Прејди на содржината

Манџукуо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Држава Манџурија
(1932–1934)
滿洲國

ᠮᠠᠨᠵᡠ
ᡤᡠᡵᡠᠨ

Царство на (Голема) Манџурија
(1934–1945)
(大)滿洲帝國

ᡩᠠᠮᠠᠨᠵᡠ
ᡤᡠᡵᡠᠨ
1932–1945
Flag of Манџукуо
Flag
Амблем of Манџукуо
Амблем
Motto: "Пет раси во една унија"
Химна: Државна химна на Манџукуо
(верзија 1933–1942)

(верзија: 1942–1945)
National seal
滿洲帝國之寶
Манџукуо (темно црвена) во рамките на Јапонското Царство (розово)
Манџукуо (темно црвена) во рамките на Јапонското Царство (розово)
СтатусКлиентска држава / Марионетска држава / Тампон држава на Царството Јапонија
Главен градЧангчун
(до 9 август 1945)
Тунгва
(од 9 Август 1945)
Largest cityHarbin
Official languagesЈапонски
Манџурски
Recognised regional languagesМандарински кинески
Монголски (во Внатрешна Монголија)
Корејски (во Јанбјан и Чангбај)
Руски (во Харбин)
Кјова-го
Главен управител 
• 1932–1934
Пу Ји
Цар 
• 1934–1945
Пу Ји
Историски периодМеѓу двете светски војни · Втора светска војна
18 септември 1931
• Основана
1 март 1932
• Прогласено царство
1 март 1934
9 август 1945
• Расформирана
18 Август 1945
Претходници
Наследници
Република Кина
Корејско народно здружение во Манџурија
Североисточен врховен административен совет
Советска окупација на Манџурија
Местоположбата на Манџукуо (црвено) во сферата на влијание на Царска Јапонија, 1939 година

Манџукуо, официјално Државата Манџурија пред 1934 година и Империја на (Големата) Манџурија по 1934 година, била марионетска држава на Царството Јапонија во Манџурија од 1932 до 1945 година. Основана е како република во 1932 година по јапонската инвазија на Манџурија, а во 1934 година станала уставна монархија под де факто контрола на Јапонија. Била делумно призната од другите држави.

Во 1931 година, Јапонија го окупирала регионот по Мукденскиот инцидент. Една година подоцна била поставена пројапонска влада на чело со Пу Ји, последниот кинески цар, како регент, а подоцна и цар.[1] Владата на Манџукуо била распуштена во 1945 година по капитулацијата на царска Јапонија на крајот од Втората светска војна. Териториите кои ги поседувала Манџукуо прво биле освоени при советската инвазија на Манџурија (август 1945 година),[2] а следната година формално ѝ биле предадени на Кина.

Историја

[уреди | уреди извор]

Создавање

[уреди | уреди извор]

Како директен резултат на Руско-јапонската војна (1904–05), јапонското влијание во Внатрешна Манџурија јакнело. По таа војна, во која Јапонците положиле многу жртви, тие почнале да ја сметаат Манџурија за своја, прифаќајќи го мислењето дека земјата каде што била изгубена толку многу јапонска крв значи дека на некој начин сега им припаѓа ним.[3] Јапонските публикации по 1905 година честопати ја опишуваат Манџурија како „света“ земја каде што многу Јапонци ги загубиле животите. [3] Во војната со Русија, Јапонија била речиси банкнотирана и затоа со посредство на претседателот од САД Теодор Рузвелт го прифатиле компромисниот Договор од Портсмут, според кој Јапонија имала одредени придобивки, но не онолку колку што очекувала јапонската јавност.[3] Договорот од Портсмут предизвикал антиамерикански бунт во Токио во септември 1905 година, затоа што во Јапонија се сметало дека Јапонците ја добиле војната, но го изгубиле мирот. Перцепцијата во Јапонија била дека Договорот од Портсмут бил понижувачка дипломатска катастрофа затоа што цела Манџурија не била сместена во јапонската сфера на влијание, а Манџуриското прашање сè уште било „незавршена работа“ која еден ден требало да ја заврши Царската армија.[3] Во 1906 година, Јапонија ја изградила Јужноманџурската железница врз поранешната Кинеска источна железница изградена од Русија за да може да транспортира суровини од Манџурија во Кореја и од таму да ги испраќа во Јапонија.

