Џуди Денч
Џуди Денч (англиски: Judi Dench) (9 декември 1934, Хјуворт, Обединето Кралство) е британска глумица, најмногу позната по своите улоги во серијалот за тајниот агент Џејмс Бонд.
Животопис
[уреди | уреди извор]Во поодминатата возраст, Џуди Денч живеела сама, заедно со своите миленици (куче, две мачки и златна рипка) во стара селска куќа во Кент.[1] Притоа, таа страдала од макуларна дегенерација на очите, поради што повремено останувала без вид. Така, во февруари 2015 година, Денч изјавила: „Состојбата ми се влошува. Постојано паѓам, како да сум пијана... Повеќе не можам ни да патувам сама“.[2]
Кариера
[уреди | уреди извор]Џуди Денч е најпозната по настапите во филмовите за Џејмс Бонд. Во 2012 година, таа за последен пат (седми по ред) го одиграла ликот на М во 23. филм за Џејмс Бонд „Скајфол“. Во 2013 година, таа играла во филмот „Филомена“ за кој ја добила седмата номинација за наградата „Оскар“. Потоа, таа играла во продолжението на комедијата „Најдобриот егзотичен хотел Мариголд“, како и во британската историска серија „Празната круна“.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]
|