Девојките Гилмор
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Девојките Гилмор | |
|---|---|
| Создадена од | Ејми Шерман - Паладино |
| Улоги | Лорен Грем Алексис Бледел Скот Патерсон Кели Бишоп Едвард Херман |
| Земја на потекло | |
| Првичен јазик | Англиски |
| Бр. на сезони | 7 |
| Бр. на епизоди | 153 (список) |
| Производство | |
| Извршен продуцент | Ејми Шерман - Паладино (1-6 сезона) Дејвид С. Розентал (7-ма сезона) |
| Времетраење | 41 min |
| Прикажување | |
| Првична мрежа | Канал Ворнер Брос (2000-2006) Канал CW (2006-2007) |
| Првично прикажување | 5 октомври 2000 – 15 мај 2007 |
Девојките Гилмор (Gilmore girls) е американска телевизиска серија создадена од Ејми Шерман – Паладино, со Лорен Грем и Алексис Бледел во главните улоги. Серијата оригинално се емитуваше на каналот Ворнер Брос од 5 октомври 2000 година до 15 мај 2007, комплетирајќи седум сезони.
Девојките Гилмор е приказна за самохраната мајка Лорелај Гилмор и нејзината ќерка Рори, кои живеат во фиктивниот град Старс Холоу во Конектикат. Во серијата се обработуваат семејни и пријателски теми, како и генерациски јаз и социјални класи. Дијалозите во серијата имаат многу брзо темпо. Во нив често се спомнуваат детали од поп-културата, политиката и високата класа, кои најдобро се манифестираат со тешкиот однос на Лорелај и нејзините родители, кои се од висока класа.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
- Official Официјална страна на Каналот Ворнер Брос
- Official Gilmore Girls Страна на каналот ЕјБиСи Фемили
| Оваа статија за телевизија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|