Ноќ во музејот (филм)

From Википедија
Jump to navigation Jump to search

Ноќ во музејот (англиски: Night at the Museum) е американски филм (комедија) од 2006 година, во режија на Шон Леви. Главните улоги ги толкуваат: Бен Стилер, Карла Гуџино, Мики Руни и Робин Вилијамс. Филмот е снимен според истоимената сликовница за деца од 1993 година, напишана и илустрирана од хрватскиот стрип-цртач, Милан Тренц.

Содржина[edit | edit source]

Ноќниот чувар во еден природонаучен музеј открива дека ноќе, кога ќе си заминат посетителите, изложените експонати оживуваат и тој има големи проблеми, а истовремено, изложен е и на големи опасности, бидејќи го бркаат Хуни, мора да посредува во запирањето на војните итн.[1]

Наводи[edit | edit source]

  1. Антена, број 859, 12.12.2014, стр. 24.