Вилијам Херт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вилијам Херт
Херт во 2005 година
Роден(а)Вилијам Мекорд Херт
20 март 1950 (1950-03-20) (69 г.)
Вашингтон, САД
НационалностАмериканец
ЗанимањеГлумец
Активен период1977–2017
Висина1.88 м[1]

Вилијам Мекорд Херт[2] (роден на 20 март 1950 г.) — американски глумец.

Херт ја започнал својата филмска кариера во 1980 година со научно-фантастичниот хорор Променети состојби, и за својата изведба во филмот како проблематичен научник добил номинација за Златен глобус за нова ѕвезда на годината. Тој подоцна играл главна улога во неоноар филмот Телесна страст (1981).

Во 1985 година, Херт се здобил со критичко признание и бројни награди, вклучувајќи БАФТА награда и Оскар за најдобар глумец за изведбата во филмот Бакнеж од жената-пајак. Тој добил уште две номинации за Оскар за најдобар глумец за неговите изведби во филмовите Деца на помалиот бог (1986) и Телевизиски вести (1987). Херт останал активен театарски глумец во текот на 1980-те години, појавувајќи се во Оф-Бродвеј продукции, и тоа во претставите Хенри V, Петти јули, Ричард II и Сон на летната ноќ. Тој добил номинација за наградата Тони за најдобар спореден театарски глумец во 1985 година за бродвејската продукција на Харлибарли.

Откако толкувал разновидни филмски улоги во следната деценија, Херт ја добил четвртата номинација за Оскар и тоа за споредната улога во криминалистичкиот трилер Историја на насилството (2005) режиран од Дејвид Кроненберг. Други забележителни филмски улоги тој толкувал во филмовите Вештачка интелигенција (2001), Селото (2004), Сиријана (2005), Добриот пастир (2006), Господин Брукс (2007), Во дивината (2007), Поволна позиција (2008), Неверојатниот Хулк (2008), Робин Худ (2010) и Капетан Америка: Граѓанска војна (2016).

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]