Далтонизам
Изглед
Далтонизам | |
---|---|
Синоними | бојно слепило, попречен боен вид[1] |
Слика за утврдување на далтонизам со бројот 74. На делумните далтонисти им се гледа бројот 21, а потполните далтонисти не гледаат никаков број. | |
Специјалност | Офталмологија |
Симптоми | неможност за разликување на бои[2] |
Времетраење | долгорочна[2] |
Причинители | генетска (наследна, обично по X-хромозомот)[2] |
Дијагностички метод | Ишихарино испитување[2] |
Лекување | прилагодени наставни методи, мобилни прилози[1][2] |
Честота | црвена-зелена: 8 % мажи, 0,5 % жени (кај северноевропејци)[2] |
Далтонизам или бојно слепило — неможност за разликување на некои или на сите бои. Обично се смета за слепило на бои. Далтонизмот го добил името по англискиот физичар и хемичар Џон Далтон (1766-1844) кој прв ја проучувал оваа болест бидејќи самиот страдал од неа. Човечката мрежница содржи три типа клетки што впиваат светлина во различни делови од спектарот. Отсуството на овие типови предизвикува далтонизам за црвена, зелена и сина боја. Далтонизам е рецесивна одлика поврзана со полот, која е 20 пати повообичаена кај мажите отколку кај жените.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Gordon, N (March 1998). „Colour blindness“. Public Health. 112 (2): 81–4. doi:10.1038/sj.ph.1900446. PMID 9581449.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Facts About Color Blindness“. NEI. February 2015. Архивирано од изворникот на 28 July 2016. Посетено на 29 July 2016.
Оваа медицинска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|