведувачи од тоа време, вклучувајќи го и Ал Џолсон.[15] Во 1920 година, Крозби завршил средно училиште и се запишал на Универзитетот Гонзага, но не ги завршил студиите[16] затоа што решил да се посвети на пејачка кариера, што му донело повеќе приходи. Во 1937 година, универзитетот на Крозби му доделил почесен докторат.[17]

Кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Во 1923 година, Крозби бил поканет да се приклучи на групата Musicaladers во која членувале средношколци неколку години помлади од него.[5] Групата се распаднала по две години.[3] :92–97[18] Крозби и уште еден член од групата Ал Ринкер добиле работа во театарот Клемер во Спокејн (денес познат како театар Бинг Крозби).

Крозби потоа, заедно со Ал Клемер, бил член на вокално трио The Three Harmony Aces и неколку месеци настапувале во театарот „Клемер“.[19]

Во октомври 1925 година, Крозби и Клемер заминале по слава во Калифорнија. Пристигнале во Лос Анџелес, каде како дел од The Syncopation Idea, Крозби и Ринкер почнале да влегуваат во шоу бизнисот. По затворањето на The Syncopation Idea, тие работеле во Will Morrissey Music Hall Revue. Набрзо биле забележани од член на организацијата, Пол Вајтмен.

На Вајтмен му требало во музиката да понуди нешто поинакво, а Крозби и Ринкер му излегле во пресрет. По неполна година во шоу-бизнисот, веќе се поврзувале со едно од најголемите имиња во тоа време.[19] Првиот концерт со Вајтмен го имале на 6 декември во Тиволи во Чикаго. Нивната прва плоча, од октомври 1926 година, била „I've Got the Girl“ со оркестарот на Дон Кларк, Плочата била издадена од Колумбија.

ѐ[уреди | уреди извор]

Oткако се вратиле во Њујорк, Вајтмен размислувал да ги ослободи од обврските, но по приклучувањето на пијанистот и амбициозниот текстописец Хари Барис се создала нова група The Rhythm Boys. Така тие можеле полесно да се чујат во големите њујоршки театри. Крозби стекнал драгоцено искуство на едногодишната турнеја со Вајтмен и во заедничките настапи со Бикс Бејдербек, Џек Тигарден, Томи Дорси, Џими Дорси, Еди Ланг и Хоаги Кармајкл. Созревал како изведувач и бил баран како соло пејач.[20]

Во 1928 година ја имал неговата прва песна која се искачила на прво место, џез песната „Ol' Man River“. Во 1929 година, членовите од Rhythm Boys заедно со Вајтмен се појавиле во филмот Крал на џезот, но Крозби станувал сѐ понезадоволен од Вајтмен и Rhythm Boys го напуштиле. Тие му се придружиле на оркестарот од Гас Арнхајм. Додека работеле со Арнхајм, Крозби сѐ повеќе почнувал да се истакнува со своите соло песни, а групата Rhythm Boys постепено станувала непотребна. Хари Барис напишал неколку хитови за Крозби, како: „At Your Command“, „I Surrender Dear“ и „Wrap Your Troubles in Dreams“. Кога Мек Сенет го повикал Крозби сам да глуми во филм, распаѓањето на Rhythm Boys станало речиси неизбежно. Крозби се оженил со Дикси Ли во септември 1930 година.

Успешен соло пејач[уреди | уреди извор]

Крозби во 1932 година

15 минути со Бинг Крозби, неговата прва самостојна радио емисија емитувана на национално ниво, почнала да се емитува на 2 септември 1931 година.[21] Набрзо станал многу популарен. Пред крајот на годината потпишал договор со Brunswick Records и CBS Radio. „Out of Nowhere“, „Just One More Chance“, „At Your Command“ и „"I Found a Million Dollar Baby (in a Five and Ten Cent Store)“ биле меѓу најпродаваните песни во 1931 година.[22]

Неговиот музички ривалитет со пејачот Рас Колумбо од американскиот печат била нарекувана „Битка на баритоните“, но бил краткотраен, и бил заменет со слоганот „Бинг беше крал“ (анг: "Bing Was King"). Крозби имал главна улога во низа кратки музички филмови во режија од Мек Сенет, потпишал договор со Paramount и глумел во неговиот прв долгометражен филм, The Big Broadcast (1932), прв од 55-те филмови во кои добил највисок надомест. Кон крајот на 1934 година потпишал договор со новата издавачка куќа од Џек Кап, Decca Records.