Според условите на Договорот од Портсмут, Квантуншката армија имала право да ја окупира јужна Манџурија и регионот паднал во јапонската економска сфера на влијание.[3] Во Јапонија, Манџурија се сметала за јапонски пандан на „Дивиот Запад“, опасен пограничен регион полн со бандити, револуционери и воени лидери, но и место каде што било можно обичните Јапонци што живеат таму да се збогатат. [3] Дел од оваа слика на „Дивиот Исток“ било и сфаќањето на Манџурија како земја на неограничено богатство и ветувања. [3] Меѓу двете светска војни Манџурија станала политичко и воено бојно поле меѓу Русија, Јапонија и Кина. Јапонија ја зазела Надворешна Манџурија (т.е. Рускиот Далечен Исток) по хаосот по избувнувањето на Руската револуција од 1917 година. Но, во 1925 година по советските воени успеси и американскиот економски притисок Јапонците биле принудени да се повлечат од областа, а Надворешна Манџурија била вратена под советска контрола. 

За време на Ерата на воени лидери во Кина, воениот лидер маршалот Жанг Зуолин со јапонска поддршка се етаблирал во Внатрешна Манџурија.[4] Подоцна, јапонската Квантуншка армија сметала дека е премногу независен, па бил убиен во 1928 година. Со убиството на маршалот Жанг, генералите од Квантуншката армија очекувале во Манџурија да завладее анархија, и тоа би им било изговор за заземање на регионот.[3] Но заговорот бил осуетен од синот на Жанг, Жанг Ксуелианг (Младиот маршал) кој без инциденти го наследил татко му, а кабинетот во Токио одбил да испрати дополнителни трупи во Манџурија.[3] Имајќи предвид дека Квантуншката армија го убила татко му, „Младиот маршал“ - кој за разлика од неговиот татко бил кинески националист - имал причина да не ја сака привилегираната положба на Јапонија во Манџурија.[3] Маршалот Жанг знаел дека неговите сили се преслаби за да ја протераат Квантуншката армија, но неговите односи со Јапонците биле непријателски уште од самиот почеток.[3]

Протоколот Јапонија-Манџукуо, потпишан на 15 септември 1932 година
Престолот на царот на Манџукуо

По Мукденскиот инцидент, организиран од Јапонија на 18 септември 1931 година, избила манџуриската криза и Квантуншката армија без консултации со јапонската влада ја окупирала Манџурија. На 18 февруари 1932 година,[5] Североисточниот Врховен административен совет под јапонско влијание прогласил независност на државата. Со Протоколот Јапонија-Манџукуо на 15 септември 1932 година државата била призната од Јапонија.[6] Оваа окупација била осудена од САД, а Лигата на народите протестирала. Во 1933 година, кинеската провинција Жехе, која не е дел од Манџурија, била припоена кон новата држава.

Градот Чангчун, преименуван во Ксинџинг (кинески: 新京; пинјин: Xinjing; буквално. 'Нов главен град'), станал главен град на новиот ентитет.

За да ѝ се даде легитимност, како шеф на државата Манџурија бил поканет да дојде последниот кинески цар Пу Ји.[7] Две години подоцна тој бил прогласен за император на Манџукуо под име на ерата Кангде (, w Канг-те, „Спокојство и доблест“). Така, Манџукуо станал Манџутикуо („Манџуриско царство“). Женг Ксиаосу бил прв премиер на Манџукуо, а во 1935 година него го наследил Џанг Џингхуи. Пу Ји бил само обична фигура, а вистинскиот авторитет почивал во рацете на јапонските воени службеници. За царот специјално била изградена царска палата. Сите министри од Манџу служеле како фронтмени на нивните јапонски заменици-министри, кои ги носеле сите одлуки.[8]

Така, Јапонија формално ја одвоил државата Манџукао од Кина во текот на 1930-тите. Со јапонските инвестиции во областа и богатството на сопствени природни ресурси, областа индустриски многу напреднала. Манџукуо издавал свои банкноти и поштенски марки.[9][10] Биле основани и локални банки.

Освојувањето на Манџурија се покажало како многу популарно кај јапонскиот народ кој во ова гледал економски „спас“ за нивната економија која била силно погодена од Големата депресија.[3] Освојувањето на Манџурија исто така било претставено како решавање на „незавршената работа“ оставена по Руско-јапонската војна со што конечно бил поништен еден од клучните услови од Договорот од Портсмут.

