Вардар
Од Википедија
| Вардар | |
|---|---|
| Вардар во Велес | |
| Извор | Вруток под Шар Планина |
| Устие | Егејско Море, Егејска Македонија |
| Држави во басенот | |
| Должина | 388 km |
| Надморска висина на изворот | 500 m |
| Просечно истекување | 174m³/s |
| Површина на сливното подрачје | 20.535 km² |
Вардар е најголемата река во Република Македонија и воопшто во Македонија. Долга е 388 km и нејзиниот речен слив опфаќа површина од приближно 25.000 km².
[уреди] Течение на реката Вардар
Вардар има навистина композитна речна долина поради редењето на клисури и котлини една по друга вдолж нејзиното течение. Реката извира во Вруток, неколку километри југозападно од Гостивар во северозападниот дел на Република Македонија. Продолжува да тече низ градот Гостивар и котлината Полог каде има неколку притоки: Лакавица, Маздрача, Пена, Бистрица, Ракита. Потоа преку Дервенската клисура навлегува во Скопската котлина каде прима вода од Лепенец, Треска, Пчиња и минува низ Скопје. Преку Таорската Клисура навлегува во малата Велешка котлина и минува низ Велес. Овде се вливаат Кадина Река, Тополка и Бабуна. Потоа преку Велешката клисура навлегува во Тиквешката котлина каде се вливаат двете нејзини најголеми притоки Црна Река од десна и Брегалница од лева страна. Навлегува во познатата Демиркаписка клисура, а преку нејзе во Гевгелиско-Валандовската котлина каде што ја преминува грчката граница, минува низ Циганската клисура, и течејќи низ Солунското поле се влева во Егејското море во западно од Солун во Егејска Македонија.
[уреди] Некои податоци за Вардар
- Должина: 301 km во Република Македонија (вкупно 388 km)
- Површина на речен слив: 20 535 km²
- Среден пад: 2,1%
- Среден проток: 174 m³/sec
80% од течението на Вардар се наоѓа Република Македонија, заради што територијата на денешна Македонија го носела името „Вардарска бановина“ во времето на Кралство Југославија.
[уреди] Верзии за името
- Позната е приказната дека реката го добила ова име во чест на римскиот префект на Скупи, кој се викал Варда Склир и кој го регулирал течението на реката и со тоа го спасил градот од поплави.
- Името Вардар е слично со имињата на други реки што течат во Централна Азиja - Сир Дарjа, Аму Дарjа и Чебдар. Зборот дарjа е персиски и значи „река“, море или океан.
- Хидронимот Вардар веројатно потекнува од гермаснкиот збор „Vordol“, кој е даден на реката кога Готите биле на овие просотри (5 век од н.е.).
- Вардар води потекло од истоимениот тракиски збор што значи „црна вода“.