Негов прв комерцијален спонзор на радио била компанијата Cremo Cigars и станал популарен низ целата земја. Неговите настапи, песни и радио емисии значително го зголемиле неговото влијание. По успехот со неговиот прв филм склучил договор со Парамаунт и почнал да снима три филма годишно.

Во 1933 година му се родил првиот син Гери, а во 1934 станал тако на близнаци. Во 1936 година станал водител на неделна радио програма Kraft Music Hall, што ја водел во следните десет години.

За време на Втората светска војна, Крозби пеел во живо пред американските војници кои се бореле на европското боиште. Тој од пишани скрипти го научил германскиот изговор и читал пропагандни пораки наменети за германските војници. Германските слушатели често го нарекувале „Дер Бингл“ („Der Bingle“), а тој прекар почнале да го користат и неговите обожаватели од англиско говорно подрачје. Американските војници на крајот од Втората светска војна, во анкета навеле дека Крозби е личност која најмногу помогнала за подигање на моралот на војниците, каде што Крозби предничел пред претседателот Френклин Д. Рузвелт, генералот Двајт Ајзенхауер и Боб Хоуп.

White Christmas[уреди | уреди извор]

White Christmas (1954)

Најпопуларна песна во кариерата на Крозби била „White Christmas песна која ја напишал Ирвинг Берлин, а Крозби за прв пат ја испеал на Божиќната радио емисија во 1941 година. Песната се појавила во неговите филмови Холидеј Ин (1942) и - една деценија подоцна - во Белиот Божиќ (1954). Неговата песна се појавила на топ-листите на 3 октомври 1942 година, а на 31 октомври се искачила на прво место, каде останала 11 недели. Decca повеќе пати ја објавувала песната за божиќнице празници, и уште шеснаесет пати се пласирала на топ-листите. Повторно била на врвот на топ листите во 1945 година и трет пат во јануари 1947 година. Песната сѐ уште е најпродаван сингл на сите времиња. Во 1977 година, по смртта на Крозби, песната била повторно објавена и стигнала до 5-то место на UK Singles Chart.[23] Крозби не сакал да си ги припише за себе сите заслуги за успехот на песната, и рекол дека „чавка со расцепен клун би можела исто толку успешно да ја отпее“.[24]

Филмска кариера[уреди | уреди извор]

Боб Хоуп, Маркита Ривера и Бинг Крозби во 1947 година

По успешна деценија како глумец во главна улога во музички комедии во 1930-тите, Крозби заедно со Боб Хоуп и Дороти Ламур глумел во шест од седумте музичките комедии Патот до. Комедиите биле снимени во периодот од 1940 до 1962 година (Ламур била заменета со Џоан Колинс во Патот до Хонгконг и имала само долготрајно камео). Серијата се состои од Патот до Сингапур (1940), Патот до Занзибар (1941), Патот до Мароко (1942), Патот до Утопија (1946), Патот до Рио (1947), Патот до Бали (1952) и Патот до Хонгконг (1962).

Во Дизниевиот анимиран филм од 1949 година , „Авантурите на Икабод и г. Тод“, Крозби бил раскажувачот и ја пеел песната во делот „Легендата за заспаната долина“ . Во 1960 година, глумел во High Time. Следната година, Крозби и Хоуп глумеле во Патот до Хонгконг, заедно со многу помладите глумци Џоан Колинс и Питер Селерс. Непосредно пред неговата смрт во 1977 година, планирал да сними уште еден филм од серијалот „Патот до“ во кој тој, Хоуп и Ламур ја бараат Фонтаната на младоста.