Во 1935 година, Манџукуо ја купила Кинеската источна железница од Советскиот Сојуз.[11]

Меѓународно признавање

[уреди | уреди извор]
Меѓународно признавање на Манџукуо претставено со обоените територии

Кина не го признала Манџукуо, но двете страни воспоставиле официјални трговски, комуникациски и транспортни врски. Во 1933 година, Лигата на народите го усвоила Литонскиот извештај во кој се наведува дека Манџурија останува дел од Кина, по што Јапонија го повлекла членувањето во Лигата. Случајот Манџукуо ги натерала Соединетите Американски Држави да ја употребат таканаречената Стимсон доктрина, според која не се дозволува меѓународно признавање на промени во меѓународниот систем создаден со силата на оружјето.[12]

И покрај прротестот на Лигата, новата држава била призната од Ел Салвадор (3 март 1934), Доминиканската Република (1934), Костарика (23 септември 1934), Италија (29 ноември 1937), Шпанија (2 декември 1937 година), Германија (12 мај 1938) и Унгарија (9 јануари 1939 година). Советскиот Сојуз го продолжи де факто признавањето на 23 март 1935 година, но експлицитно истакнал дека тоа не значи де јуре признавање.[13][14] Меѓутоа, по потпишувањето на Советско-јапонскиот пакт за неутралност на 13 април 1941 година, Советскиот Сојуз де јуре го признал Манџукуо во замена за признавањето на интегритетот на соседната Монголска Народна Република од Јапонија.[15] Манџукуо отворил конзулати во Благовешченск (септември 1932) и во Чита (февруари 1933).

По избувнувањето на Втората светска војна, државата била призната од Словачка (1 јуни 1940), Вишиевска Франција (12 јули 1940), Романија (1 декември 1940), Бугарија (10 мај 1941), Финска (17 јули 1941 [16] ),[17] Данска (август 1941), Хрватска (2 август 1941) - сите контролирани или под влијание на јапонскиот сојузник Германија - како и од реорганизираната национална влада на Република Кина на Ванг Џингвеи (30 ноември 1940), Тајланд (5 август 1941) и Филипини (1943) - сите под контрола или влијание на Јапонија.

Втората светска војна и последици

[уреди | уреди извор]
Карта на јапонските напредувања од 1937 до 1942 година

Пред Втората светска војна, Јапонците го колонизирале Манџукуо и го користеле како база од каде ја нападнале Кина. Манџурискиот генерал Тонг Линге бил убиен во акција од страна на Јапонците во битката кај Пејпинг-Тјанџин, која го означила почетокот на Втората кинеско-јапонска војна. Летото 1939 година, граничниот спор помеѓу Манџукуо и Монголската Народна Република резултираше со битката кај Калхин Гол. За време на оваа битка, здружената советско-монголска сила ја поразила јапонската Квантуншка армија (Кантогун) поддржана од малубројните манчукуански сили.[18]

На 8 август 1945 година, Советскиот Сојуз ѝ објавил војна на Јапонија, во согласност со договорот од Конференцијата во Јалта, и го нападнала Манџукуо од Надворешна Манџурија и Надворешна Монголија. За време на советската офанзива, Царската армија на Манџукуо, која броела 200.000 војници, се претставила лошо и цели единици им се предале на Советите без ниту еден истрел; имало и случаи на вооружени немири и бунтови против јапонските сили.[19] Царот Кангде абдицирал на 17 август и се надевал дека ќе избега во Јапонија за да им се предаде на Американците, но Советите го фатиле и откако Кинеската комунистичка партија дошла на власт во 1949 година го екстрадирале на кинеската влада. Кинеските власти го ставиле во затвор како воен злосторник заедно со сите други заробени функционери во Манџукуо.[20]

Од 1945 до 1948 година, Манџурија (Внатрешна Манџурија) служела како база на Народноослободителната армија во Кинеската граѓанска војна против Националната револуционерна армија.[21] Кинеските комунисти ја користеле Манџурија како терен сѐ до последното повлекување на Националистите во Тајван во 1949 година. Голем дел од манџукуанската армија и јапонски Кантогун персонал бил на страната на комунистичките трупи за време на кинеската граѓанска војна против националистичките сили. Повеќето од 1,5 милионите Јапонци кои биле оставени во Манџукуо по крајот на Втората светска војна биле вратени во нивната татковина во периодот од 1946 до 1948 година со бродови на американската морнарица во операцијата денес позната како Јапонска репатријација од Хулудао.[22]

