Крон: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information |
|||
Ред 28: | Ред 28: | ||
{{Нормативна контрола}} |
{{Нормативна контрола}} |
||
[[Категорија:Грчки божества]] |
[[Категорија:Грчки божества]] |
||
[[Категорија: |
[[Категорија:Старогрчка митологија]] |
||
[[Категорија:Титани]] |
[[Категорија:Титани]] |
||
[[Категорија:Потомство на Геја]] |
[[Категорија:Потомство на Геја]] |
Преработка од 20:17, 13 октомври 2015
Крон / Хрон | |
---|---|
Живеалиште | Земја |
Симбол | срп |
Сопружник | Реја |
Родители | Уран и Геја |
Римски пандан | Сатурн |
Крон или Хрон (старогрчки: Κρόνος) — бог од првото поколение во грчката митологија и единствен син на Геја кој ѝ помогнал да се освети на нејзиниот татко Уран, како и еден од титаните.
Во почетокот тој бил бог на земјоделството, а подоцна се идентифицира како бог на времето ((старогрчки: Χρόνος- време), симболизирајќи го времето кое води кон смртта. Реја дала дозвола на сите титани, со исклучок на Океан, да го нападнат Уран.
Со соединувањето на Реја и Крон, се родиле идните олимписки богови: Деметра, Хестија, Хера, Хад, Посејдон и Зевс, богови кои подоцна ја поделиле власта помеѓу себе си и завладеале со светот. Родителите на Крон му прорекле дека еден од неговите синови ќе му го зазеде престолот. Затоа, по секое раѓање на Реја, тој своите деца ги голтал. По раѓањето на Зевс, Реја своето дете го доверила на Океанида, која го однела во тајност во една пештера на Крит[1], додека пак, на својот сопруг му подметнала камен завиен во пелена. На тој начин Зевс бил спасен.
Кога Крон разбрал за измамата на Реја, тој започнал да го бара на Зевс по целата земја[2], но безуспешно. Кога Зевс пораснал, започнал војна со својот татко, позната во грчката митологија како Титаномахија. По десет години, Крон бил симнат од власт од страна на Зевс и неговите сојузници и однесен и заточен на Тартар.
Негов истоветник во римската митологија е Сатурн.
Наводи
- ↑ Аполодор, Митолошка библиотека, I, 1, 4
- ↑ Хигин, Митови 139
|
|