Добил Оскар за најдобар актер за „Одејќи по својот пат“ во 1944 година, а исто така бил номиниран за Оскар и за продолжението на филмот, „Камбаните на Сент Мери“ (1945). Бил пофален од критиката за неговата глума во Провинцијалка, за што по трет пат бил номиниран за Оскар.[25]

Телевизија[уреди | уреди извор]

Крозби и неговото семејство во божиќна емисија, 1974 година

Прво телевизиска улога за Бинг Крозби била ТВ серијата The Fireside Theatre (1950). Серијата се состоела од 26-минутни емисии снимани во студио. „Телефилмовите“ биле доставувани до поединечни телевизиски станици. Тој често гостувал во музичките естрадни емисии во 1950-тите и 1960-тите. Негово последно телевизиско појавување била божиќната емисија, Merrie Olde Christmas, снимена во Лондон во септември 1977 година, а емитувана неколку недели по неговата смрт.[26] Токму за потребите на оваа емисија ги снимил песните „The Little Drummer Boy“ и „Peace on Earth“ во дует со рок музичарот Дејвид Боуви. Нивниот дует бил објавен во 1982 година како сингл плоча и стигнал до трето место на UK singles charts.[23]

Bing Crosby Productions, поврзана со Desilu Studios и подоцна со CBS Television Studios, продуцирала многу телевизиски серии, како и неуспешниот ситком на Крозби на ABC The Bing Crosby Show (1964-1965).

Личен живот[уреди | уреди извор]

Синовите на Крозби од првиот брак. Од лево: браќата Крозби: Денис, Гери, Линдзи и Филип во 1959 година

Крозби двапати се женел. Прва сопруга му била Дикси Ли, со која бил во брак од 1930 година до нејзината смрт од рак на јајници во 1952 година. Имале четири сина: Гери, близнаците Денис и Филип и Линдзи. Smash-Up: The Story of a Woman (1947) е филм заснован на животот на неговата сопруга. По смртта на неговата сопруга, Крозби бил во врска со манекенката Пет Шихан (која се омажила со неговиот син Денис во 1958 година) и глумиците Ингер Стивенс и Грејс Кели. Во 1957 година се оженил со актерката Кетрин Грант.[27] Имале три деца: Хари Лилис III (кој го глумел Бил во Петок 13-ти), Мери Френсис и Натаниел (американскиот аматерски шампион во голф од 1981 година).[28]

Здравје и смрт[уреди | уреди извор]

Комеморативна плоча во фоајето на Брајтон центар

По закрепнувањето од опасна по живот габична инфекција во неговото десно белодробно крило во јануари 1974 година, Крозби почнал да снима нови албуми и имал концерти. На 20 март 1977 година, при снимањето на гала концертот со кој ја одбележувал 50-годишнината од неговата музичка кариера, Крозби паднал од сцената и се здобил со повреди во грбот по што еден месец останал во болница.[29] Негов прв настап по несреќата бил неговиот последен концерт во САД, на 16 август 1977 година, денот кога починал Елвис Присли, во Конкорд, Калифорнија.[30]

Во септември, Крозби, неговото семејство и пејачката Розмари Клуни започнале концертна турнеја низ Британија. Додека бил во Британија, Крозби го снимил својот последен албум, Seasons, и последната ТВ емисија, Божиќна емисија со Дејвид Боуви како гостин. Негов последен концерт бил на 10 октомври во Брајтон, четири дена пред неговата смрт.

Гробот на Крозби во Калвер Сити, Калифорнија (означен со погрешна година на раѓање)

На 13 октомври 1977 година, Крозби сам со авион заминал за Шпанија за да игра голф и да лови еребици.[31] На 14 октомври, играл голф и околу 18:30 часот, додека Крозби со неговите голф партнери се враќале кон клубот колабирал и веднаш починал од силен срцев удар.[32] Имал 74 години.