Економија

[уреди | уреди извор]

Банките и економијата биле под цврста контрола на Јапонците.[23]

Јапонија од 1932 до 1942 година инвестирала околу 5,2 милијарди јени во Манџукуо, невообичаено голема сума за колонијални инвестиции во споредба со европските или американските колонии. Инфраструктурата и градовите биле масовно проширени и модернизирани. Во Манџукуо се спроведувала политика на присилна индустријализација.[24]

Во Манџукуо, Јапонија за прв пат експериментирала со возови со голема брзина, бидејќи јапонската железничка мрежа не била погодна за ова. Аџија, управуван од Јужноманџурската железница, сообраќал од 1934 година со максимална брзина од 120 км/ч помеѓу Даирен и Ксинџинг/Шинкио и бил целосно климатизиран. Манџукуо поседувал и национална авиокомпанија, Манџуриската авиокомпанија.

Најголем дел од економијата се состоеше од земјоделство, кое било под контрола на државата. Гравот и сојата сочинувале повеќе од половина од вкупниот извоз - 65 проценти во 1936 година.[25] Во 1936 година, 85 проценти од извозот бил од земјоделски производи.[23]

Друга важна индустриска гранка бил ископот на суровини, особено јаглен, а неговиот удел во извозот во 1936 година изнесувал 11 проценти.[23]

Тешката и рударската индустрија биле под контрола на Јужноманџуриската железничка компанија . Исто така, најголем дел од инвестициите и трансферите на пари биле организирани и управувани од оваа компанија. Ова предизвикало борба за моќ со армијата на Гуангдонг, која во 1937 година заедно со Нисан конечно воспоставила монопол врз тешката индустрија. Помеѓу 1932 и 1936 година, биле основани монополски фирми кои монополизирале одредени сектори, меѓу кои и Манџуриската банка и Манџурискиот национален авиосообраќај.[26]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Encyclopædia Britannica article on Manchukuo Архивирано на {{{2}}}.
  2. C. Peter Chen. „Manchurian Strategic Offensive Operation | World War II Database“. World War II Database. Архивирано од изворникот на 4 September 2015. Посетено на 10 September 2015.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 Young 1998.
  4. Fenby, Jonathan (2003). Generalissimo: Chiang Kai-shek and the China he lost. London: Free. стр. 103. ISBN 9780743231442.
  5. Between World Wars Архивирано на 31 октомври 2006 г.
  6. Continent, coast, ocean: dynamics of regionalism in Eastern Asia by Universiti Kebangsaan Malaysia. Institut Alam dan Tamadun Melayu, Institute of Southeast Asian Studies p.20 [{{{1}}} Архивирано] на 13 јуни 2014 г.
  7. Reginald Fleming Johnston, p. 438.
  8. Yamamuro, Shin·ichi (2006). Manchuria under Japanese domination. Преведено од Fogel, Joshua A. Philadelphia, Pa.: University of Pennsylvania Press. стр. 116–117. ISBN 9780812239126.
  9. „MANCHUKUO“. www.banknote.ws. Архивирано од изворникот на 29 November 2016. Посетено на 11 December 2016.
  10. „Stamp Atlas China“. www.sandafayre.com. Архивирано од изворникот на 22 February 2013. Посетено на 11 December 2016.
  11. „Chinese Eastern Railway railway, China“. Encyclopædia Britannica. Архивирано од изворникот на 21 December 2016. Посетено на 11 December 2016.
  12. „Stimson Doctrine, 1932“. United States Department of State. Посетено на 10 December 2016.
  13. Nish, Ian Hill (2002), Japanese foreign policy in the interwar period, Westport, CT: Praeger, стр. 95, ISBN 0-275-94791-2
  14. Turns, David. "Stimson Doctrine of Non-Recognition: Its Historical Genesis and Influence on Contemporary International Law, The." Chinese J. Int'l L. 2 (2003): 123.
  15. Kotkin, Stephen (2000), Mongolia in the Twentieth Century: Landlocked Cosmopolitan, Routledge, стр. 123, ISBN 0765605368
  16. Suomen diplomaattiset suhteet ulkovaltoihin 1918–1996. Ulkoasiainministeriön julkaisuja (фински). Helsinki: Ministry for Foreign Affairs of Finland. 1997. стр. 139. ISBN 951-724-118-6.
  17. Suomen diplomaattiset suhteet ulkovaltoihin 1918–1996. Ulkoasiainministeriön julkaisuja (фински). Helsinki: Ministry for Foreign Affairs of Finland. 1997. стр. 139. ISBN 951-724-118-6.
  18. Coox, Alvin D. (1990). Nomonhan : Japan against Russia, 1939 (1. изд.). Stanford, Calif.: Stanford University Press. стр. 841. ISBN 978-0804718356.
  19. Jowett 2004.
  20. Behr 1987.
  21. Borisov, O. (1977). The Soviet Union and the Manchurian Revolutionary Base (1945–1949). Moscow, Progress Publishers.
  22. Paul K. Maruyama, Escape from Manchuria (iUniverse, 2009) ISBN 978-1-4502-0581-8 (hard cover), 9781450205795 (paperback), based on the earlier books in Japanese by K. Maruyama (1970) and M. Musashi (2000) and other sources
  23. 23,0 23,1 23,2 Christopher B. Howe: The Origins of Japanese Trade Supremacy. C. Hurst & Co., 1999, ISBN 1-85065-538-3, S. 398 ff.
  24. Louise Young: Japan’s Total Empire. Manchuria and the Culture of Wartime Imperialism (= Twentieth Century Japan: The Emergence of a World Power. Band 8). University of California Press, Berkeley 1999, ISBN 0-520-21934-1, S. 183. ff. (Предлошка:Google Buch).
  25. Elizabeth Boody Schumpeter (Hrsg.): The Industrialization of Japan and Manchukuo, 1930–1940. Routledge, o. O. 2000, ISBN 0-415-21823-3, S. 303 ff.
  26. Takafusa Nakamura, Konosuke Odaka (Hrsg.): Economic History of Japan 1914–1955. Oxford University Press, Oxford 2003, ISBN 0-19-828907-3, S. 49 ff.

