Медиум (ТВ серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Медиум
Податотека:Medium intro.jpg
Лого на серијата
Жанрдрама
Создадена одГлен Гордон Керон
УлогиПатриша Аркет
Мигел Сандовал
Софија Василиева
Марија Ларк
Џејк Вебер
Земја на потекло САД
Бр. на сезони3, за сега
Бр. на епизоди60, за сега
Продукција
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаNBC‏‎
Првично прикажување3 јануари 2005 – сегашност
Надворешни врски
Мрежна страницаnbc.com/Medium/

Медиум е американска драмска телевизиска серија за жена која работи како медиум истражител во канцелариите на јавниот обвинител. Серијата е заснована на животот на Алисон Дубоа, критикувана контроверзна личност која тврди дека користи психички сили за да помогне на локалните власти.

Серијата е создадена од Глен Гордон Керон, а продуцирана од Picturemaker Productions и Gramment Productions во асоцијација со CBS Paramount Television.

Кај нас, моментално се емитува втората сезона на Сител.

  • Прва сезона (септември 2006 – декември/јануари 2006/2007)
  • Втора сезона (октомври 2007 – )

Дејствие[уреди | уреди извор]

Алисон Дубоа (Patricia Arquette) е мајка на три деца, посветена сопруга и студент на право која почнува да се сомнева дека може да зборува со мртви луѓе, да ја гледа иднината во нејзините соништа и да ги чита туѓите мисли. Загрижена за своето ментално здравје, таа му се обраќа на нејзиниот сопруг Џо (Jake Weber), инженер, кој полека почнува да верува во она што му го кажува жена му, бидејќи увидува дека деталите од нејзините соништа и убиството во Тексас се совпаѓаат.

Вистинскиот предизвик е да го убеди својот шев, Мануел Девалос (Miguel Sandoval), и останатите кои се сомневаат, дека нејзините психички способности можат да им помогнат да решат некои насилни и ужасни злосторства, чии мистерии се познати само на оние што се под земја. Информации за одредени луѓе или злосторства добива сонувајќи, или преку кодирани визии, кои скоро никогаш не значат тоа што навидум се.

Сите нејзини ќерки ја имаат наследено нејзината дарба. Ариел (Sofia Vassilieva) и Брижит (Maria Lark) исто така имаат визии и сништа, обично кога нивната мајка бара одговори во нејзините соништа. Во третата сезона, дознаваме дека и најмладата ќерка на Алисон, Мари (Madison and Miranda Carabello) е наклонета кон паранормалното. Во моментов, таа може да гледа телевизија која не е претплатена на кабловската. На Брижит никогаш не и сметаат нејзините способности, но на Ариел и е потешко да се справи со дарот којшто малку го разбира.

Помладиот брат на Алисон, Мајкл „Лаки“, исто така го има семејниот дар, но ретко сака да признае, бидејќи скоро секогаш му носи проблеми.

Алисон е често придружувана од локален полицаец од Аризона, пријател на Мануел Девалос – Ли Скенлон (David Cubitt), кој на почетокот не веруваше во дарот на Алисон. Алисон често ги прекршува законите кога сака да застане некое предвидено злосторство.

Исто така, Алисон му помага, и добива помош од капетанот Кенет Пуш (Arliss Howard). Тој е првиот правник на кого Алисон му ги признава своите способности.

Награди[уреди | уреди извор]

Во 2005, Патриша Аркет беше наградена со Еми за најдобра главна глумица во драмска серија. Исто така, беше номинирана за Златен Глобус во 2006 и 2007.

Епизоди[уреди | уреди извор]

Премиерата на Медиум беше на 3 јануари 2005, и беа прикажани 16 епизоди. Втората сезона почна на 19 септември 2005 и има 22 епизоди.

Кога NBC ја објави својата програма за есента 2006, Медиум ја немаше на програмата, иако втората сезона заврши со висока гледаност и Патриша Аркет доби Еми. Телевизијата подоцна објави дека серијата ќе се врати на почетокот на 2007. Меѓутоа, на 13 октомври 2006 беше изјавено дека продукцијата веднаш ќе продолжи и дека трета сезона ќе почне на 15 ноември 2006. Третата сезона се состои од 22 епизоди.

На 7 мај 2007, NBC‏‎ објави дека Медиум е обновена за четврта сезона [1][2], која ќе почне некаде по јануари 2008 [3][4]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Medium: NBC Renews Patricia Arquette Series“. TVSeriesFinale.com. Посетено на 2007-05-07.[мртва врска]
  2. „Prime-time Premonition: NBC Brings Back Medium. TVGuide.com. Архивирано од изворникот на 2007-10-17. Посетено на 2007-05-07.
  3. name="S4">„NBC DELIVERS THE QUALITY ONCE AGAIN THIS FALL“. TheFutonCritic.com. Посетено на 2007-05-14.
  4. „NBC rolls out fall lineup“. TV.com. Архивирано од изворникот на 2008-04-19. Посетено на 2007-05-14.