Галички дијалект: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: литературни дела → книжевни дела
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Makedonski dijalekti-prilagodeno.png |thumb|400px|right|Галичкиот дијалект на картата на македонските дијалекти]]
[[Податотека:Makedonski dijalekti-prilagodeno.png |thumb|400px|right|Галичкиот дијалект на картата на македонските дијалекти]]
'''Галички дијалект''', '''мијачки дијалект''' или '''малорекански дијалект''' — [[дијалект]] од подгрупата на западни и северозападни дијалекти на [[Западномакедонско наречје|западното наречје]] на [[Македонски јазик|македонскиот јазик]]. Галичкиот дијалект е дел од дебарската група говори, но освен со [[Рекански дијалект|реканскиот]], близок е и со [[Гостиварски дијалект|гостиварскиот дијалект]]. Дијалкетот е карактеристичен по тоа што има користење на доста архаични зборови. Овој дијалект може да се најде и во историски литературни дела на македонскиот јазик, како на пример „[[:s:mk:Ѓорѓија Пулевски/ Тријазичник|Тријазичникот]]“ на [[Ѓорѓија Пулевски]].
'''Галички дијалект''', '''мијачки дијалект''' или '''малорекански дијалект''' — [[дијалект]] од подгрупата на западни и северозападни дијалекти на [[Западномакедонско наречје|западното наречје]] на [[Македонски јазик|македонскиот јазик]]. Галичкиот дијалект е дел од дебарската група говори, но освен со [[Рекански дијалект|реканскиот]], близок е и со [[Гостиварски дијалект|гостиварскиот дијалект]]. Дијалкетот е карактеристичен по тоа што има користење на доста архаични зборови. Овој дијалект може да се најде и во историски книжевни дела на македонскиот јазик, како на пример „[[:s:mk:Ѓорѓија Пулевски/ Тријазичник|Тријазичникот]]“ на [[Ѓорѓија Пулевски]].


== Територија ==
== Територија ==
Ред 15: Ред 15:
* Консонантските групи *''tj *dj'' ги наоѓаме во гласовите ''ќ'' и ''ѓ'': ''меќава, вруќина,'' а во помал број случаи застапени се и разновидностите ''шч'' или ''ш'': ''лешча, плешчи, машче'', односно ''ж'': ''прежа'' (''преѓа''). И во другите случаи, за разлика од целото дебарско говорно подрачје консонантската група ''шт'' се јавува како ''шч'', а ''жд'' се скратила во ''ж'': ''гушчер, глужот'', ''дожот.''
* Консонантските групи *''tj *dj'' ги наоѓаме во гласовите ''ќ'' и ''ѓ'': ''меќава, вруќина,'' а во помал број случаи застапени се и разновидностите ''шч'' или ''ш'': ''лешча, плешчи, машче'', односно ''ж'': ''прежа'' (''преѓа''). И во другите случаи, за разлика од целото дебарско говорно подрачје консонантската група ''шт'' се јавува како ''шч'', а ''жд'' се скратила во ''ж'': ''гушчер, глужот'', ''дожот.''
* Консонантот ''њ'' во овој говор добро се чува и се јавува во оние примери во кои се јавува и во стандардниот јазик: ''коњ, коњче, бања, јадење, пилиња, планиње''.
* Консонантот ''њ'' во овој говор добро се чува и се јавува во оние примери во кои се јавува и во стандардниот јазик: ''коњ, коњче, бања, јадење, пилиња, планиње''.
* Во Дебарско Поле, Долна Река, Дримкол и Голо Брдо, консонантската група ''*čr-'' се јавува со резултат ''чǎр-'': ''чǎрпит, чǎрвец, чǎрвојадина,'' во Малесија како ''цǎр-'': ''цǎрн, цǎрвен'', а во Мала Река во сите осум села се јавува како ''цр-'': ''црв, црпет''.<ref>Дијалектите на македонскиот јазик, Божидар Видоески, 1998, том 1, Скопје</ref>
* Во Дебарско Поле, Долна Река, Дримкол и Голо Брдо, консонантската група ''*čr-'' се јавува со резултат ''чǎр-'': ''чǎрпит, чǎрвец, чǎрвојадина,'' во Малесија како ''цǎр-'': ''цǎрн, цǎрвен'', а во Мала Река во сите осум села се јавува како ''цр-'': ''црв, црпет''.<ref name="ReferenceA">Дијалектите на македонскиот јазик, Божидар Видоески, 1998, том 1, Скопје</ref>