Дополнително читање

[уреди | уреди извор]
  • Toshihiko Kishi, Mitsuhiro MATSUSHIGE and MATSUMURA Fuminori MATSUMURA, eds, 20 Seiki Manshu Rekishi Jiten [Encyclopedia of 20th Century Manchuria History], Tokyo: Yoshikawa Kobunkan, 2012, ISBN 978-4642014694
  • Toshihiko Kishi. "Manchuria's Visual Media Empire (Manshukoku no Visual Media): Posters, Pictorial Post Cards, Postal Stamps", Tokyo: Yoshikawa Kobunkan, 10 June 2010. ISBN 978-4-642-08036-1
  • Reginald Fleming Johnston. "Twilight in the Forbidden City". Soul Care Publishing, 18 March 2008. ISBN 978-0-9680459-5-4.
  • Fleming, Peter, Travel's in Tartary: One's Company and News from Tartary: 1941 (Part one: Manchukuo)
  • Smith, Lloyd (January 1940). Everybody's Complete Encyclopedia. Whitman Publishing Company. Racine, Wisconsin. p. 462
  • Clauss, Errol MacGregor. "The Roosevelt Administration and Manchukuo, 1933–1941", Historian (1970), 32#4 pp 595–611.
  • Duara, Prasenjit. Sovereignty and Authenticity: Manchukuo and the East Asian Modern (2004)
  • Elliott, Mark C (2003). „The Limits of Tartary: Manchuria in Imperial and National Geographies“. Journal of Asian Studies. 59 (3): 603–646. doi:10.2307/2658945. JSTOR 2658945. S2CID 162684575.
  • Power, Brian. Puppet Emperor: The Life of Pu Yi, Last Emperor of China (1988)
  • Yamamuro, Shin'ichi. Manchuria under Japanese Dominion (U. of Pennsylvania Press, 2006)
    • Review in The Journal of Japanese Studies 34.1 (2007) 109–114 online
  • Mitter, Rana. The Manchurian Myth: Nationalism, Resistance, and Collaboration in Modern China (2000)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]