Прејди на содржината

Поволна позиција

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Поволна позиција
(Vantage Point)“
РежисерПит Тревис
ПродуцентТања Ландау
СценаристБери Леви
Главни улогиДенис Квејд
Метју Фокс
Форест Витакер
Сигурни Вивер
Вилијам Херт
Жанрдрама
трилер
ДистрибутерSony Pictures
Премиера22 февруари 2008
Земја САД
ЈазикАнглиски
Буџет$40 милиони[1]
Бруто заработка$151.1 милион[1]

Поволна позиција (англиски: Vantage Point) е акционен трилер за осум странци кои од осум различни перспективи се обидуваат да ја откријат вистината за обидот за атентат на претседателот на Америка. Филмот својата премиера ја дожива на 22 февруари 2008 год. а во главната улога се појавува Метју Фокс нам добро познат по улогата на Џек во серијата Изгубени.

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Двајца тајни агенти Томас Барнс и Кент Тејлор се задолжени да го заштитуваат претседателот на Америка, Ештон во текот на престојот во Шпанија на состанокот за глобалниот проблем – тероризмот. Но, штом ќе пристигне во Шпанија, нештата тргнуваат во погрешна насока. Меѓу луѓето што го следат говорот на претседателот е и Хауард Луис, американски турист кој го снима историскиот настан, за кога ќе пристигне дома да им го покаже на своите деца. Таму е и Рекс Брукс, телевизиска продуцентка, која известува за американската телевизија. Но, во текот на говорот се случува обид за атентат врз претседателот. Хауард им ја предава видеолентата на агентите, бидејќи е убеден дека случајно го снимил атентаторот што пука од покривот на соседната зграда.

Глумци Ликови
Денис Квејд Томас Барнс
Метју Фокс Кент Тејлор
Форест Витакер Хауард Луис
Сигурни Вивер Рекс Брукс
Вилијам Херт Претседател Хенри Ештон
Едгар Рамирес Хавиер
Ајлет Зурер Вероника
  1. 1,0 1,1 „Vantage Point“. Box Office Mojo. Посетено на 2011-01-03.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]