== Морфолошки карактеристики ==
== Морфолошки карактеристики ==
Ред 26: Ред 26:
* За разлика од сите околни говори, во малореканскиот карактеристични се и имперфективните образувања на ''-ува'' кои се јавуваат само во овој говор: ''кажуват, купуват, влегуват'' итн.
* За разлика од сите околни говори, во малореканскиот карактеристични се и имперфективните образувања на ''-ува'' кои се јавуваат само во овој говор: ''кажуват, купуват, влегуват'' итн.
* Посебна индивидуалност на говорот покрај долината на Мала Река претставува тоа што основниот вокал во презентот, освен во трето лице еднина, се јавува и во трето лице множина: ''носиш / тој носит'' / ''ние носиме / вие носите / тие носит''; ''береш / тој берет / ние береме / вие берете / тие берет''.
* Посебна индивидуалност на говорот покрај долината на Мала Река претставува тоа што основниот вокал во презентот, освен во трето лице еднина, се јавува и во трето лице множина: ''носиш / тој носит'' / ''ние носиме / вие носите / тие носит''; ''береш / тој берет / ние береме / вие берете / тие берет''.
* Глаголскиот прилог во малореканските села се употребува со наставката ''-еќи'': ''викаеќи, враќаеќи'', ''одееќи'' итн.<ref>Дијалектите на македонскиот јазик, Божидар Видоески, 1998, том 1, Скопје</ref>
* Глаголскиот прилог во малореканските села се употребува со наставката ''-еќи'': ''викаеќи, враќаеќи'', ''одееќи'' итн.<ref name="ReferenceA"/>


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 09:39, 12 февруари 2021

Галичкиот дијалект на картата на македонските дијалекти

Галички дијалект, мијачки дијалект или малорекански дијалектдијалект од подгрупата на западни и северозападни дијалекти на западното наречје на македонскиот јазик. Галичкиот дијалект е дел од дебарската група говори, но освен со реканскиот, близок е и со гостиварскиот дијалект. Дијалкетот е карактеристичен по тоа што има користење на доста архаични зборови. Овој дијалект може да се најде и во историски книжевни дела на македонскиот јазик, како на пример „Тријазичникот“ на Ѓорѓија Пулевски.

Територија

Дијалектот се зборува на територијата околу селото Галичник и во областа Мала Река, каде спаѓаат и селата: Гари, Лазарополе, Сушица, Тресонче, Осој, Селце и Росоки. Потоа малореканскиот говор се зборува и во двете села Ореше и Папрадиште, во областа Азот, Велешко, во селото Смилево, Железник и во Ехлоец во областа Копачка, Кичевско.

Фонолошки карактеристики

  • Во малореканскиот говор, за разлика од другите дебарски говори, има петочлен вокален систем: и                         у е                         о               а
  • Тој е единствен дебарски говор каде со слоготворна функција се јавуваат вокалните л и р: врв, крв, прсти, срп, дрво; влк, влци, јаблко, млзет, слза.
  • Во коренските морфеми носовката ѫ се рефлектира во о: глобок, зоп, рока, јодица, доп, гобав, собота, гроди, како и во примерите со јѧ > јѫ: Бодник, могла, моска, лога, ложица.
  • Истата вредност се добива и во групите *trъ: ветор, итор, бистор, *tlъ: рекол, пекол, tnъ: огон и tmъ: седом, осом.
  • Во консонантскиот систем, како најспецифична диференцијална црта во однос на другите дебарски говори е тоа што овој говор не ги познава фонемите ѕ и џ. Лексемите кои во другите говори и во стандардниот јазик се јавуваат со овие согласки, овде како нивна замена се употребуваат з и ж: звезда, звер; жеп, жамија, ожа, жигер, жам итн.
  • Малореканскиот (галички) говор, заедно со велешкиот, се единствените говори во западното наречје, во кои редовно се чува в во интервокална позиција: човек, бивол, товар, ѓавол, ковач, Благовец итн.
  • Консонантските групи *tj *dj ги наоѓаме во гласовите ќ и ѓ: меќава, вруќина, а во помал број случаи застапени се и разновидностите шч или ш: лешча, плешчи, машче, односно ж: прежа (преѓа). И во другите случаи, за разлика од целото дебарско говорно подрачје консонантската група шт се јавува како шч, а жд се скратила во ж: гушчер, глужот, дожот.
  • Консонантот њ во овој говор добро се чува и се јавува во оние примери во кои се јавува и во стандардниот јазик: коњ, коњче, бања, јадење, пилиња, планиње.
  • Во Дебарско Поле, Долна Река, Дримкол и Голо Брдо, консонантската група *čr- се јавува со резултат чǎр-: чǎрпит, чǎрвец, чǎрвојадина, во Малесија како цǎр-: цǎрн, цǎрвен, а во Мала Река во сите осум села се јавува како цр-: црв, црпет.[1]

Морфолошки карактеристики

  • завршетокот на глаголите од а-групата често се изговараат како глаголи од е-група: играaт > играет
  • употреба на трите членови: човеков, човекон, човекот.
  • употреба на наставката за трето лице еднина сегашно време: Тој одит, таа јадет...
  • употреба на предлогот в/во.
  • Наставка -ови за образување множина на едносложните именки од машки род ови/еви: град-градови, стол-столови, час-часови, цар-цареви, вол-волови итн.
  • За разлика од сите околни говори, во малореканскиот карактеристични се и имперфективните образувања на -ува кои се јавуваат само во овој говор: кажуват, купуват, влегуват итн.
  • Посебна индивидуалност на говорот покрај долината на Мала Река претставува тоа што основниот вокал во презентот, освен во трето лице еднина, се јавува и во трето лице множина: носиш / тој носит / ние носиме / вие носите / тие носит; береш / тој берет / ние береме / вие берете / тие берет.
  • Глаголскиот прилог во малореканските села се употребува со наставката -еќи: викаеќи, враќаеќи, одееќи итн.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Дијалектите на македонскиот јазик, Божидар Видоески, 1998, том 1, Скопје