Житинени: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°28′14″N 20°34′15″E / 41.47056° СГШ; 20.57083° ИГД / 41.47056; 20.57083
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Културни и природни знаменитости: Јазична исправка, replaced: локалитети → наоѓалишта
с →‎Културни и природни знаменитости: Јазична исправка, replaced: Архолошки → Археолошки
Ред 60: Ред 60:


== Културни и природни знаменитости ==
== Културни и природни знаменитости ==
;Архолошки наоѓалишта<ref>[[Димче Коцо|Коцо, Димче]] (1996).''Археолошка карта на Република Македонија''. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069</ref>
;Археолошки наоѓалишта<ref>[[Димче Коцо|Коцо, Димче]] (1996).''Археолошка карта на Република Македонија''. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069</ref>


*[[Манастир (Житинени)|Манастир]] — средновековна населба, црква и некропола;
*[[Манастир (Житинени)|Манастир]] — средновековна населба, црква и некропола;

Преработка од 13:13, 4 јули 2020

Житинени

Влезот на селото

Житинени во рамките на Македонија
Житинени
Местоположба на Житинени во Македонија
Житинени на карта

Карта

Координати 41°28′14″N 20°34′15″E / 41.47056° СГШ; 20.57083° ИГД / 41.47056; 20.57083
Општина  Центар Жупа
Население 537 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 08019
Надм. вис. 994 м
Житинени на општинската карта

Атарот на Житинени во рамките на општината
Житинени на Ризницата

Житинени — село во Општина Центар Жупа. Селото според пописот од 2002 година имало население од 537 жители. Жителите се Македонци-муслимани, но поради политичко-религиски причини се изјасниле како Турци.

Географиja и местоположба

Селото се наоѓа во областа Жупа во Западна Македонија. Селото е напланината Стогово.

Историja

Поглед на дел од селото од патот кон Коџаџик

Според податоците од 1873 година, селото имало 15 домаќинства со 38 жители муслимани (Македонци).[2] Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 232 жители муслимани (Македонци).[3]

Демографија

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 537 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]

Националност Вкупно
Турци 536
Албанци 1

Родови

Житинени е торбешко село.

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Имеровци (5 к.), Мијединовци (1 к.), Цаневци, Дурмишовци (10 к.), Бастријовци (6 к.), Идризовци (4 к.), Мифтаровци (3 к.), Алијовци и Ибраимовци (1 к.)
  • Доселеници: Куртовци (9 к.) доселени се на самиот почеток на XIX век од селото Коџаџик, потеклото им е турско. Но овде кога дошле одма се измешале со Торбешите, и сега го зборуваат само македонскиот јазик. Помеѓу житиненските родови има приличен број на домазети од селото Долени во близина на Пешкопеја.[5]

Православни македонски родови

  • Доселеници: Зајекаровци (1 к.) доселени се околу 1898 година од селото Броштица; Новковци (1 к.) потекнуваат од предокот Новко кој се доселил околу 1846 година од околината на Воден во Егејска Македонија.

Самоуправа и политика

Изборно место

Во селото постои изборното место бр. 565 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 491 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[8]
  • Манастир — средновековна населба, црква и некропола;
  • Црков — средновековна некропола;
  • Чифлик — доцноантичка и средновековна населба;

Иселеништво

Од македонското православно население има голем број на иселеници во Софија, Смедерево, Сер, Скопје (во населбата Ѓорче Петров), Дебар, Лом, Пловдив, Битола, Кавадарци.[5]

Од торбешкото население иселеници има во Турција (Бергама, Брус), Чаушли близу Дојран, Казандол близу Валандово, Мокриево и Чепели близу Струмица.[5]

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.176-177.
  3. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.261
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. 5,0 5,1 5,2 Русиќ, Бранислав (1957). Жупа Дебарска. Скопје: Филозофски факултет.
  6. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  7. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  8. Коцо, Димче (1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски