Вардар

Од Википедија, слободна енциклопедија

(Пренасочено од Вардар (река))
Скокни на: навигација, барај
Вардар
Αξιός
Вардар во Велес
Вардар во Велес
Извор Вруток под Шар Планина
Устие Егејско Море, Егејска Македонија
Држави на басенот Македонија Македонија и Грција Грција
Должина 388 km
Изворишна eлевација 500 m
Прос. истекување 174m³/s
Вододелница 20.535 km²
Камениот мост преку Вардар, во Скопје
Камениот мост преку Вардар, во Скопје

Вардар е најголемата река во Република Македонија и воопшто во Македонија. Долга е 388 km и нејзиниот речен слив опфаќа површина од приближно 25.000 km².

[уреди] Течение на реката Вардар

Вардар, кај селото Ногаевци, велешко
Вардар, кај селото Ногаевци, велешко

Вардар има навистина композитна речна долина поради редењето на клисури и котлини една по друга вдолж нејзиното течение. Реката извира во Вруток, неколку километри југозападно од Гостивар во северозападниот дел на Република Македонија. Продолжува да тече низ градот Гостивар и котлината Полог каде има неколку притоки: Лакавица, Маздрача, Пена, Бистрица, Ракита. Потоа преку Дервенската клисура навлегува во Скопската котлина каде прима вода од Лепенец, Треска, Пчиња и минува низ Скопје. Преку Таорската Клисура навлегува во малата Велешка котлина и минува низ Велес. Овде се вливаат Кадина Река, Тополка и Бабуна. Потоа преку Велешката клисура навлегува во Тиквешката котлина каде се вливаат двете нејзини најголеми притоки Црна Река од лева и Брегалница од десна страна. Навлегува во познатата Демиркаписка клисура, а преку нејзе во Гевгелиско-Валандовската котлина каде што ја преминува грчката граница, минува низ Циганската клисура, и течејќи низ Солунското поле се влева во Егејското море во западно од Солун во северна Грција.

[уреди] Некои податоци за Вардар

  • Должина: 301 km во Република Македонија (вкупно 388 km)
  • Површина на речен слив: 20 535 km²
  • Среден пад: 2,1%
  • Среден проток: 174 m³/sec

80% од течението на Вардар се наоѓа Република Македонија, заради што територијата на денешна Македонија го носела името „Вардарска бановина“ во времето на Кралство Југославија.

[уреди] Верзии за името

  1. Позната е приказната дека реката го добила ова име во чест на римскиот префект на Скупи, кој се викал Варда Склир и кој го регулирал течението на реката и со тоа го спасил градот од поплави.
  2. Името Вардар е слично со имињата на други реки што течат во Централна Азиja - Сир Дарjа, Аму Дарjа и Чебдар. Зборот дарjа е персиски и значи „река“, море или океан.
  3. Хидронимот Вардар веројатно потекнува од гермаснкиот збор „Vordol“, кој е даден на реката кога Готите биле на овие просотри (5 век од н.е.).
  4. Вардар води потекло од истоимениот тракиски збор што значи „црна вода“.
Лични алатки