На 18 октомври 1977 година, по приватна погребна миса во католичката црква Свети Павле во Вествуд,[33] Крозби бил погребан на гробиштата во Калвер Сити, Калифорнија.[34]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Bing Crosby at the TCM Movie Database
  1. Communications, Museum of Broadcast (2004). The Museum of Broadcast Communications Encyclopedia of Radio (англиски). Fitzroy Dearborn. ISBN 978-1-57958-431-3.
  2. Prigozy, Ruth; Raubicheck, Walter (2007). Going My Way: Bing Crosby and American Culture (англиски). University Rochester Press. ISBN 978-1-58046-261-7.
  3. 3,0 3,1 Giddins, Gary (2001). Bing Crosby: A Pocketful of Dreams (1. изд.). Little, Brown. стр. 30–31. ISBN 0-316-88188-0.
  4. „Bing Crosby – Hollywood Star Walk“.
  5. 5,0 5,1 Young, Larry (October 15, 1977). „Bing Crosby dies of heart attack“. Spokesman-Review. стр. 1.
  6. 6,0 6,1 Stanley, Bob, Let's Do It: The Birth of Pop Music, Pegasus Books, 2022, pg. 220
  7. Tapley, Krostopher (December 10, 2015). „Sylvester Stallone Could Join Exclusive Oscar Company with 'Creed' Nomination“. Variety. Посетено на February 29, 2016.
  8. „Hollywood Star Walk“. Projects.latimes.com.
  9. „Bing Crosby“. Hollywood Walk of Fame. October 25, 2019.
  10. Grudens, 2002, p. 236. "Bing was born on May 3, 1903. He always believed he was born on May 2, 1904."
  11. Giddins, Gary. „Bing Bio – Bing Crosby“. Bingcrosby.com. Архивирано од изворникот на 2020-02-05. Посетено на July 5, 2018.
  12. Blecha, Peter (August 29, 2005). „Crosby, Bing (1903–1977) and Mildred Bailey (1907–1951), Spokane“. Historylink.org. Посетено на July 5, 2018.
  13. „Bing Crosby House Museum“. Gonzaga.edu. Посетено на July 5, 2018.
  14. Bing Crosby and Gonzaga University: 1903–1925. „Bing Crosby and Gonzaga University: 1903–1925 – Gonzaga University“. Gonzaga.edu. Архивирано од изворникот на August 9, 2012. Посетено на October 15, 2012.
  15. Gilliland 1994.
  16. Kershner, Jim (February 21, 2007). „Gonzaga University“. HistoryLink.org. Essay 8097. Посетено на May 10, 2014.
  17. „Bing Crosby comes home to his Gonzaga“. Spokane Daily Chronicle. October 21, 1937. стр. 1.
  18. Early KHQ broadcast from the Davenport Hotel Spokane
  19. 19,0 19,1 Macfarlane, Malcolm (2001). Bing Crosby: Day by Day. Bingmagazine.co.uk.
  20. Macfarlane, Malcolm. „Bing Crosby – Day by Day“. BING magazine. Посетено на February 18, 2016.
  21. „Bing Crosby“. Radio Hall of Fame. Архивирано од изворникот на September 23, 2008. Посетено на September 2, 2010.
  22. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име kl.
  23. 23,0 23,1 British Hit Singles & Albums (2005. изд.). Guinness. May 2005. стр. 126. ISBN 1-904994-00-8.
  24. Radio & TV York Daily Record. December 19, 1958. p. 56.
  25. Fisher, James (Spring 2012). „Bing Crosby: Through the Years, Volumes One–Nine (1954–56)“. ARSC Journal. 43 (1).
  26. Pairpoint, Lionel. „The Chronological Bing Crosby on Television“. BING magazine. Посетено на February 21, 2016.
  27. Clemens, Samuel (2020). Pat: A Biography of Hollywood's Blonde Starlet. Sequoia Press. стр. 24. ISBN 978-0578682822.
  28. „Nathaniel Crosby wins 1981 U.S. Amateur Championship“. USGA.com.
  29. „Bing Crosby, 73, Dies in Madrid At Golf Course“. The New York Times. Associated Press. October 15, 1977. Посетено на October 25, 2020.
  30. „Chapter 10: The Final Years, 1975–1977“. BING Magazine. International Club Crosby. Посетено на October 25, 2020.
  31. Van Beek, Greg (2001). „Bing Crosby: The Final Round“. Bingang. Club Crosby (Summer 2001): 6–10. Архивирано од изворникот на May 12, 2014. Посетено на May 9, 2014.
  32. West, Richard; Thackrey, Ted Jr. (October 15, 1977). „From the Archives: Bing Crosby Dies at 73 on Golf Course“. Los Angeles Times.
  33. Smith, Jim (October 19, 1977). „Memorial Rites Held for city favorite, Bing Crosby“. The Spokesman Review. Посетено на May 9, 2014.
  34. Clooney, Rosemary (1977). This for Remembrance: The Autobiography of Rosemary Clooney. Playboy Press. стр. 244–248. ISBN 978-0-671-16976-3.