Прејди на содржината

X-хромозом

Од Википедија — слободната енциклопедија
Х хромозомот со обележани генски локуси.

Х хромозомот (се чита икс хромозом) е еден од двата полови хромозоми кај луѓето и повеќето животни (другиот е Y хромозомот). Половите хромозоми формираат еден од 23 пара на човечки хромозоми во секоја клетка. Х хромозомот поседува околу 155 милиони базни парови (градбените делови на ДНК) и претставува околу 5% од вкупната ДНК во клетката.[1]

Секоја здрава единка поседува еден пар на полови хромозоми во секоја клетка. Женките имаат два Х хромозома како полов пар на хромозоми, додека мажјаците имаат еден Х и еден Y хромозом како полови хромозоми. Рано во ембрионалниот развиток кај женките, еден од двата Х хромозома е случајно и трајно онеспособен во соматските (телесни) клетки (за разлика од половите клетки). Овој феномен е познат како Х-инактивација или лионизација. Со овој процес и женските единки (како и машките) добиваат само по еден функционален Х хромозом во секоја телесна клетка. Бидејќи Х-инактивацијата е случајна и произволна, кај здравите женски единки се среќаваат два типа на клетки - едни со активен Х хромозом наследен од мајката и други со активен Х хромозом наследен од таткото.[2]

Некои гени на Х хромозомот не подлежат на Х-инактивацијата. Овие гени се наоѓаат на врвот од краткиот (р) крак на Х хромозомот, во област позната како псевдоавтозомен регион. Иако многу гени се единствени за Х или Y хромозомот, гените во псевдоавтозомниот регион се присутни и на двата полови хромозоми. Поради ова, мажите и жените имаат по две функционални копии од овие гени. Многу гени во псевдоавтозомниот регион се есенцијални за нормалниот развиток.

Х хромозомот најверојатно содржи помеѓу 900 и 1400 гени. Гените кои се наоѓаат на Х хромозомот се околу 20000 до 25000 од вкупниот број на гени во човечкиот геном. Генетските заболувања кои се поврзани со Х хромозомот се Клинефелтеров синдром, Троен Х синдром, Тарнеров синдром, како и неколку други генетски нарушувања.[3]

  1. ↑ „X Chromosome“. www.genome.gov (англиски). Посетено на 2026-01-28.
  2. ↑ „Basic Animal Genetics - Cornell University Department of Animal Science“. basicgenetics.ansci.cornell.edu. Посетено на 2026-01-28.
  3. ↑ Ross, Mark T.; Grafham, Darren V.; Coffey, Alison J.; Scherer, Steven; McLay, Kirsten; Muzny, Donna; Platzer, Matthias; Howell, Gareth R.; Burrows, Christine (2005-03). „The DNA sequence of the human X chromosome“. Nature (англиски). 434 (7031): 325–337. doi:10.1038/nature03440. ISSN 0028-0836. PMC 2665286. PMID 15772651. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)